Дали купувате брендирана облека?

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
694
93
29
Скопје
Дали носите облека од светски познатите брендови како Nike, Adidas, Puma, Reebok од спортските брендови, или пак Armani, Versace, Dolce & Gabbana итн? Колку се согласувате со мислењето на народот дека се поквалитетни и поубави? Дали купувате брендови поради изгледот, квалитетот или пак знакчето? :p

Исто така имаме некој чуден феномен кај народов, несака да признае дека сака брендови. Она: "Мене не ми се важни брендовите", а целиот/целата е во адидас, како подвижна реклама.

Јас јавно кажувам дека ми се важни брендовите и најмногу ги купувам поради изгледот и квалитетот. Знакчето, па и не ми е важно. Сметам дека тоа не е ништо за фалење, ниту показател на сопствените економски можности, затоа што и не е така. Облеката си ја носам за себе, а не за другите.
Досега сум водела многу дискусии со луѓе кои не носат брендови и се обидуваат да ме убедат дека ги носам поради фалење. Чекај бе, од кога ти знаеш повеќе за мене од мене? Ова му доаѓа како: Добро утро комшии, што има ново во мојот живот денес? :D
 
  • Like
Реакции: КрисТина К.

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Јас купувам само брендирана облека. Скоро цела облека што ја имам ми е брендирана и купена од странство. (не купувам од кај нас чкарт облека)
 
  • Like
Реакции: Scars31

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Па не баш, мислам сакам да носам тоа во што јас се чувствувам одлично удобно, не мора да е некоја позната марка, за да биде џабе фрлање пари. Секој нека си носи како што му прилега и сака. Тие марки можат да ги носат оние кои имаат подлабок џеб но не и просечниот народ во земјава
 
Сигурна си? Само погледни околу себе во облеката на луѓето :)
 
Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
298
230
1,043
Не носам брендирана облека. Реално, колку се луѓето во Македонија што можат да си дозволат фустан од 12000 или ташна од 16000 - ептен малку. А колку луѓе земаат плата до 12000 денара - премногу. Од друга страна и фустанот од Армани ке го носиш година време после му мине мода, и фустанот купен од обичен бутик ке го носиш исто толку време.
 
важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
694
93
29
Скопје
Не носам брендирана облека. Реално, колку се луѓето во Македонија што можат да си дозволат фустан од 12000 или ташна од 16000 - ептен малку. А колку луѓе земаат плата до 12000 денара - премногу. Од друга страна и фустанот од Армани ке го носиш година време после му мине мода, и фустанот купен од обичен бутик ке го носиш исто толку време.
Хаха, на фустани да фрлам 12.000? No way :D ама на спортска облека, еееееее...сите пари таму ги оставив :D
 
Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,054
1,576
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Само брендирана облека носам. Не знам, не можам да се замислам да носам некое парче а да не е бренд. Дури и влечките ми се бренд, а не ко некои на плажа ми се шетаат во лајнарки Чик - Куманово.

:pinokio