Воспитна мерка - шамар?

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Сакаат внимание .. океј. Но ти неможеш да бидеш 24/7 со него. Работа, обврски. Секоја чест ако детето разбира се што му кажеш дека не е исправно, и дека не треба да го прави, но како со тврдоглавите деца...? Се сака да види, се сака да има, се сака да допре, да е у центар пажња, не те остава на мира ... у еден збор разгалено. Тоа е од недисциплина и неодговорни родители. Затоа после испаѓаат наркомани, луѓе без свое ја. Ја не би го тепал, но би го научил да го цени животот, пошто ништо не е бесплатно. Мора да знае како е да нема, за кога ќе има да не појде по лош пат.

Па зошто би бил со него 24/7? Нека не го чува баба, нека си оди во градинка. Купи му играчки кои психички ќе го заморуваат. Поставувај му задачи и наградувај го за нивното исполнување (и тоа, наградувај го многу (со внимание, прегратки, чоколадо). Казна нека му биде твоето игнорирање, твоето лутење. Детето кое воспоставило добар однос со родителот, доволно е разочараното лице, за детето да се почувствува виновно. Ќутекот нема да го научи на нешто многу поважно од ред и дисциплина - донесување одлуки само. Ако го научиш беспрекорно да почитува авторитети (без критика) низ цел живот сите ќе го ебаваат, а нема да мрдне со прст.
И да, сето тоа води корен од тие години кога некој ги тепа децата, првите 5 години.
По пат, родителите не е лошо да читнат некоја книгичка за воспитување на деца. Раѓањето деца е инстиктивно, но воспитувањето не е. Постојат 2 главни правила, и милион потправила и сугестии:
1. Разговарај; укажувај; докажувај со пример; изморувај го психички, не само физички;
2. Учи го со награди, а не со казни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Мислам дека се треба да се реши со разговор,но доколку детето не разбира нема друг објаснување освен шамар и удирање по газ....Ама не повеќе ....Инаку јас сум била многу бесно дете и ме имаат удрено ама по рака или по газ многу малце...А се сеќавам дека татко ми само да не ме удри бесот го истураше на маса .....А убав ќотек изедов кога намерно ја удрив братучетка ми со камен по лице...Леле колку време носеше модрица :( И зарем пак ке кажете дека не треба да се тепа детето...Тогаш стварно сум заслужила :D

Си заслужила разговор со психолог, не ќутек ;)
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Не се сеќавам дека сум ги удрила. Можеби само по рачето, ама ни тоа не би се нарекло удирање. Додека беа малечки сѐ низ дома ми беше излепено со селотејп, штекери, фиоки, вратничиња... сѐ што ми изгледаше како опасно.
Не сум им бранела да растураат по дома. Играчки на сите страни, хартија, боички, сликовници и шо не. Ситните дрангулии ги тргав на страна. Разгалени ми се. Ама само дома.
По улица никогаш не ми правеле проблеми. Е сега додека беа мали, нормално дека имаше плачење кога не сака да седи во количка, или кога сака в раце, ама тоа е нормално. Нивно беше да трчаат на сите страни, а наше, како родители, да трчаме по нив. Немаше раат седење на кафе, оти детското трпение трае отприлика 5-10 минути. Па или ќе си станеш или ќе најдеш начин да ги занимаваш.
И јадењето било проблем. Ама никогаш не сум настојувала на сила. Ако му се јади, ќе јади. Ако не, ќе јади некоја минута подоцна. Некогаш ќе подлажнуваш, некогаш ќе измислуваш приказни, некогаш ќе уценуваш, ама никогаш не удираш за да го натераш да јаде.
На гости кога сме оделе, а и ден денес кога одиме, никогаш не се однесувале разгалено. Мирни, тивки, насмеани. Не растрчувале, не растурале по туѓи куќи. Ако им даеле некоја играчка - арно, ако не - пак арно. Стално си носевме од дома по некое количе или кукличе.
Во школо не прават бељи. Ама не се ни дудуци шо не мрднуваат од место. Учат и имаат солидни оценки. Малиот е многу интелигентен, ама е мрза невидена. За сега нема помала оценка од 5, ама правел тестови со грешки. Не сум го карала никогаш. Ама тој самиот си се „кара“. Криво му е кога нешто нема да знае. Оти си знае колку време потрошил за учење, а колку пред компјутер. Големата е исто многу интелигентна, ама и плашлива. И стравот понекогаш ја блокира, па ќе добие послаба оценка. Ама веќе го надминува. Оти за ниедна тројка не сум ја напаѓала, ниту па сум ја казнувала. Еднаш доби и единица на тест. Цела потресена, одвај собра храброст да ми каже. Јас ѝ реков - Јееееиии, ќефој сум. И мое дете еднаш да добие едница. Ја изгушкав и ја избакнував. Ме гледаше ко да сум скроз забегана. Рече - утре ќе станам да одговарам и да си ја поправам. Реков - неее, немој утре, остај ме малку да се порадувам, има време, ќе ја поправиш. Ме погледна, па замина во соба и седна да си учи. Следниот ден единицата стана тројка, а веќе на следниот тест - четворка.
Малиот ми е сеуште проблематичен за јадење. Ама кога оди кај другарите, јаде тоа што ќе му понудат. И го прашувам - Добро бе, како можиш кај другарите да јадеш и цвекло и манџа ваква и манџа онаква, а дома стално пребираш? Ми вели - Па не ќе им речам ова не го јадам, дајте ми друго. Дома си сум дома, а таму сум на гости.
Сакам да кажам дека иако понекогаш се нервирам зашто немаат ич страв од мене, сепак сум задоволна зашто токму заради тоа што немаат страв, најнормално и најслободно ми кажуваат сѐ. И за слаби оценки и за симпатии и за нешто што направиле, а било погрешно...
Ќотекот само прави бариера меѓу децата и родителот. И казнувањето исто така. Децата си сакаат сигурност, доверба и чувство на заштитеност. Кога знаат дека ги имаат, тогаш многу добро умеат сами да си стават „кочница“.

Токму кон ова целам. Девојчето имало грижа на совест, а не се плашело од мајка и.
Девојчето не било истепано за да научи, самото се натерало.
И тоа е правилното воспитување.
Нема ефект ако изела ќутек. Можеби сега ќе ја поправела оценката, но во иднина, веројатно, ќе има аверзија и од образование, и од професори, а посебно, ќе има недоверба во родителот.
Ти честитам, мило ми е што конечно слушам ваков пример :) И добро е тоа што не се плашат од тебе... лесно е да се плашат. Тешко е да те почитуваат вистински ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Малку си ги помешала работите...зарем на дете од 3 год му е потрбен психолог....Тоа се најобични децки расправии :D

А зошто мислиш дека детето од 3 години е премало за психолог?
Првите интелектуални дејствија (самоиницирани) детето е способно да ги направи околу 2 роденден.
Најобичните детски расправии, може да прераснат во сериозни нарушувања на личноста.
Не е се толку наивно, колку што ти изгледа.
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
А зошто мислиш дека детето од 3 години е премало за психолог?
Првите интелектуални дејствија (самоиницирани) детето е способно да ги направи околу 2 роденден.
Најобичните детски расправии, може да прераснат во сериозни нарушувања на личноста.
Не е се толку наивно, колку што ти изгледа.
А овде има толку спремни психолози, што ќе го забегаат 3 годишното дете за 300% :)
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Според мене, подобро би било,ако детето направило некоја грешка, да се уцени со награда откако ќе ја поправи истата отколку со шамар. Така ќе има мотивација за да ја поправи.
За наивни деца сметам дека е потребен разговор,а за непослушни деца,кои покрај споменативе две, не се разбираат доволно би било едно тапкање по газето за да сфати дека тоа што го прави не е во ред и не треба да го прави :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
А зошто мислиш дека детето од 3 години е премало за психолог?
Првите интелектуални дејствија (самоиницирани) детето е способно да ги направи околу 2 роденден.
Најобичните детски расправии, може да прераснат во сериозни нарушувања на личноста.
Не е се толку наивно, колку што ти изгледа.
Очигчедно било....Затоа што еве поминаа многу години пораснав и сум сосема здрава личност....Немало потреба нкаква тоа е само период кога детето има вишок енергија :D