Замислете во некој паралелен универзум се води дискусија: Луѓе & авиони.
Кај нас уште се провлекуваат прашањата за Атлантида, Бермудскиот триаголник, уште се сомневаме во постоењето на одредени цивилизации, и досега се нема појавено никој со апсолутно точен одговор што е поткрепен со факти што не може да бидат побиени. А се работи за само еден микро дел од универзумот, тлото на кое живееме. Штом уште сме немоќни да докажеме на сопствена територија, чисто се сомневам дека сме во состојба да дадеме едноставен одговор на толку комплексно и непознато прашање, иако сите сме свесни дека во едно бесконечно место натрупано со галаксии, просто е невозможно да не постои друг вид на живот.
За контакти имам гледано емисии и читано...не знам ни сама колку, ама скептик сум, мене уште не ме контактирале, а ако ми се случи тоа, сама ќе се пријавам да си одам во собата со јастучиња и поглед на море.
Шалата на страна, ниту за за воспоставување контакти не може да се даде конкретен одговор, првенствено поради тоа што и покрај сите тези, па и приложени “докази“, какви-такви, сепак ниту едни не се целосно прифатени, ниту пак целосно отфрлени, па било што необјасниво може да се земе ко обид за контакт.