Све поштенчини на форумов насушен
Мене ми е смешно, кога некоја те убедува дека никад не би легнала со некој ако не го сака, и контото на примени пениси кажува дека тоа е жена со многу љубов во неа.
Како и да е, секој си ги знае своите принципи, начин на функционирање, само јас би рекла дека пусто турско уште не демнее. Моралот како начин на патролирање низ маало со крената глава зема голем замав...а уствари е јадно самоубедување дека не сме лесна роба.
Ако јас имам секс со Јанко, зашто сум го сакала тоа, не гледам што ме прави лесна у случајов.
Да скратам.
И за да се навлажниш потребно ти е нешто што ќе те мотивира, нешто што ќе те привлече.
Не сме животни ( ко што прочитав погоре) зашто сакаме да ги изреализираме нормалните природни појави.
Не ми фали секс подолго време, меѓутоа да не сум во врска, и да се појави јунак со кој ќе разменам флуид, ќе разменам и телесни течности ако почувствувам потреба за такво нешто.
Сексот е уствари начин на репродукција, не е створен за да докажуваме колку сме поштени.
Ако не се размножуваш, барем искористи го најдобро што знаеш
Но што и да правиш, прави зашто сакаш тоа да го правиш, а не за да привлекуваш нечие внимание и да докажуваш некому нешто.