Скопје не било од секогаш центар на Македонија да се разбереме. Имало и други градови кои биле како да кажам
трговски центри на балканот, град на конзули и друго. А како Скопје станал дестинација број 1 тоа е друга тема.
Ние Скопјаништата какви сме такви сме никој не ве тера да не сакате али сакајте се барем вие самите. Некој рече да
ги префрлиме должностите на главен град на друго место. Кој да ги префрли ја ли, Митре, Петко, Станко кој. Добро бе
луѓе имате ли вие избори у вашите градови што не го предложите тоа. Ете добар предлог ја сум за. Може ли некој да ми
објасни зашто Охрид се празни. Туристичко место некој ќе рече. Охриѓани доаѓаат у Скопје ги има бајаги тука. То ти е
исто кога од Дубровник би бегале у Загреб, ни на крај памет не им паѓа не се луди. Дубровник преку цела година е
туристички центар. Али ете кај нас не е така. Можда малку треба понашањето да се смени. Хм, ај да видиме што е тоа
што се гради у Скопје па да се морало да се доаѓа тука. Згради кај што немаш ни кола да паркираш, трговски центри у
кој осим што ќе прошеташ друго ништо не можеш, катни гаражи кој никој не паркира у нив, населби врз контаминирано
земјиште, загаден воздух, споменици кои ти прават историска каша попара у главата, тоа ли. Ја мислам дека баш тоа е
разлог да не се доаѓа али ајде. Ајде малку да разговараме со аргументи. Самите Скопјани треба да одлучиме што да се
прави и пак да се повторам каков градоначалник ќе избереме, локалниве градоначалници не ги ставам у тој круг не се
вредни видовме што направија од општините. Осим што издадоа маркици за секое слободно место у градов друго нешто
асално не видов дека направиле. И Скопскиве градоначалници досега не се покажаа али поише зависи од нив и од
Скопските советници него од другиве. Скопје да не се прогласеше за отворен град у времето сега немаше да го има овој
проблем. Тачно се населија и Косовари и од Санџак али таа политика не ја водеше Скопјанец ме разбирате што сакам да
кажам. Барем да се затвореше на време вака...
Ќе пуштам два три текста па да праиме муабет.Иначе ние да викаме не доаѓајте а вие е за инат ќе доаѓаме не бидува.
И да поставам едно прашање, што мака гледаат оние што имаат пари и ќе купеле стан у Скопје.
Скопје мора да се затвори сите аргументи одат на таа страна инаку ќе почнеме на улици да паѓаме поради слаб доток на
кислород.
1.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=88F3DDBF5A510D4881F957A705EE0D8D
2.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=41FD3B16E77601418EC67E8C77562EBA
3.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDe...ilog=0&setIzdanie=22064#.UA80FR2YMsg.facebook
Барем овие три да се прочитаат па да видиме што сме разбрале и да продолжиме со муабет.