Мислев дека на човековата глупост и нема крај, ама еве, врвот штотуку го достигна смешниот ник, поштовани публикуме.
Како прва и многу битна информација е фактот дека Скопје по промет со недвижности за изнајмување е втор град во Европа.
Алооооо!!!
Втори во Европа со клепање пари од рентање шупи, со мебел од свекрва и, со гоблени и јамболии оставени во аманет од баба Параскева...а киријаа рамна на целомесечен престој во Александар Палас.
Ма немој
Алчен и проклет народ сме, оние приказнине за патриотизам и гостопримство се ветар и магла. Ама нема да навлегувам во таа тема сега...
За продажба да не правам муабет...
Стан во кој реална инвестиција на инвеститорот е околу 400 евра/м2 (плус минус) го продава за 1.450 е/м2.
Па во Менхетен не се толку скапи становите.
Епа курнази едни, поради тие цени трпите и вие Скопјаните нАли, не само новодојденците како што ги нарекува дечкото со мањак на основни информации, мистер фор фан.
Да скратам...тоа што некој дошол да си работи чесно, да си вади основна егзистенција не е толку негов личен проблем колку што е проблем на државата, на општеството.
Мене колку ми е смешно, кога високоепитетните Скопјани по цели денови ги топорат комплексите за нечие внимание у прв план со тоа што единствена преокупација им е да бидат видени во шема кафиЌите, да бидат налакирани, со штикли,, да видат како пијат пијачка со локалните мангупи и тако даље и они пеер не работат бе за 200 Евра...пфффф
Е кога ќе дојде некој што навистина има потреба од таа плата, која да не се лажеме е просечна во Македонија, одма им го јаде лебот, одма иде да се омажи во Скопје...епа убила вас ваша контрадикторност.
Смешно е бе, на моменти и трагично е...
А тебе мистер Фор Фан муабетов ти е баш фор фан.
Ајт сеа