Брендирана гардероба носам од малечка. Имав и се уште имам луѓе во странство кои ми носеле. Порано мајка ми се грижеше за тоа што ќе ми се донесе, а потоа и јас самата си нарачував.
Потоа следеше еден период кога ми беше важно да имам што повеќе парчиња облека и престанав да ги чекам пратките, туку купував од овде. За ултра кратко време таа облека завршуваше во канта бидејки веќе не беше за употреба.
Сфатив дека подобро е да имам едно поквалитетно (а со тоа и поскапо) отколку сто и едно неквалитетни и ефтини.
И си се вратив на брендовите.
Не ми е цел гардеробер брендиран, да се разбереме, ама повеќето парчиња се.
За жал, слабо стоиме кај нас со брендови, па моите шопинзи се надвор од државава или некој ми ги носи од странство.
Од тука најчесто купувам патики и тренерки (Најк, Адидас, Пума) и толку. Всушност, тоа е тоа што го има овде, а може да се нарече брендирано.
Никогаш не нагласувам од каде ми е облеката, но се имам соочено со ситуации кога сум била наречена ископлексирана и недорасната затоа што сум носела брендирана облека. Тоа е најбедното нешто што сум го слушнала во животов.
Не носам фустани на Dior и чевли на Louboutin. Носам најнормални парчиња на Bershka, Zara, Geox, Guess и сл. бидејки таму наоѓам соодветна облека за моја возраст и за мој вкус и начин на облекување.
Не ми значи ништо знакчето и етикетата, ми значи парчето кое го носам да е убаво и убаво да ми стои и да е квалитетно
Не ми значи ни цената која сум ја платила бидејки да ми значела немаше да ја кинам етикетата туку ќе шетав со неа.
Моите можат да ми овозможат да носам облека каква што сакам, а јас сум личност која е спремна да плати и повисока цена во замена за убаво и квалитетно парче облека.
Стојам на тоа дека се што е поскапо е и поквалитетно и дека „све што је лепо, кошта!“