Дали Скопје треба да се затвори?

Дали Скопје треба да се затвори?

  • Вкупно гласале
    50

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Немав време да прочитам се`, ама отприлика пролистав и едно нешто само ми мина низ глава:
Не треба Скопје да се затвори, туку да се отворат затворените умови.

Кој како сака нека сфати. Не одговарам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto and melpomena

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Немав време да прочитам се`, ама отприлика пролистав и едно нешто само ми мина низ глава:
Не треба Скопје да се затвори, туку да се отворат затворените умови.

Кој како сака нека сфати. Не одговарам.
Побрзо хадријанов ѕид ќе се изѕида околу Скопје за ’’провинцијашките емигранти’’ отколку да се отворат умовите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Ти што не живееш во Скопје ќе ми кажуваш што чини или не чини? :eek:
Не може ти што си дошол од надвор да вреѓаш и плукаш по Скопје ако живееш и студираш тука. Јас сум израснала и го рачунам како мое. Го почитувам како и секој останат град кога одам да се одморам и рекреирам.
Велиш Скопје е пренаселено. Точно. Од кого? Сигурно Скопјани немаат по 10 деца у фамилија. За кого се градат згради позади секој кош? Заради побарувачка на луѓето од помали места. И после е пренаселено, не чини има бетонски блокови... Исти луѓе го населуваат, преоптеретуваат и го плукаат. Нема крај.

Студентите од помали места бараа да се отворат студии во нивни градови и добија. Имате во секое помало место дисперзивни студии. Зошто таму не се запишувате? Ти од Прилеп со твоја платежна моќ, повеќе ќе ти одговара да студираш медицина во Скопје или во Штип, може Битола? На твоите поскапо да не им е да пратат син во друг помал град или во главен?

Ама не. Мора да биде по дифолт Скопје. Јас не знам што им фали на студените од Кочани што студираат во Штип? Или на студенти во Битола што студираат во Прилеп на економски факултет, наместо во Скопје?
И генерално не е причината во егзистенција или студии. Се работи за сивилото кое го нудат помалите градови кога е во прашање живеачка. Не зборам за пари. Зборам за менталитет, за уживањето да се пика нечиј нос во кеси со патлиџани. Да се оговара соседниот комшија што прави по цел ден и какви му се децата. Студентите сакаат да избегаат од таквиот однос што им го нудат нивните сограѓани. Секој нивен чекор се следи и се осудува. Зошто? - Нема метеж низ град, луѓето се слободни после работа да се посветат на креативни нешта и не го прават тоа.
извинете, тогаш нема да зборуваме за Скопје тие што не сме Скопјани. Скопје на Скопјаните. Заради Косовските бегалци кои од запад како пакман ви го јадат Скопјето. Немаат скопјани по 10 деца ама затоа Скопје е административен, политички, културен образовен ценатар на Македонија. Затоа што се е во Скопје. Буквално се што се гради се гради во Скопје. Демек Скопје нема пикање носови. Кога спомна студии, треба да знаеш дека Битола како универзитетски град нема медицински факултет, туку има висока школа. Високата школа е сместена во Битолската болница. Скопје никогаш не би ми бил прв на листата на студии, грешката ми е што се запишав Битола а не во Констанца.јебига младост-лудост. Не го вреѓам Скопје, туку ги вреѓам луѓето кои се од Скопје и ги омаловажуваат луѓето кои не се од Скопје. Затоа што тие луѓе мислат дека го фатиле горнион за ****** ако биле Скопјани. Префрлете ги должностите на Скопје на другите градови и ќе видите како интересот за Скопје ќе биде намален.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Saladin

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина

Точно Скопје на Скопјани, Битола на Битолчани, Струмица на Струмичани. Сите го сакаат својот роден град затоа што израснале со него и е нивен ДОМ. Што не е јасно? Пикање на носеви има во Скопје, односно во скопски села, приградски населби или населби на периферија од градот. Во Центар и околните места нема. Знаеш зошто? Зошто станари во една зграда се менуваат секоја година. Еден си запознал, се отселил, друг исто, трет слично. Најчесто во овие згради се издаваат станови па секоја година имаш нови соседи, односно цимери од други градови. И немаш бре време. У трка си со време. Да фатиш автобус зашто си у Карпош, а треба да се вратиш дома во Аеродром. Гледаш да не ти кидне, чекаш кога касни дали времето е топло или ладно не е битно. Немаш време да се замараш со туѓ живот.

Како можеш да ги вреѓаш луѓето од Скопје, кога денес Скопје е всушност град за живеење на граѓани од сите краишта на Македонија?
Ти значи цел народ го вреѓаш. Таквите "накурчени" Скопјани се земјоделци со продадени ниви, чии синови се "шанкуриња" и ќерки "шмизли". Tука таму има по некој исклучок кој е увреџан што таков газда му газдува нему, aма тоа е негов проблем.
Обратно на ова сегде има накурчен народ према новодојденци. Па првпат ли јаделе ќутек Скопјани во Шабан - Струмица?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Saladin

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Како можеш да ги вреѓаш луѓето од Скопје, кога денес Скопје е всушност град за живеење на граѓани од сите краишта на Македонија?
Ти значи цел народ го вреѓаш. Таквите "накурчени" Скопјани се земјоделци со продадени ниви, чии синови се "шанкуриња" и ќерки "шмизли". Tука таму има по некој исклучок кој е увреџан и навреден што таков газда му газдува нему. Ама тоа е негов проблем.
Обратно на ова сегде има накурчен народ према новодојденци. Па првпат ли јаделе ќутек Скопјани во Шабан - Струмица?
Ги врејџам скопјаништата шо мислат дека се богови спрема другите грајџани на Македонија и новите Скопјани
 
Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,635
113
Македонија
Ти што не живееш во Скопје ќе ми кажуваш што чини или не чини? :eek:
Не може ти што си дошол од надвор да вреѓаш и плукаш по Скопје ако живееш и студираш тука. Јас сум израснала и го рачунам како мое. Го почитувам како и секој останат град кога одам да се одморам и рекреирам.
Велиш Скопје е пренаселено. Точно. Од кого? Сигурно Скопјани немаат по 10 деца у фамилија. За кого се градат згради позади секој кош? Заради побарувачка на луѓето од помали места. И после е пренаселено, не чини има бетонски блокови... Исти луѓе го населуваат, преоптеретуваат и го плукаат. Нема крај.

Студентите од помали места бараа да се отворат студии во нивни градови и добија. Имате во секое помало место дисперзирани студии. Зошто таму не се запишувате? Ти од Прилеп со твоја платежна моќ, повеќе ќе ти одговара да студираш медицина во Скопје или во Штип, може Битола? На твоите поскапо да не им е да пратат син во друг помал град или во главен?

Ама не. Мора да биде по дифолт Скопје. Јас не знам што им фали на студените од Кочани што студираат во Штип? Или на студенти во Битола што студираат во Прилеп на економски факултет, наместо во Скопје?
И генерално не е причината во егзистенција или студии. Се работи за сивилото кое го нудат помалите градови кога е во прашање живеачка. Не зборам за пари. Зборам за менталитет, за уживањето да се пика нечиј нос во кеси со патлиџани. Да се оговара соседниот комшија што прави по цел ден и какви му се децата. Студентите сакаат да избегаат од таквиот однос што им го нудат нивните сограѓани. Секој нивен чекор се следи и се осудува. Зошто? - Нема метеж низ град, луѓето се слободни после работа да се посветат на креативни нешта и не го прават тоа.
Јас никаде не го навредив Скопје..сакам да кажам дека луѓето шо заминуваат да живеат во Ск не идат таму ради шо сакаат туку од што имаат мака..а иначе неможе никој тука да забрани или да препорача кој кај сака да живее..имам пари ќе си купам стан у Ск и ич око нема да ми трепне па тоа дали му смета на некој баш ми е гајле..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and melpomena

Скопски Солидарец

Староседелец
18 јули 2012
58
47
1,018
Скопје
skopskisolidarec.blogspot.com
Скопје не било од секогаш центар на Македонија да се разбереме. Имало и други градови кои биле како да кажам
трговски центри на балканот, град на конзули и друго. А како Скопје станал дестинација број 1 тоа е друга тема.
Ние Скопјаништата какви сме такви сме никој не ве тера да не сакате али сакајте се барем вие самите. Некој рече да
ги префрлиме должностите на главен град на друго место. Кој да ги префрли ја ли, Митре, Петко, Станко кој. Добро бе
луѓе имате ли вие избори у вашите градови што не го предложите тоа. Ете добар предлог ја сум за. Може ли некој да ми
објасни зашто Охрид се празни. Туристичко место некој ќе рече. Охриѓани доаѓаат у Скопје ги има бајаги тука. То ти е
исто кога од Дубровник би бегале у Загреб, ни на крај памет не им паѓа не се луди. Дубровник преку цела година е
туристички центар. Али ете кај нас не е така. Можда малку треба понашањето да се смени. Хм, ај да видиме што е тоа
што се гради у Скопје па да се морало да се доаѓа тука. Згради кај што немаш ни кола да паркираш, трговски центри у
кој осим што ќе прошеташ друго ништо не можеш, катни гаражи кој никој не паркира у нив, населби врз контаминирано
земјиште, загаден воздух, споменици кои ти прават историска каша попара у главата, тоа ли. Ја мислам дека баш тоа е
разлог да не се доаѓа али ајде. Ајде малку да разговараме со аргументи. Самите Скопјани треба да одлучиме што да се
прави и пак да се повторам каков градоначалник ќе избереме, локалниве градоначалници не ги ставам у тој круг не се
вредни видовме што направија од општините. Осим што издадоа маркици за секое слободно место у градов друго нешто
асално не видов дека направиле. И Скопскиве градоначалници досега не се покажаа али поише зависи од нив и од
Скопските советници него од другиве. Скопје да не се прогласеше за отворен град у времето сега немаше да го има овој
проблем. Тачно се населија и Косовари и од Санџак али таа политика не ја водеше Скопјанец ме разбирате што сакам да
кажам. Барем да се затвореше на време вака...
Ќе пуштам два три текста па да праиме муабет.Иначе ние да викаме не доаѓајте а вие е за инат ќе доаѓаме не бидува.
И да поставам едно прашање, што мака гледаат оние што имаат пари и ќе купеле стан у Скопје.
Скопје мора да се затвори сите аргументи одат на таа страна инаку ќе почнеме на улици да паѓаме поради слаб доток на
кислород.

1. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=88F3DDBF5A510D4881F957A705EE0D8D

2. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=41FD3B16E77601418EC67E8C77562EBA

3. http://novamakedonija.com.mk/NewsDe...ilog=0&setIzdanie=22064#.UA80FR2YMsg.facebook

Барем овие три да се прочитаат па да видиме што сме разбрале и да продолжиме со муабет.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Скопски Солидарец
јас ги сакам Скопјаништата што би рекол ти,мислам некои од нив а рестот што останува во најлош случај сум рамнодушна спрема нив од повеке причини,истото важи за сите луге низ светот,ако ме разбираш што сакам да кажам.

Барем овие три да се прочитаат па да видиме што сме разбрале и да продолжиме со муабет.
А сакам да те прашам,ако не разбериме онака како што си разбрал ти,тоа ке значи дека ништо не сме разбрале?​
Ти како пласирач на темава сам ја правиш поделбата,ете во ред,изнесуваш факти демек за темава а ги знаеш и гледаш демек проблемите на двете страни.​
демек ти сите што си го напишале ставот си им го разбрал а тебе никој неможе да те разбере.​
На темава е неминовно да се спомнат и политичари,и тоа ми е јасно.​
Споредувате паркинзи и упропастено зеленило како причина предизвикана како резултат на лугето од страна дојдени да живеат таму.Наместо да плукате по мојот избор зошто сум го избрала економскиот факултет во Скопје а не во Прилеп,дај плукнете еднашка по оние што ги поседуваат вилите низ црниче,пржино и се нагоре на почистиот воздух,и тие не се Скопјани а богами не се ни од Казндол. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Словенечкиот модел е најдобар за Скопје, сега веќе истиот не може да се инплементира. Љубљана има 200-300 илјади жители веќе 50тина години, Скопје од 100 илјади на 700. А е проектиран за 300 илјади. Нема да може да издржи многу време плус е на трусно подрачје. Остатокот од Македонија е недоволно развиен спрема Скопје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and parvati

Скопски Солидарец

Староседелец
18 јули 2012
58
47
1,018
Скопје
skopskisolidarec.blogspot.com
Словенечкиот модел е најдобар за Скопје, сега веќе истиот не може да се инплементира. Љубљана има 200-300 илјади жители веќе 50тина години, Скопје од 100 илјади на 700. А е проектиран за 300 илјади. Нема да може да издржи многу време плус е на трусно подрачје. Остатокот од Македонија е недоволно развиен спрема Скопје.
Не е работата дека другите градови неможат да се развијат. Можат и тоа многу лесно али рековме на урбаната мафија тоа не и одговара. Прашање е дали било која партија би го презела тој чекор. Пошто мафијашите и таму фрлаат по некоја паричка.
Али во еден од текстовите убаво е кажано што ќе се деси со градов и ја не би сакал да живеам на такво место али морам. За Словенечкиот модел никад не е касно пошто не може да биде бетер него сега што е. А дека Скопје е трусно подрачје тоа е тачно. Има текст и за тоа. http://www.vest.com.mk/?ItemID=602B8953DFA6EE45AB4ABE080CAF2CC9&arc=1