Вонземјани & НЛО (генерална дискусија)

Дали верувате дека во вселената постои било каква друга форма на живот?

  • Да

    Гласови: 72 78.3%
  • Не

    Гласови: 11 12.0%
  • Не ме интересира/Сеедно ми е

    Гласови: 9 9.8%

  • Вкупно гласале
    92

elizabetta

Истакнат Член
8 септември 2012
236
382
63
Верувам дека не сме сами.
Универзумот е бесконечен. Која е логиката дека во сета таа бесконечност сме само ние?!?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
аба ова дрогиве се појаки и појаки изгледа ги прават ...
какви вонземјани какви тапанари ... нека искоментира некој што се сликал со вонземјани , некој што имал било каков контакт... било кој ... има таков ? - нема
е нема, сите само сте гледале чудни летечки објекти, кој ви светеле ви се гасале, па брзо прелетувале, па ги снемувало ... или сте гледале некој смешно-глупи клипови на нет ... (јас гледав на нет еден човек како лета - и сега треба да верувам дека некој луге можат да летаат ? )
циркузи сте ... :alien

Е нема таков што се сликал со вонземјанин ама после истиот тој што не верува дека постои друга форма на живот надвор од земјава ќе ти рече дека верува во господ... Па сеа ти види дали постојат "марсовци" или не :zelen
Аха... гледам и дека си видел со свои очи дека постои господ... Ахам ахам... Епа некои луѓе со свои очи биде земени од вонземјани па ти не им веруваш на нив... Сеа шо праиме?
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Е нема таков што се сликал со вонземјанин ама после истиот тој што не верува дека постои друга форма на живот надвор од земјава ќе ти рече дека верува во господ... Па сеа ти види дали постојат "марсовци" или не :zelen
Аха... гледам и дека си видел со свои очи дека постои господ... Ахам ахам... Епа некои луѓе со свои очи биде земени од вонземјани па ти не им веруваш на нив... Сеа шо праиме?

sega da svitkam eden,da ti dadam dim dva ... 5 min later ... kako marsovec ke me gledas :eek: :pusi
posle pak dim - dva ... 10 min later ... ima da me nema , nisto nema da gledas, pa ni mene :nerd
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Парадоксот на Ферми е контрадикција помеѓу претпоставките за можноста за постоење на вонземјански живот и Човековата немоќ да контактира со нив или пак да го докаже нивното (не)постоење. Основните точки на ова тврдење се:
1.Сонцето е релативно млада Ѕвезда. Во нашата галаксија постојат милијарди ѕвезди кои се милијарди години стари.
2.Ако Земјата е типичен пример на планета тогаш постои веројатност дека на некоја друга планета постои интелегентен живот.
3.Се претпоставува дека некои од овие цивилизации ке развие технологија за меѓуѕвездено патување како што тоа ке се случи на земјата.
4.Во досега набљудуваниот универзум се претпоставува дека постојат приблжно окулу 80 милијарди галаксии.
Следејќи го овој начин на размислување доаѓа дека Земјата одамна требаше да биди колонизирана од вонземјански вид или пак барем посетена од некој таков. Но никаде не постојат докази за тоа. Затоа хенс Ферми се запрашал: Каде се сите?

Како го добил името?
Во 1950 година Енрико Ферми додека работел во националната Библиотека во Лос Аламос во еден опуште разговор со колегите Емил Конопински, Едвард Телер и Херберт Јорк за време на ручек разговарајќи на тема за вонземјани и можноста за патување со брзина на светлината дошол до заклучок дека земјата требало да биде посетена од вонземјани многу пати досега и го поставил прашањето окулу кое се врти целиот тој фермиев парадокс: Каде се тие (мислејќи на вонземјаните).

Од што се состои Парадоксот на Ферми ?
Парадоксот на ферми се состои од тоа што досега планетата земја требаше да оствари контакт со вонземјанска цивилизација но тоа сеуште не може да се случи. Кои се причините? Според математичката теорија на ферми во набљудуваната вселена постојат окулу 80 билиони галакси. Доколку секоја од нив е барем слична на оваа нашата тогаш би постоеле во секоја окулу 300-400 милијарди ѕвезди. Доколку одиме уште подлабоко ако окулу секоја ѕвезда да има по 8 планети тоа е ужасно голема бројка на планети. И доколку само една од 100 милијарди планети е слична на нашата тогаш во универзумот би требало да постојат голем број на цивилизации. Но сеуште немаме остварено контакт со нив. Зошто?

Па зошто тогаш не може да се открие цивилизација надвор од Земјата ?
Една од причините е дека можеби Земја е единствената планета со цивилизација во галаксијата. Некои теоретичари сметаат дека ова може да е точното решение зашто сметаат дека Земјата не е типична планета туку дека се работи за редок и уникатен вид на планета кој може да поддржи комплексен живот. Оваа теорија ја објаснуваат со тоа дека комплексен живот започнал да постои на земјата само како резултат на специјални услови кои се создале случајно. Кон точноста на ова тврдење придонесува и фактот дека на Земјата само еден вид еволуирал до таа стапка да биде способен за вселенски патувања и радио технологија и покажува дека можеби интелегентен живот надвор од Земјата е тешко да се пронајдe .
Втората теорија е дека можеби некоја цивилизација пред 2-3000 илјади години испратила сонда во потрага по веселнски живот и таа сонда поминала покрај Земјат но не открила никакви ради бранови зашто нивната технологија била да детектира радио технологија а животот на земјата не бил тогаш толку софистициран како сега. тука мора да се напомене и обратната теорија. Што ако сите сателити и сонди кои Земјаните ги испраќаат во вселената не можат да откријат вселенски живот зашто технологијата која ја имаме сега не ограничува во тоа или пак нивната технологија е со минимална развиеност па не можeме да ги откриеме?

Продолжува..

За zenica.mk: Рубин Јованоски​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
4FUN аба ова дрогиве се појаки и појаки изгледа ги прават ...
какви вонземјани какви тапанари ... нека искоментира некој што се сликал со вонземјани , некој што имал било каков контакт... било кој ... има таков ? - нема
е нема, сите само сте гледале чудни летечки објекти, кој ви светеле ви се гасале, па брзо прелетувале, па ги снемувало ... или сте гледале некој смешно-глупи клипови на нет ... (јас гледав на нет еден човек како лета - и сега треба да верувам дека некој луге можат да летаат ? )
циркузи сте ... :alien
Извини шо сум директен ама то е во име на дебатата: Дај ми ти слика од тебе и твојот мозок и тогаш ке прверувам дека имаш мозок .. може така ?
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Чудото живот би можело да биде типично и а за други светови во Вселената. - Карл Саган

Човекот не е сам ни на својата планета, а камо ли во Вселената.

Можеби појавата на НЛОнемаше да биде толку проблематична, ако тие неиндетификувани летачки објекти не се поврзани со најсуштинското прашање, а тоа е: дали сме сами на Земјата и во Вселената и дали некој од некаков друг свет не посетувал и не посетува, и кога веке еднаш ке се случи таа средба со тие НЛОи што ке биде после со нас и нашата цивилизација откако ке го дознаеме тоа ?

...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ако медиумите не потврдиле дека немало контакт до сега, не значи и дека стварно го немало :D
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Извини шо сум директен ама то е во име на дебатата: Дај ми ти слика од тебе и твојот мозок и тогаш ке прверувам дека имаш мозок .. може така ?

абе можеме да идеме на рентген и да погледнеш (ако има нешто)... ама кај ме најде мене бе за мозок, дај некој друг да најдеме :nerd
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
го терате муабетов у два сосема различни правци, едно е дали постојат, друго е дали веќе биле овде и дали контактирале со луѓето.