Вицови

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Влегува дете во продавница:
- Тетке дај едно тафе!
- Молам?
- Тафе едно, тафе!
Продавачката почнала да го зафркава:
- Не знам што е тоа тафе!
- Абе, тафе за пиење, тафеаво тафе со сетел!
- Не те разбирам, ај повтори уште еднаш!
- Е да ми го јадес тулот тогас!
- Марш од овде, ѓубре низаедено! Како не те е срам!
- Ааа, тулот знаес, а тафе не знаес!:D
 

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Дете ја прашува својата мајка:
- Мамо, дали е вистина дека Бог не храни?
- Па, да.
- А децата штркот ли ги носи?
- Се разбира.
- А Дедо Мраз ли дава подароци?
- Да.
- Тогаш кажи ми, те молам, зошто го чуваме тато?




Маж оди кај сексолог и си ја кажува маката:
- Докторе, нешто многу чудно се случува. Кога имам секс со сопругата ми е многу ладно, а следниот пат ми е многу топло.

Потоа пак ми е ладно, па пак ми е топло. И се така наизменично.
Докторот:
- Никогаш не сум сретнал таков случај... Може ли да разговарам со вашата жена?
Следниот ден оди жената кај докторот. Докторот:
- Госпоѓо, ве повикав на разговор затоа што вашиот сопруг се жали на некоја чудна патологија со која прв пат се сретнувам. Вели при сексот со вас, еднаш му е многу студено, а наредниот пат му е многу топло...
Жената:
- Ништо чудно докторе! Еднаш во јануари, втор пат во јули
 

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Една ноќ Барак и Мишел Обама одлучиле да отидат на вечера во еден обичен, нелуксузен ресторан. Кога седнале, сопственикот на ресторанот побарал од обезбедувањето на Обама да разговара со првата дама.

Мишел и човекот разговарале и по разговорот Обама прашал:
- Зошто толку сакаше да разговара со тебе?
- Кога бев тинејџерка тој беше лудо заљубен во мене.
- Ха, ха, ха, да се омажеше за него сега ти ќе беше сопственичка на овој ресторан!
- Не. Ако се омажев за него, тој ќе станеше претседател.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Sofija...

Psychobilly

Староседелец
18 февруари 2012
600
1,509
703
Pilgrim Psychiatric Center
Отишол Никола Груевски да ја посети армијата, и го прашува еден војкик:
-Војниче, колку е часот ?
-2 и 15 !
-Е мој војниче, не се вели така, секогаш треба да кажиш: "Благодарение на Владата на Р.М. сега е 2 и 15 часот !"
Потоа прашува друг војник:
-Војниче, колку е часот ?
-Благодарение на Владата на Р.М. јас немам саат !
 

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Три мравки снимале акционен филм во Холивуд.
Првата скокнала од 10 кат и загинала.
Втората скокнала од 50 кат и загината,
Третата скокнала од 100 кат и останала жива.
Зошто?
Затоа што била главна улога.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jeremija Krstic

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Маж оди кај сексолог и си ја кажува маката:
- Докторе, нешто многу чудно се случува. Кога имам секс со сопругата ми е многу ладно, а следниот пат ми е многу топло.

Потоа пак ми е ладно, па пак ми е топло. И се така наизменично.
Докторот:
- Никогаш не сум сретнал таков случај... Може ли да разговарам со вашата жена?
Следниот ден оди жената кај докторот. Докторот:
- Госпоѓо, ве повикав на разговор затоа што вашиот сопруг се жали на некоја чудна патологија со која прв пат се сретнувам. Вели при сексот со вас, еднаш му е многу студено, а наредниот пат му е многу топло...
Жената:
- Ништо чудно докторе! Еднаш во јануари, втор пат во јули!