Дали Скопје треба да се затвори?

Дали Скопје треба да се затвори?


  • Вкупно гласале
    50

Скопски Солидарец

Староседелец
18 јули 2012
58
47
1,018
Скопје
skopskisolidarec.blogspot.com
Скопски Солидарец
јас ги сакам Скопјаништата што би рекол ти,мислам некои од нив а рестот што останува во најлош случај сум рамнодушна спрема нив од повеке причини,истото важи за сите луге низ светот,ако ме разбираш што сакам да кажам.


Барем овие три да се прочитаат па да видиме што сме разбрале и да продолжиме со муабет.
А сакам да те прашам,ако не разбериме онака како што си разбрал ти,тоа ке значи дека ништо не сме разбрале?​
Ти како пласирач на темава сам ја правиш поделбата,ете во ред,изнесуваш факти демек за темава а ги знаеш и гледаш демек проблемите на двете страни.​
демек ти сите што си го напишале ставот си им го разбрал а тебе никој неможе да те разбере.​
На темава е неминовно да се спомнат и политичари,и тоа ми е јасно.​
Споредувате паркинзи и упропастено зеленило како причина предизвикана како резултат на лугето од страна дојдени да живеат таму.Наместо да плукате по мојот избор зошто сум го избрала економскиот факултет во Скопје а не во Прилеп,дај плукнете еднашка по оние што ги поседуваат вилите низ црниче,пржино и се нагоре на почистиот воздух,и тие не се Скопјани а богами не се ни од Казндол. :)
Не е тешко да разбереш ако треба прочитај двапати. Иначе не, не се од Скопје тие што имаат вили на Водно, Црниче итд. Лазар Колишевски на пр. и многу други како него Скопјанци биле ?
 

Скопски Солидарец

Староседелец
18 јули 2012
58
47
1,018
Скопје
skopskisolidarec.blogspot.com

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Во друга прилика би напишал и пригоден вовед на текстов, но во овој случајтвојата статија е вовед сам по себе. Да речеме дека се согласувам со НЕКОИ твои поенти.. но исто така ти го прифаќам и предизвикот, да смениш стан во Скопје за нешто во град од внатрешноста т.е провинција (нема поголем комплимент за мене од тој збор).
Но само да знаеш мој скопски пријателе, тука за да го наполниш фрижидерот освен да тркнеш до супермаркет, почесто ќе треба да „скокнеш“ и на нива.
Повели во Прилеп ќе работиме тутун заедно, ќе те научам да стануваш во 3 по полноќ за садење, копање, берба, потоа нема одмор, ами право на нижење, потоа пак нема одмор, туку попладне повторно на берење, и пак на нижење. Ќе ти згорчи и тој залак -два што ОД НОГА ќе го вкусиш.

Или пак пробај се и оди во источна Македонија, па испечи го грбот на нивите со пиперки и домати, па биди паметен и снајд се за откуп на родот.
Можеби сакаш во Ресен? Смени го својот стан за еден овоштарник, и повели да видиш каде се вади лебот.
Крушево, тоа би било доволно пасторално идилично за твоите фантазии, па за да се прехраниш единствено ќе можеш да работиш како дрвосечач, или да береш печурки, и тоа само кога е сезона. Во меѓувреме ќе бидеш среќен ако продадеш некој сувенир на скопјаните викендаши.

Има да ти се одмили и животот, и Македонија, и брачната постела, која така романтично и идилично ја замислуваш во колиба покрај река. За да изградиш живот во ПРОВИНЦИЈА братко мој не требаат само мадиња, туку КОХОНЕС (што викаат мексиканците) треба да имаш.
Зошто, наместо да плукаш по „јатото“ што бара повеќе ресурси за своите интелектуални капацитети, или животни замисли, не излезш во Скопје на улица, на плоштад… и не речеш ДОСТЕ Е ГРАДЕЊЕ ВО СКОПЈЕ, дајте малку акција и во провинцијата, да ни се тргнат од вратот овие ненаситни доселеници од зад планините.
Доста се театри, опери, манифестации, институции, и што уште не САМО во Скопје. Пуштете една рака и надолу, кон останатиот дел од Македонија.
Така веќе би бил објективен, реален и сериозен во исказите. Вака само си искомплексиран, дека некој е поамбициозен од тебе, дека некој има храброст да го напушти својот дом во потрага на иднина, која верува дека ја заслужува и дека може да ја оствари.

Би го напуштил ли ти твојот, макар и 40 квадрати комфорт, и да заминеш некаде ни знат ни познат, да се бориш, да се пробиваш низ масата исти и подобри од тебе, да се докажуваш, да „склучуваш сојузи“ како што велиш, да се бориш со животните прилики како со мечка?
Колку подалеку од тастатурата досига твојата револтирана скопска суета? Има ли твојата храброст три пара чевли да излезе на мегдан, и да покаже како тоа го прават вистински загрижените скопјани? Ако ги има, облечи ги, стави наочари за сонце (да не случајно те ослепе провинциското сонце) излези, и од далеку види го својот дом!
Читам и како го ругаш и своето Скопје. Ах ти немилосрден скопски вистинољубецу!!
Да не везам цитати од твоите епитети за Скопје – твојот дом. Не ли ти е срам! Не ли ти текнува дека само црвја, коњоштипи и слепи живинки живеат во смрад, загаденост и депонии?
Ако толку не ти пасува, па што туку лаеш пред компјутер, пакувај куферите и путуј сречо!! Правец топлите провинциски краеви! Таму каде воздухот е чист, небото провидно, и во секое доба од денот и годината можеш да го видиш едниот крај на градот/селото, стоејќи на некоја височинка од другиот крај, неоптеретувајќи ја твојта благородна скопска плуќа со поганиот и проклет смог, но единствено што не можеш да го видиш, пребројувајќи ги сметките, е почетокот на наредниот месец.

Кога ги вреѓаш провинцијалките, помисли прво кој од твоите пријатели, роднини, познати, има, девојка, жена, мајка која доаѓа од друг град. Сети се, колку пати те почестила со своето гостопримство кога си им бил на гости, а потоа јави им се и извини им се за сета гнас која ја изваде во јавност, ставајќи го во уста нивното потекло.
Затоа што ако е Скопје толку полно со провинцијалки како плевел, како што преувеличуваш, не е можно никој во твоето блиско опкружување да нема „напалкано“ на таква ..одбери си еден епитет од твоите…

Познавам скопјани. Ама баш скопјани, дури и во годините кога студирав во Скопје ми биле дом далеку од мојот дом. И ден денес ми се глас на радост секојпат кога ќе се чуеме по било која причина, а се слушаме и гледаме често. Ова што го читам од тебе е неграмотен речник за секој еден од нив, а познавајќи како ги воспитуваат своите деца, и ним ќе им е срам што скопјанец напишал вакво нешто.
Доколку се решиш еден ден, дека си силен и настрана од твојата тастатура, повели да те запознаам одблиску со мојата провинција. Да те запознаам со генијалци кои не се скопјани, ама сепак се генијалци, со насмеани занаетчии и чаршиски луѓе, кои со почит зборуваат за своите познати скопјани, за разлика од твоите зборови за нив – провинцијалците. Иако баш бирократите скопјани им ја заклучуваат целата економија во една рака град, централизирајќи ги и основните нивни потреби, како на пример здравствените.
Но прво направи список што се е инвестирано и изградено во Скопје, за кога ќе те прошетам низ мојот град, да можеш да пресметаш дека со тие пари, може да се крене од темел уште еден таков град веднаш до него.
Е тогаш ти и таквите како тебе ќе се рајат од провинцијалци, а и провинцијалците ќе бидат поштедени од устите што само лаат на скопјани од твојот вид.
Потоа ти реши дали ќе се вратиш во своето бетонско Скопје или ќе си бираш друг град за да ја дочекаш својата (дај Боже) длабока старост.

http://zimski.wordpress.com/2013/12/11/обраќање-до-нервозниот-скопјанец/
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да видиме до каде ќе оди работава со ова пренаселување на Скопје кое се ближи накај бројката од 1 милион а следниот град по население дали има едвај 70 – 80 илјади.
Што е многу многу е. А додека Скопје се населува ќе има потреба и од градење што згради што трговски центри. Ќе се гради кај треба и кај не треба, а нема место више. Урбанизацијата на Скопје требаше одамна да заврши. Еве и ова сега што му се случува на Водно е последица на тоа пренаселување. Да удриме проста математика нема прилив на народ нема згради. Значи Скопје мора под хитно да се затвори. Тоа требаше да се направи пред 20 години ама што е тука е, никад не е касно. А Скопје да биде метропола… па тоа можеше и со 300 иљади не требаше да се начукаме 1 милион па да бидеме метропола. И сега што. Станавме град држава. Не можеме ние да си го мериме притисокот со милионски градови од типот на Москва или Њу Јорк туку требаше за пример да ја земеме Словенија. Љубљана нема ни 300 иљади па пак е метропола. Иначе народов таков е, гледа дека нешто се гради и мисли дека така треба. Треба убаво да му се објасни дека Скопје неможе да има милион жители и ова што се гради дека не е тоа што мисли дека е. Ја го гледам Скопје веќе 30 години како се гради и право да ви кажам ми преку…сакам да кажам ми прекипе. Ја разбирам дека некој заработува тешки пари од оваа градежна какафонија ама нека ме разберат и они мене малку. Дали Кисела Вода и Дебар маало се населби со кои треба Скопје да се гордее, не би рекол. Тој што го тврди тоа треба уште еднаш да се преслуша. Полека и Аеродром и Карпош одат на тој пат без враќање. Скопје нема душа више и не оној ист град кој го знаеме од порано и у кој сме растеле. Затоа само мало спомнување на терминот старо Скопје се јавува некоја носталгија кај сите нас и после неколку воздишки како да се помируваме со судбината. Ајде живо малку не е се изгубено. Ни треба само едно, Градоначалник што ќе има Муда Марјанова и ништо повише. Има ли градот Скопје таков јунак али овој пат наместо малихера да земе кључ у рука.
Код:
http://www.facebook.com/SkopskiSolidarec?ref=hl


Скопје не е метропола. Љубљана не е никаква метропола.
За метрополствување лол треба нешто повеќе од гола бројка на жители. Во Индија имаш којзнае колку милионски градови кои што се вукојебини.
Треба да има некакво значење кое ги надминува границите на државата во која се наоѓа. И Тирана е административен центар и најголем град во една држава но не е метропола туку е срање. Скопје не ги надминува границите на Македонија. Регионално, само со тежок напор може да се забележи. На ниво на континент е сосема безначајно, глобално - исто како да не постои. Глобалното значење на Скопје е еднакво со она на Кичево. Which means it has none.

Прашањето за Скопје е ограничено на Македонија. Да си ограничен на Македонија и не е некоја причина за гордеење. Нешто како куче кое се врти во обид да си ја касне опашката на која има болва. И си мисли дека и светот се врти заедно со него...
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Пренаселено е да, но луѓето немаат работа а мораат да преживеат, еве на пример земете ги Велешани, во Велес невработени милион луѓе , само шивалните и таксистите работат и државна администрација,.,,,во недостаток од работа луѓето се одлучуваат да одат во главниот град за да можат семејството да си го прехранат, се е таму сконцентрирано, па дури и спомениците и проектите и сите случки и настани. Тука се работи за еден поголем проблем од политичко-социјална природа. Истото и со источна Македонија....шо да прават младите таму..секој си го бара чарето и тоа е тоа. Ни нагоре ни надоле, незнам многу дискусии се отвараат со оваа теме и истата и да сакаш и да нејќеш е право пропорционална со политиката,....и решението за овој проблем го има , не дека не, ама не му одговара тоа некому .
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Во друга прилика би напишал и пригоден вовед на текстов, но во овој случајтвојата статија е вовед сам по себе. Да речеме дека се согласувам со НЕКОИ твои поенти.. но исто така ти го прифаќам и предизвикот, да смениш стан во Скопје за нешто во град од внатрешноста т.е провинција (нема поголем комплимент за мене од тој збор).
Но само да знаеш мој скопски пријателе, тука за да го наполниш фрижидерот освен да тркнеш до супермаркет, почесто ќе треба да „скокнеш“ и на нива.
Повели во Прилеп ќе работиме тутун заедно, ќе те научам да стануваш во 3 по полноќ за садење, копање, берба, потоа нема одмор, ами право на нижење, потоа пак нема одмор, туку попладне повторно на берење, и пак на нижење. Ќе ти згорчи и тој залак -два што ОД НОГА ќе го вкусиш.
Или пак пробај се и оди во источна Македонија, па испечи го грбот на нивите со пиперки и домати, па биди паметен и снајд се за откуп на родот.
Можеби сакаш во Ресен? Смени го својот стан за еден овоштарник, и повели да видиш каде се вади лебот.
Крушево, тоа би било доволно пасторално идилично за твоите фантазии, па за да се прехраниш единствено ќе можеш да работиш како дрвосечач, или да береш печурки, и тоа само кога е сезона. Во меѓувреме ќе бидеш среќен ако продадеш некој сувенир на скопјаните викендаши.
Има да ти се одмили и животот, и Македонија, и брачната постела, која така романтично и идилично ја замислуваш во колиба покрај река. За да изградиш живот во ПРОВИНЦИЈА братко мој не требаат само мадиња, туку КОХОНЕС (што викаат мексиканците) треба да имаш.
Зошто, наместо да плукаш по „јатото“ што бара повеќе ресурси за своите интелектуални капацитети, или животни замисли, не излезш во Скопје на улица, на плоштад… и не речеш ДОСТЕ Е ГРАДЕЊЕ ВО СКОПЈЕ, дајте малку акција и во провинцијата, да ни се тргнат од вратот овие ненаситни доселеници од зад планините.
Доста се театри, опери, манифестации, институции, и што уште не САМО во Скопје. Пуштете една рака и надолу, кон останатиот дел од Македонија.
Така веќе би бил објективен, реален и сериозен во исказите. Вака само си искомплексиран, дека некој е поамбициозен од тебе, дека некој има храброст да го напушти својот дом во потрага на иднина, која верува дека ја заслужува и дека може да ја оствари.
Би го напуштил ли ти твојот, макар и 40 квадрати комфорт, и да заминеш некаде ни знат ни познат, да се бориш, да се пробиваш низ масата исти и подобри од тебе, да се докажуваш, да „склучуваш сојузи“ како што велиш, да се бориш со животните прилики како со мечка?
Колку подалеку од тастатурата досига твојата револтирана скопска суета? Има ли твојата храброст три пара чевли да излезе на мегдан, и да покаже како тоа го прават вистински загрижените скопјани? Ако ги има, облечи ги, стави наочари за сонце (да не случајно те ослепе провинциското сонце) излези, и од далеку види го својот дом!
Читам и како го ругаш и своето Скопје. Ах ти немилосрден скопски вистинољубецу!!
Да не везам цитати од твоите епитети за Скопје – твојот дом. Не ли ти е срам! Не ли ти текнува дека само црвја, коњоштипи и слепи живинки живеат во смрад, загаденост и депонии?
Ако толку не ти пасува, па што туку лаеш пред компјутер, пакувај куферите и путуј сречо!! Правец топлите провинциски краеви! Таму каде воздухот е чист, небото провидно, и во секое доба од денот и годината можеш да го видиш едниот крај на градот/селото, стоејќи на некоја височинка од другиот крај, неоптеретувајќи ја твојта благородна скопска плуќа со поганиот и проклет смог, но единствено што не можеш да го видиш, пребројувајќи ги сметките, е почетокот на наредниот месец.
Кога ги вреѓаш провинцијалките, помисли прво кој од твоите пријатели, роднини, познати, има, девојка, жена, мајка која доаѓа од друг град. Сети се, колку пати те почестила со своето гостопримство кога си им бил на гости, а потоа јави им се и извини им се за сета гнас која ја изваде во јавност, ставајќи го во уста нивното потекло.
Затоа што ако е Скопје толку полно со провинцијалки како плевел, како што преувеличуваш, не е можно никој во твоето блиско опкружување да нема „напалкано“ на таква ..одбери си еден епитет од твоите…
Познавам скопјани. Ама баш скопјани, дури и во годините кога студирав во Скопје ми биле дом далеку од мојот дом. И ден денес ми се глас на радост секојпат кога ќе се чуеме по било која причина, а се слушаме и гледаме често. Ова што го читам од тебе е неграмотен речник за секој еден од нив, а познавајќи како ги воспитуваат своите деца, и ним ќе им е срам што скопјанец напишал вакво нешто.
Доколку се решиш еден ден, дека си силен и настрана од твојата тастатура, повели да те запознаам одблиску со мојата провинција. Да те запознаам со генијалци кои не се скопјани, ама сепак се генијалци, со насмеани занаетчии и чаршиски луѓе, кои со почит зборуваат за своите познати скопјани, за разлика од твоите зборови за нив – провинцијалците. Иако баш бирократите скопјани им ја заклучуваат целата економија во една рака град, централизирајќи ги и основните нивни потреби, како на пример здравствените.
Но прво направи список што се е инвестирано и изградено во Скопје, за кога ќе те прошетам низ мојот град, да можеш да пресметаш дека со тие пари, може да се крене од темел уште еден таков град веднаш до него.
Е тогаш ти и таквите како тебе ќе се рајат од провинцијалци, а и провинцијалците ќе бидат поштедени од устите што само лаат на скопјани од твојот вид.
Потоа ти реши дали ќе се вратиш во своето бетонско Скопје или ќе си бираш друг град за да ја дочекаш својата (дај Боже) длабока старост.
http://zimski.wordpress.com/2013/12/11/обраќање-до-нервозниот-скопјанец/

Твоето мислење околу колумнава/обраќањево?
 

TheTrooper

Нов член
8 декември 2013
8
3
3
Chernobyl
Jас гласав и за 2 те понудени опции :D
За следен пат нека ja научи што е checkbox a што е radiobutton тоj што ja направил анкетата...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Твоето мислење околу колумнава/обраќањево?

Не ја закачив колумната за да ја коментиорам.
Ако имав таква цел ке ја отворев како посебна тема за да ја коментираме,значи е закачена оти потполно се согласувам со секој збор на авторот.
Скоро.
Ако?:)