Вонземјани & НЛО (генерална дискусија)

Дали верувате дека во вселената постои било каква друга форма на живот?

  • Да

    Гласови: 72 78.3%
  • Не

    Гласови: 11 12.0%
  • Не ме интересира/Сеедно ми е

    Гласови: 9 9.8%

  • Вкупно гласале
    92

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Не верувам, абе просто не ме интересира, ако сакаат да дојдат добродојдени се, само нека дојдат полека да не ме вадат од памет :D
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Постојат бе, како не постоеле!
Има еден куп суштества кои газат на Земјава, а се ко паднати од на Марс... Само не се зелени, па затоа мислиме дека се луѓе:alien
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
сакам факти и резултати - само тоа може да ме увери !
Еве факти. И тоа директно од светото писмо, од книгата на дедо Езекиел. Глава прва.

Читај внимателно, а ако не ти е нешто јасен текстот погледнија сликата под него. Енџој. ;)

1Во триесеттата година, во чет-вртиот месец, во петтиот ден, кога бев меѓу заробениците при реката Хевар, небесата се отворија, и јас видов Божјо видение.
2 Во петтиот ден на истиот месец - во петтата година откако го одведоа во ропство царот Јоаким -
3 Господовото слово му дојде на Езекиел, синот Вузиев, свештеник во Халдејската Земја, при реката Хевар. Господовата рака се спушти врз мене.
4 Погледав, кога ете од север удри силен виор, голем облак, пламнат оган обвиткан со сјај; среде него, среде огнот, нешто слично на сјајна ковина.
5 Среде тоа нешто како четири суштества по облик слични на човек;
6 секое од нив со четири лица, во секое четири крила.
7 Нозете им беа рамни, а стапалата како кај теле; светкаа како блескава бронза.
8 Под крилата имаа на сите четири страни човечки раце. И секое од четирите имаше свое лице и свои крила.
9 Крилата им се допираа едно со другото. Одејќи не се вртеа: секое се движе-ше напред.
10 И во сите четири суш-тества беше човечко лице, во сите четири оддесно лавско лице; во сите четири одлево воловско лице; и о-релско лице во сите четири.
11 Лицата им беа такви, а крилата им беа растегнати нагоре. Секое имаше две крила што се соединуваа и две крила со кои го покриваа телото.
12 И секој одеше само напред. А одеа онаму каде што духот ги гонеше. И одејќи не се завртуваа.
13 А среде тие суштества се гледаше нешто како некакви вжарени јаглења, како гламни што гореа, што се движеа меѓу нив; огнот светкаше, и молњи блескаа.
14 Суштествата трчаа и пак се враќаа како секавица.
15 Додека јас набљудував, ете: на земјата покрај секое од четирите суштества по едно тркало пред нивните лица.
16 Тркалата му беа слични на хрисолит, сите четири со ист облик; според обликот и правењето беа како едното тркало да е во другото.
17 При движењето можеа да одат во сите четири правци, а не требаа да се вратат.
18 А краевите им беа високи и страшни, а кога набљудував подобро, ете, на сите страни полни со очи.
19 Ка суштествата тргнуваа, тргнуваа со нив и тркалата, кога суштествата ќе се подигнеа од земјата, и тркалата се подигнуваа.
20 Каде што ги гонеше духот, таму се движеа, а заедно со нив се подигаа и тркалата, зашто духот на суштествата беше во тркалата.
21 Па кога суштествата ќе тргнеа, тргнуваа и колцата, а кога ќе застанеа тие, застануваа и тркалата, кога тие се подигаа од земјата, и тр-кала се подигаа со нив, зашто духот на суштествата беше во тркалата.
22 Над главите на суштествата беше нешто како небесен свод, сличен на сјајен кристал, распрострен над нивните глави.
23 А под сводот раскрилени крила, едно спрема другото: на секого по две крила му го покриваа телото.
24 Го чув летањето на нивните крила како шум на големи води, како глас на Сèсилниот, а гласот на зборувањето како глас на војска. Кога суштествата застануваа ги спуштаа крилата.
25 Од сводот над нивните глави се слушаше глас и кога застануваа, ги спуштаа своите крила.
26 Над сводот над нивните глави беше нешто како каменот сафир, како престол: на тоа како престол, горе на него слично на некој човек.
27 И видов како сјајна ковина, внатре и наоколу како оган; од неговата половина нагоре и од неговата половина надолу нешто како оган и како блесок на сите страни.
28 Тој блесок на сите страни беше како божилак што при дождовни денови се јавува во облакот. Тоа беше нешто како Господовата слава. Видов, паднав ничкум и чув глас што ми зборуваше.


http://www.catl.sk/img/picture/2051/apokalypsa-d.jpg
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Еве факти. И тоа директно од светото писмо, од книгата на дедо Езекиел. Глава прва.

Читај внимателно, а ако не ти е нешто јасен текстот погледнија сликата под него. Енџој. ;)


http://www.catl.sk/img/picture/2051/apokalypsa-d.jpg

очигледно ти не го свакаш правилно текстот ! ова ти е доказ за божја сила и неговото постоење !!! а не дека вонземјани постојат ...
и како јас да се објаснувам со луге кој гледаат читаат и пак ништо не разбираат ... брат со тебе на оваа тема - толку ! :)
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
очигледно ти не го свакаш правилно текстот ! ова ти е доказ за божја сила и неговото постоење !!! а не дека вонземјани постојат ...
и како јас да се објаснувам со луге кој гледаат читаат и пак ништо не разбираат ... брат со тебе на оваа тема - толку ! :)
Јок, ти го сваќаш. :) Доказ за божја сила? Тие суштествата што ги спомнува дедо Езекиел доказ за силата на Јахве? Мммм...можи можи. Сигурно тој твојот господ пратил вонземјани на Земјата од темните краишта на универзумот за да ни ја докажува неговата сила...Слава му!! Во ред братко, поздрав. Па ако се предомислиш, добредојден си, јас ќе си бидам тука ... и ќе вребам од некое ќоше. ;)
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Значи постојат галаксии во универзумов (што во последно време се развиваат теории дека всушност и не е универзум туку МУЛТИверзум), колку што има зрна песок во сахара, галаксии многу поголеми од нашата. Која е веројатноста, да сме само ние единствени битија? Па ако успеаа да најдат смрзнати бактерии на марс, зашто да не би имало планети со усолви за живот вон галаксијата наша? Или да речеме спротивно на другата периферија од нашата? Зашто размислувате ограничено? Зар за да постојат услови за живот мора да се идентични на нашите? Па земете ја нашата планета, постојат видови кои живеат во екстремни услови ко на пример некои створења на 8-9000 метри под вода, кај што нема ни светлина, има огромен притисок и скоро немаживот, немаат ни очи тие створови пошто не им ни требаат. Јас сум убеден дека големите центри на религиите кои владеат со луѓето како Ватикан, многу добро ја знаат вистината и најверојатно не се најголеми контрирачи на таа тема ама не би се осеќале убаво кога би излегла таа вистина на виделина. Ќе отиде во вода и религија и се (освен будизмот, пошто тоа е начин на размислување а не верување во измислени другарчиња (без никаква навреда за верниците)).Ако нашиот сончев систем со своите преку 4 милијарди години постоење, влегува во групата на релативно млади системи, што е со тие што се “на средината од своето постоење“? Дали Никола Тесла бил будала кога рекол дека исконтактирал со други ентитети односно одговориле на неговите сигнали пратени во вселената?
Мислам дека во време кога науката денес во однос на таа од пред 20 години е научна фантастика, и се развива со огромна брзина последните 50-60 години, дури и налудничаво е да помислиме дека сме сами
 

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
Најверојатно не сме сами. Незначи ако нема услови за органски живот нема воопшто, можеби ја делиме вселената со повеќе димензионални суштества за кои и не сме свесни. Голема е веројатноста дека некаде има развиен живот, само можеби ќе ни се потребни повеќе векови за да стигнеме до тоа ниво и да можеме да ја разоткриваме нашата галаксија и соседните.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Вселената е голема. Којзнае уште какви се суштества постојат, за кои уште не сме ни помислиле.
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Не верувам. Сите тие приказни со вонземјани ми изгледаат како американски приказни за мали деца.