Вашата соба

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
baby-girl-pink-room-designs.jpg


Вака нешто, во розевка боја ама не толку интензивно и не е толку детски.
П.С бели се ѕидовите :D
 

MimeQueen

Полноправен Член
13 јануари 2014
86
41
18
25
Зелена со Сиво.
Еден зелено-сив кревет,еден кремов кревет.Другото ми е се зелено,дури и терастата:
Ако пратам слика,сите ќе паднете од столче
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
16 квадрати исплеткани со кабли, празни шишиња, облека, растурен кревет...маса, столици, компјутер, шкаф, муз.систем, два прозора...Хаос.
 

belabelina

Истакнат Член
6 ноември 2014
94
25
318
36
Oхрид
Мoјaтa е зеленa како мене a тaвaнoт е жoлт, сaмa си јa фaрбaв и кoгa јa виде тaткo ми ке се oнесвестеше. Имa еден кревет и плaв плaкaр никaде не се вкoпувa aмa тoa е неписмени мајстори. Имa и еден трoсед тoј ми е зa aлиштa кoгa ги рaсфрлaм aмa кaкo кутиче ми е и многу ме oдмaрa бoјaтa
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Бели ѕидови, долу паркет, без теписон (моите неколку пати пробуваа да ми подметнат ама безуспешно), на ѕидовите две прекрасни слики (една од Франција, една од бившата (не од неа слика, ами од неа е купена, да не се сфатиме погрешно :D) , кревет за спиење, мала масичка за кафе и такви работи, биро во аголот а на него хаос: лап-топ, тетратки, пенкала, несесер, книвче од чоколадо, весник, бричеви... огромна како да ја наречам, ај полица, која се издига од подот до горе, полна со книги и зошто нема место за сите, некои се избуткани во ормарот со алиштата, други истуткани во оние за седење со внатре што можиш да си ставаш работи ( од џамбо од Грција, ако некој бил знае за што зборам)... и во главно тоа е. Некоја играчка на сестра ми таму-ваму пошто ми седе на лап топ кога не сум дома :mad:
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Мојата соба е розево со бело, има 1 кревет 2 шкавчиња за алишта, телевизор, прозор и вц :D
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Три четвртини покриена со ѕид, една четвртина со големи прозори и поглед кон Водно и Црниче од 10ти кат.
Масите поставени на светлата страна кај прозорите, левиот ѕид делумно обложен со дрвени вградени плакари, делумно еден од носечките надворешни столбови и делумно со полица со книги. Десниот дел со висечки даски со книги и музички цедеа и едниот од дрвените кревети. На останатиот дел закачена плута со неколку фотографии, неколку дрвени афрички маски и два каубојски шешира од слама. На задниот (влезниот) ѕид иста висечка полица со книги и едно цеде касетофонче, Доле вториот кревет (двата се во Г позиција), на останатиот дел од ѕидот 2-3 врамени уметнички слики. До носечкиот столб од лева страна една наткасна со дрвена макета од Empire State Building. Централен тавански лустер од ратан кој подеднакво фрла светлина на сите страни. Порано имав теписон, но ради неисплатливоста секоја недела да се усисава, сега е само паркет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape