Ти машко блага веза немаш што пишеш.
Ова со затворањето ми е нелогично, ама мојот став е да се накачат цени, да земаат плата помалку 30 % и тоа новодојденците
Оваа мисла може да излезе само од уста на некој што подалеку од носот си нема видено, чиј идол е воџата на Кју Клан и што пати од комплекси на малограѓанство.
И де просветли ме те молам што точно во мојата реплика е глупост?
Фактите?
Или помислата дека некој твојот глупав и бесмислен пост го формулирал со вистински зборови?
Како и да е...
Вистината е дека треба сите градови да си ја добијат шансата за просперитет.
Јас не живеам тука за да се луксузирам, туку зашто тука сум ја нашла својата прилика за егзистенција. И мојот престој тука го плаќам...со платата што ја земам плаќам доста солидна кирија која е просечна македонска плата, плаќам кафе во кафич поскапо за 250 % од реалната цена, плаќам такси, пазарам во продавници кај што работат нечии мајки, тетки, оставам бакшиш на келнери кој ми се комшии во Аеродром....и така натаму.
Јас не живеам тука на ничиј грб, не кмишам на тераса по цел ден и чекам да пишам статус на ФБ дека денеска времето во СКОПЈЕ е сончево...
Си ја заработувам поштено мојата плата, живеам како и секој друг тука, и не може некој си дотичен да расправа прикаски дека тие што не биле од Ск требало да земаат пониски плати...По чему бре??
20 % од Скопјаните живеат од кириите шо ги земаат од тие што ви бодат очи.
Нашите плати ги трошиме во СКОПЈЕ!
Мислам кои небулози ги лупетате, тоа е страшна работа...
ЕДИТ: Јас бирам со кој ќе се дружам, и фала богу не сум правела до сега поделби на моите пријатели по местото на живеење.
Познавам прекрасни луѓе од Центар, од Аеродром,од Црешево, од Прилеп, од Јурумлери....
А сите тие што се искомплексирани до јаја дека се Скупјани и све остало е провинција, нека почнат да си мењаат веш почесто од еднаш на две недели, за старт па после нека продолжат муабетите за граѓани и сељаци..