Воспитна мерка - шамар?

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,091
1,093
Скопје
Како што сум слаба со нервиве не верувам дека би можела да се воздржам :trepka
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Не, не, И НЕ.
Детето не е куче (а и кучето можеш да го воспиташ без ќутек).
Детето има СВОЈА ЛИЧНОСТ. Детето не заслужува да се воспитува преку ДОМИНАЦИЈА.
Детето заслужува ПОЧИТ. Детето својата заштита ја бара во рацете на родителите, тие никогаш не смеат да се искористат како оружје за заплашување. И најситниот удар на детето, ја ранува неговата душа.
Тоа не сфаќа зошто е удрено. Не сфаќа зошто погрешило. Сфаќа дека нешто не смее да направи, зошто не смее да направи.

Секој облик на насилство - и најмал, претставува раздор помеѓу родителот (за детето Бог, заштитник, извор на љубов) и детската личност. Секој облик на насилство, претставува затупување на интелигенцијата која ја има детето.

Објаснете му, ако треба 101. Не го удирајте. Понудете му награда за добро однесување, наместо казна за лошо однесување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна and Шмекси

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
види вака не мислам дека треба да го скршиш од ќотек ам сепак понекогаш мора и да го казниш со шамар.. да знае кој авторитето и да те почитува ...

Авторитет со ќутек врз своето дете?
Научи како да се однесуваш со детето. Не ти треба насилство за да поставиш авторитет.

Има разлика меѓу почит (детето се срами, има грижа на совест ако не те послуша) и стравопочит (детето нема грам почит за тебе, ама има страв од тебе).
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
чекај вака сега не мешај баби и жаби, да го земиме погорниот пример со малото дете шо сака цело време да го пика прстот во штекерот, ке го предупредиш еднаш да не го прави тоа, ке го сториш тоа 2 пати, трипати, четири, цел ден и цела ноќ ке се убедувате да не го прави тоа... и дете ко дете се муе интересно и пак и пак ке пробва да го прај то.. ама кога ке го удриш ке свати дека сторило нешто шо не треба и следен пат ко ке помисли да го стори итоа ке се сети на шамарот и ке размисли дали да го стори тоа повторно ...

А што викаш, наместо едноставен одговор НЕМОЈ, да му понудиш објаснување зошто не треба да го прави тоа?
Детето прави такви работи, за да го привлече твоето внимание. Детето има потреба од емотивно гориво од своите родители за да го нахрани својот емотивен резервоар.
Не го игнорирајте детето кога го бара вашето внимание, и не му нудете едноставни одговори, не му наредувајте.
Наместо да го удриш, седни го и објасни му зошто не, па денес имаш интернет, најди му слика и објасни што ќе се случи ако продолжи да чепка во штекерот. Или едноставно, викни го да цртате. Ќе престане да го прави тоа што не смее.
Децата кога се сами не прават работи за ,,инает,,. Само кога сакаат нечие внимание.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
упрао си кити до негде, ама до негде, има дете и детиште : ) какфи деца сам видеја куде мене на работу тугоооооооооооо
ѓавол, идеше ми се на волеј па да га префрљу преко реку : ) знам греота дете е, ама толко да е лошо, мајка му сто пут му кажа немој немој а оно не бе и готово, још па гу скубе, плаче, ваља се доле, џогира га под, епа може едно шамарче ипол да му се лупне нели : ) да му заѕвони тој мало уфце што не слуша ништо
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мила К.

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
А што правиме ако мава со влечка по телевизор? Како ќе водиш успешна соработка на размена информации и уцена кога збориме за едноиполгодишно дете? Или две?

Детето тоа ќе го прави само ако има недоволно соодветни играчки наменети за неговата возраст (а под тоа не мислам колички, туку играчки кои ќе го поттикнат неговото љубопитство, неговата логика), и ако му е досадно.
На дете да му е досадно? Проблемот е во родителот, не во детето.
Ако го удриш, си направила добра работа. Ќе си ја гледаш серијата, а ќе си го навредиш детенцето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
упрао си кити до негде, ама до негде, има дете и детиште : ) какфи деца сам видеја куде мене на работу тугоооооооооооо
ѓавол, идеше ми се на волеј па да га префрљу преко реку : ) знам греота дете е, ама толко да е лошо, мајка му сто пут му кажа немој немој а оно не бе и готово, још па гу скубе, плаче, ваља се доле, џогира га под, епа може едно шамарче ипол да му се лупне нели : ) да му заѕвони тој мало уфце што не слуша ништо

Многу го мразам кумановскиот, што да правам. Само во вицеви го сакам.
Детето е онакво какво што родителите го направиле. Ако детето се однесува несоодветно, вината е во родителите.
Јас нив би ги зашамарала, не детето.

Но на овој Балкан, се раѓаат деца само да се родат.
Оди удри шамар во Шведска. Ќе добиеш шамари и во социјален работник.
А гледам, дека ние шамараме, ептен децава мудри и паметни ги направивме, Швеѓаните се дивјаци невоспитани.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна and parvati

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Нема врска воспитување. Ете интересно му е во моментот, можеби веќе наназад неколку денови.
Ти упорно му велиш што ќе се случи ако навистина го оштети, а тоа како да не реагира?

Деновиве ќе напишам цела тема за играчки. Детето прави ,,такви работи,, зошто не му се купуваат соодветни играчки, или не му се обрнува соодветно внимание. Не е гушкањето единствена активност која треба да се практикува кога се обрнува внимание.
Терајте го детето интелектуално да се измори, нема да има потреба да прави штета.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
А што викаш, наместо едноставен одговор НЕМОЈ, да му понудиш објаснување зошто не треба да го прави тоа?
Детето прави такви работи, за да го привлече твоето внимание. Детето има потреба од емотивно гориво од своите родители за да го нахрани својот емотивен резервоар.
Не го игнорирајте детето кога го бара вашето внимание, и не му нудете едноставни одговори, не му наредувајте.
Наместо да го удриш, седни го и објасни му зошто не, па денес имаш интернет, најди му слика и објасни што ќе се случи ако продолжи да чепка во штекерот. Или едноставно, викни го да цртате. Ќе престане да го прави тоа што не смее.
Децата кога се сами не прават работи за ,,инает,,. Само кога сакаат нечие внимание.
Сакаат внимание .. океј. Но ти неможеш да бидеш 24/7 со него. Работа, обврски. Секоја чест ако детето разбира се што му кажеш дека не е исправно, и дека не треба да го прави, но како со тврдоглавите деца...? Се сака да види, се сака да има, се сака да допре, да е у центар пажња, не те остава на мира ... у еден збор разгалено. Тоа е од недисциплина и неодговорни родители. Затоа после испаѓаат наркомани, луѓе без свое ја. Ја не би го тепал, но би го научил да го цени животот, пошто ништо не е бесплатно. Мора да знае како е да нема, за кога ќе има да не појде по лош пат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@