Не е атеизмот движење против религиите. Воопшто.
Барем не во контекст да се организираат и залагаат да се наметнат како што тоа го прават религиозниве верувања и движења.
Атеизмот си е неверување само по себе, а Атеистите скоро и никогаш не се експонираат, ретко и да имаат некои здруженија (воглавно некои поодвеани во Америките), и не одат наоколу делејќи календарчиња со по некој научен факт за секој месец или флаери да ја промовираат својата (не)верба.
Едноставно, одлучиле да не веруваат, и тоа е тоа.
Него, мене стварно ми се коси со секоја логика некој да верува дека Атеизмот е секта, со самото тоа што сектите имаат религиски позадини.
Ама веројатно ние сме тие што правиме ритуали за земјотреси и поплави на Божество во кое не веруваме. Али шта чеш...
Тука ти се оние стереотипи „од дома научени“. Што се не би направиле родителите во процесор на воспитување на децата само да излезат што послични модели на нив. Стереотипи од „За да бидеш добар човек, мора да си верник“, па се до атеизмот дека е секта со неколку мастермајндс на чело кои им ги перат мозоците на младите. Булшит! Ме фаќа смеа.
Религиите како религии имаат конкретна цел да им покажат на луѓето кој е правилниот начин на кои би требало да се однесуваат, заради тоа што луѓето сами по себе немаат ни грам разум како да живеат меѓусебе и ќе настани општ хаос. Од една страна религиите се базираат на авторитет, а пак од друга ги подучуваат луѓето дека се исти меѓусебе и дека ти не си подобар од никој. Ист си како комшијата и некој јапонец што моментално лови риби од кајчето. Друго, заради тоа што немаме разум, стекнатиот страв послужил како едно многу добро решение. Кога ти ќе научиш луѓето дека има задгробен живот зависен од делата на овој сегашниов и со тоа ќе можеш буквално да им ги манипулираш животите, па испаѓа дека не се присутни кај атеизмот тие мастермајндс кои перат мозоци, туку кај религијата.
Друго, не ја порекнувам теоријата за креација и дека мејби има негде некојси креатор, туку само сакам да го потенцирам она „слепилото“ кое ви го наметнуваат свештениците. И вие што си ја фалите својата религија дека таа и само таа е точна, дали ако се родевте некои 500 километри полево-подесно ќе фалевте друга религија како единствено точна?