Воспитна мерка - шамар?

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
моите еднаш ме имаат ставено под казна во основно поради слаби оцени и толку..
немаат кренато рака на мене, ме воспитувале со разговарање, имале големо стрпљење спрема мене..
шамар никако... при удар може да дојде до сериозни проблеми ипак тоа е глава...
доколку по задникот,пааа ок може ама со усул т.е 1 слаб удар да му се даде до знаење на детето дека направило беља и дека не треба тоа да го прави повеќе... доколку продолжи да ја прави истата работа е тука следува казна (пр. забрана на нешто што му е најмило... мене кога ме казнија ми го земаа атарито -.- ).
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Реми глеј, јас тебе потполно те разбирам се' што сакаш да ми објасниш.Јас се трудам да ја доловам онаа вистинската причина зошто воопшто да го удриш? Па бар дете е лесно да го излажеш и да му го свртиш паметот.
Чист пример: Во мојата зграда имам соседчиња мали, на број се 6 кои се на возраст од 3 до 5 години е најголемото.Кога имам слободно време ги шетам и најчесто ги носам во слаткарница или во тинекс да им купам благце или смоки некои или пак лижавче.
Иако не сум им родител ако било кое од нив се закачне со другите, јас ќе му кажам:
Ааа вака не.Штом се закачаш со другите тогаш за тебе нема еклеер.Ашшш.
-Ќе почне да ми прави невини фаци скоро накај плачење.
Го прашувам:
Ќе правиш пак така? Ќе ја скубеш ли другарка ти? Не? Е добро сите ќе јадеме еклери.
Функционира.Ако не веруваш дојди да ги шетаме и ќе се увериш.Го залажувам со еклер, со лижавче, смоки.Ситници на кои што децата највеќе се радуваат и им даваат најголемо значење.

И јас се смирувам со цицка искрено да ти кажам :D

Што убаво, условен рефлекс.:rolleyes:

Еве еден екстремен пример каде јас залепив шамар. Пред две години долу кај мене имаше постара жена која хранеше мачки и постојано се врткаа и размножуваа. Умре жената, мачки останаа.
Едно попладне враќајќи се од факултет начекав група деца, во која едно се издвојуваше мачејќи мало маче. Детево буквално го вртеше на опаш додека малово мјаукаше за помош.
Се доближив и го прашав зошто прави така. Детето ми одговори, цитирам: -Ти мори ќе ми кажеш, ако сакам и ќе го убијам!
Инстиктивно му залепив шамар. Почна да плаче, слушна мајка му и се симна по скали. Почна да се расправа со мене, да бара телефон да врти кај мажот и да ме пцуе. Ја запрашав дали знае таа што прави син и додека таа пие кафе со пријателки на тераса и внимава да не отиде подалеку од зграда? Свесна ли е каква тортура прави син и врз животни? Ако е, зошто дозволува? Жената се смири, се извини и се повлече. Детето за уши во влез и повеќе не сум начекала да малтретира мачиња. Кога ќе поминам и добар ден добивам.

Сакам да ти кажам дека внимавајќи да не се случи лоша работа, како истрчување на улица, подалеку одење од зграда и седење на тераса, се случува нешто друго.
Родител не е исто што и робот. Тоа е човек со свои маани и најчесто е или копија на свој родител или спротивност. Во екстремни случаеви е потребно да се добие шамар. Што мислиш мајката на детево еднаш седела на тераса? Еднаш внимавала на безбедноста на свое чедо? Јас мислам не. Внимавала на тоа, но не внимавала што всушност се случува во нивната меѓусебна игра.
 
важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
34

Едно попладне враќајќи се од факултет начекав група деца, во која едно се издвојуваше мачејќи мало маче. Детево буквално го вртеше на опаш дур малово мјаукаше за помош.
Се доближив и го прашав зошто прави така. Детето ми одговори, цитирам: -Ти мори ќе ми кажеш, ако сакам и ќе го убијам!
Инстиктивно му залепив шамар. Почна да плаче, слушна мајка му и се симна по скали. Почна да се расправа со мене, да бара телефон да врти кај мажот и да ме пцуе. Ја запрашав дали знае таа што прави син и додека таа пие кафе со пријателки на тераса и внимава да не отиде подалеку од зграда? Свесна ли е каква тортура прави син и врз животни? Ако е, зошто дозволува? Жената се смири, се извини и се повлече. Малово доби ќотек и повеќе не сум начекала да малтретира мачиња. Кога ќе поминам дури и добар ден ми вели.

Сакам да ти кажам дека внимавајќи да не се случи лоша работа, како истрчување на улица, подалеку одење од зграда и седење на тераса, се случува нешто друго.
Родител не е исто што и робот. Тоа е човек со свои маани и најчесто е или копија на свој родител или спротивност. Во екстремни случаеви е потребно да се добие шамар. Што мислиш мајката на детево еднаш седела на тераса? Еднаш внимавала на безбедноста на свое чедо? Јас мислам не. Внимавала на тоа, но не внимавала што всушност се случува во нивната меѓусебна игра.
Се гледа колку го воспитала па мачело животни. Туку те цитирав за друго нешто да кажам...мое дете некој да чепне лошо ќе си помине...ако моето дете прави нешто што не треба, има уста нека каже, ама рака да крева? Е тоа ќе се прашаме :)
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Се гледа колку го воспитала па мачело животни. Туку те цитирав за друго нешто да кажам...мое дете некој да чепне лошо ќе си помине...ако моето дете прави нешто што не треба, има уста нека каже, ама рака да крева? Е тоа ќе се прашаме :)

Не сум радар да знам чие е дете. И да бев, исто ќе реагирав.
Поентата е дека поради лошо воспитување било да е тоа меко (нешамарање) или тврдокорно (мавање од земја) можно е вакво однесување.
Ја почитувам жената што не се инаетеше и што сфати дека тоа што син и го прави е нечовечно и заслужно за психичка терапија. Што понатаму таа си знае.
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Што убаво, условен рефлекс.:rolleyes:

Еве еден екстремен пример каде јас залепив шамар. Пред две години долу кај мене имаше постара жена која хранеше мачки и постојано се врткаа и размножуваа. Умре жената, мачки останаа.
Едно попладне враќајќи се од факултет начекав група деца, во која едно се издвојуваше мачејќи мало маче. Детево буквално го вртеше на опаш додека малово мјаукаше за помош.
Се доближив и го прашав зошто прави така. Детето ми одговори, цитирам: -Ти мори ќе ми кажеш, ако сакам и ќе го убијам!
Инстиктивно му залепив шамар. Почна да плаче, слушна мајка му и се симна по скали. Почна да се расправа со мене, да бара телефон да врти кај мажот и да ме пцуе. Ја запрашав дали знае таа што прави син и додека таа пие кафе со пријателки на тераса и внимава да не отиде подалеку од зграда? Свесна ли е каква тортура прави син и врз животни? Ако е, зошто дозволува? Жената се смири, се извини и се повлече. Детето за уши во влез и повеќе не сум начекала да малтретира мачиња. Кога ќе поминам и добар ден добивам.

Сакам да ти кажам дека внимавајќи да не се случи лоша работа, како истрчување на улица, подалеку одење од зграда и седење на тераса, се случува нешто друго.
Родител не е исто што и робот. Тоа е човек со свои маани и најчесто е или копија на свој родител или спротивност. Во екстремни случаеви е потребно да се добие шамар. Што мислиш мајката на детево еднаш седела на тераса? Еднаш внимавала на безбедноста на свое чедо? Јас мислам не. Внимавала на тоа, но не внимавала што всушност се случува во нивната меѓусебна игра.

Конечно делумно се разбравме.Го разбирам твојот гнев во даден момент заради мачењето на животинчето.Плус зависи каква особа си самата ти.Дали си импулсивна,избувлива или смирена особа.
Јас сепак туѓо дете не би пипнал, ете така принцип.Јас нити пак моето дете не би го пипнал.
Едноставно поинаку ќе сум изреагирал и да сум видел дали мачат животинче или дали се тепаат и слично.Можеби е до мене, смирен сум во принцип и не реагирам бурно.

Во секој случај јас према мојот карактер и што се вели искуство од како мал не би мавал шамари на моето дете.Ете така сакам дипломатски да решавам било каков проблем.
 
Мислев дека и јас не сум, се додека не се најдов во таа ситуација. Имам одредени флексибилни принципи.
Ако се работи за импулсивност, шамар ќе беше во преден план, наместо прашање - Што тоа прави?
 
важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
34
Скопје
Не сум радар да знам чие е дете. И да бев, исто ќе реагирав.
Поентата е дека поради лошо воспитување било да е тоа меко (нешамарање) или тврдокорно (мавање од земја) можно е вакво однесување.
Ја почитувам жената што не се инаетеше и што сфати дека тоа што син и го прави е нечовечно и заслужно за психичка терапија. Што понатаму таа си знае.
Безразлика колку е лоша постапката на детето, ти немаш право да удираш туѓо дете. Си имала среќа си наишла на неинформирани родители, инаку си можела и тужба да добиеш. А па ако си полнолетна, уште полошо...
Инаку да те прашам вака нешто...на местото на детето да била некоја на*урчена пијана кретенка посилна од тебе ќе и врзеше ли шамар? :cool:
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Безразлика колку е лоша постапката на детето, ти немаш право да удираш туѓо дете. Си имала среќа си наишла на неинформирани родители, инаку си можела и тужба да добиеш. А па ако си полнолетна, уште полошо...
Инаку да те прашам вака нешто...на местото на детето да била некоја на*урчена пијана кретенка посилна од тебе ќе и врзеше ли шамар? :cool:

Да. Пијанство и големина не се пресудни за силина. (Плус и убаво се римува)
Ако била труп пијана уште подобро за мене.
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Мислев дека и јас не сум, се додека не се најдов во таа ситуација. Имам одредени флексибилни принципи.
Ако се работи за импулсивност, шамар ќе беше во преден план, наместо прашање - Што тоа прави?

Сум бил во слични ситуации, со дечињава кога ги шетам.Има само 2 девојчиња и машкиве сакаат да се закачкаат со нив.И ќе ги скубнат за репче и овие ќе цмиздрат.Ништо не превземам освен уценување и разговор.До сега пали.Така да здравје ако имам дете сигурно ќе продолжам да бидам ваков, со тоа што си чувам нерви и трпение = )
 
важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
34
Скопје
Да. Пијанство и големина не се пресудни за силина. (Плус и убаво се римува)
Ако била труп пијана уште подобро за мене.
Добро не оди толку во детали, ама кога веќе почнавме...а на некоја набилдана? :D
Поентата на муабетов ми е, си го нашла детето физички послабо од тебе, па ајде шамарот. Ако веќе покажуваш сила, направи го тоа со некој рамен на тебе.