Лошите* Не другите
Ете така. Лошите, нормално е детето да има свој вид на самоодбрана. Јас не велам дека ти си погрешила што си удрила некое дете, има доста невоспитани деца (не по нивна вина), а малото детенце (во случајов ти) не може да ги седне и да разговара со нив, свеста му е толку развиена, мора физички да си го поврати своето.
А најинтересно ми е, што имам многу помала сестра од мене, која иначе е способна мене да ме акне од земја (каратистка, де.) ама во школо не удри никого, дур јас не и реков да го направи тоа. Буквално дозволуваше да ја малтретираат, најчесто од љубомора зошто секогаш одеше со напишани домашни, научено се... (не дека она сакаше, ама јас на глава и се качував).
Почна секој ден дома расплакана да си доаѓа, те некој ја удрил, друг и украл молив, трет и скинал тетратка. Јас прво мислев дека она е виновна, нешто ги закача, па и враќаат. После сфатив ,,кој тоа,, ја малтретира. Зборуваа моите родители со учителката, зборував јас со децата (пошто јас не им делувам толку стара, па и не ми се плашат
). Немаше фајде, дур сум таму се е ОК; после не е. Зборувано беше и со родителите на децата, фајде нема. Јас не можам никого да присилам да си го воспитува детето, ниту ако има проблем детето, да го однесе на психолог.
И тогаш и реков на сестра ми - ако чујам да си удрила некого прва, јас после ќе те удрам тебе. Ама ако некој те удри, а ти не му вратиш, пак јас ќе те удрам тебе. Од тогаш, никој више не ја закача.