Атеизам (генерална дискусија)

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
оваа тема ја отварам да кажеме што мислиме за атеизмот...дали сме атеисти и зошто сме атеисти
да се кажуваат факти за атеизмот зошто се простира низ планетава
зошто верниците атеистите ги нарекуваа како ( ѓаволски синови ),
или атеизмот е некој вид на ( секта ) ??
зошто црквата е против мислењето на атеистите ??
ме интересира ваше општо мислење :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Laki-od-parkot

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
оваа тема ја отварам да кажеме што мислиме за атеизмот...дали сме атеисти и зошто сме атеисти
да се кажуваат факти за атеизмот зошто се простира низ планетава
зошто верниците атеистите ги нарекуваа како ( ѓаволски синови ),
или атеизмот е некој вид на ( секта ) ??
зошто црквата е против мислењето на атеистите ??
ме интересира ваше општо мислење :)

Секта е секое религиозно учење/движење! Ѓавослки синови може да биде метафора, или знак на налудничавост зависно од тоа колкав коефициент на лудило си стигнал.
Едно е сигурно, атеизмот кој вика оти е религија, или верување е слепец. Атеизмот е НЕВЕРУВАЊЕ во ВО РЕЛИГИЈА:)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои.

2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е.

3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.

4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле...

5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран.

6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество.

7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала.

8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен.

9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог).

10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник.

11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас се обидувам да се убедам себеси и мојот внатрешен духовен водич дека верата ми е потребна само како патоказ кон поставување на морални граници, етики.
Верата е сеопфатен поим во коленичење пред надмено-недефинирано божество, личен стравопочит од непознатото...
Не мора да биде Бог, нека биде дрво, комарец, папуча...нешто пред кое ќе си даваш личен отчет.
Затоа поштувам вера...

Иначе Атеистите, нека бидат здрави и живи. Нека виреат на овој свет со сите оние ставови дека не се изманипулирани...Што до некаде ми е смешно. Манипулацијата не е составен дел само на раката на илузорни суштества како Господ...ама добро.

Јас највеќе верувам во својот личен труд, во смислата на моето постоење на земскиов живот...Мислам дека ми е сосема доволно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin, Bibi@ and UnFleur

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Не ги разбирам атеистите...цело време дискутираат за нешто што според нив не постои. Тогаш зошто губат време на докажување со нас верниците? ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena, freak and JaMi

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
Не ги разбирам атеистите...цело време дискутираат за нешто што според нив не постои. Тогаш зошто губат време на докажување со нас верниците? ;)
губат време за да докажат се држат на факти
додека црквата пере мозок на народот атеистите пронаогаат факти дека се у право
ете затоа губат време....затоа што црквата му пере мозок на народот ;)
 

СаШеНкО

Нов член
26 февруари 2012
27
22
3
32
Скопје
Не ги разбирам атеистите...цело време дискутираат за нешто што според нив не постои. Тогаш зошто губат време на докажување со нас верниците? ;)



Кога ќе се свртам околу мене и ке видам какви глупости прават верниците во име на тој нивни бог (барем тие така викаат) ми станува криво за нив на некој начин.Посебно христијаните.Тоа што тие го прават и веруваат е една интересна комбинација од 3-4 различни религии и стари пагански обичаи од времето на многубоштвото.Сето тоа го прават за љубов на еден единствен бог чие име го задржале од христијанството (Исус) и имаат така испомешани вредности и верувања едни со други помеѓу себе што стварно е смешно тоа што се сметаат сите заедно за дел од една религија.И сигурно не е губење време тоа што го правам зошто го правам со задоволство.Прашањето дали постои бог или не е нешто што сите нас на некој начин не интересира.Без разлика што лично не верувам дека постои, ова е интересна тема за муабет и не треба да чуди никого зошто атеистите дискутираат на вакви теми.А и пологично е атеистите да дискутираат отколку верниците.Зошто верник кој е сигурен за постоењето на својот бог би му го докажувал тоа на некој? Додека пак атеист не е човек кој се родил таков, тој си барал одговори и дошол до ова што е.Нормално е за него да дискутира за постоењето на бог и да бара одговори од верниците ;)
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
broken-glass.jpg


Еве го мојот концепт за господ. На сликава како што можите да забележите, гледате полно парчиња стакло. Расеани низ цел под. Наваму натаму, големи, мали, остри, заоблени, во секакви форми и секое има различна функција. Ако оваа слика ви значи нешто, сигурно прво што ќе речите Е ОВА Е ЧАША. Ама сигурно дека не е. Чаша е ова:

Red_Wine_Glas.jpg


Oваа чаша,има нешто што тие парчиња погоре не го можат. МОже да стои, има изглед, има дизајн, совршено мазна и изработена, и може да се чува вино во нејзе и да се пие. Значи има ФУНКЦИЈА. Таа функција за овие парчиња стакло погоре, што ги гледате, на првата слика, е надреална, невозможна, па дури и фантастична. Е сега, како шо можите да зебележите од првата слика, и сите претпоставуваме дека е чаша, ама тоа се парчиња стакло, ама претпоставуваме оти е чаша. И кога некој би побарал доказ дали стварно е чаша, дали стварно чашата постои, парчето стакло не можи да докажи дека е чаша, или дека чаша постоела, ама сепак е дел од чашата, затоа што 2 парчиња излегуваат од 1 поголемо. Е сега, шо кога би одело по обратен концепт, од тие парчиња стакло, ако се спојат ЗАЕДНО,СЛОЖНО И СЕКОЕ СО СЕКОЕ БИ СЕ СПОИЛО, тогаш добиваме сосем нова димензија, или ЧАША како на втората слика.

Од овој муабет можи да се заклучи, според мојот концепт, дека господ - сме сите ние наоколу.Сите заедно. Од една целина, сме настанале, према мене како голема енергетска целина, пошто душата е енергија, преточена во милјарди и милијарди организми. И сепак, мислам оти овој концепт е точен, ако гледаме според природата. Ние дишиме кислород, а испуштаме цо2. Растенијата дишат цо2 а испуштаат кислород и имаме биолошки круг, и не само тоа туку и еден тон други поврзни работи во биолошкиот круг. Друг пример, за тоа “парчињата заедно формираат чаша“ е кога повеќе луѓе се собрани работат на еден проект па го достигнуваат невозможното. Сигурно дека, еден човек не би го измислил авионот, потребно е некој што ќе пронајде мотор, друг кој ќе пронајде радар, радио врски, па трет што ќе знае да тапацира седишта за удобно седење, четврт за дизајн петти за каросерија итн, значи колку повеќе луѓе работат заедно толку повеќе го достигнуваат “невозможното“, што према мене ако некогаш успее овај свет да снема војни, и омрази меѓу луѓето, не би требало да се восихитуваат на научно фантастични ликови туку фантазијата би преминала во реалност.

А кога некој ќе праша зошто чашата тогаш се скршила на парчиња, тогаш одговорот сигурно би бил, секое парче сакало да постани чаша....
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
се сложуам со горните 2 мислења
да во христијанството има пагански обичаи
а исто така и биологијата ја има во нашиот организам
пред се она докажува дека сме настанати од чокеколики мајмун нели ??
а прашањето ми е
зошто црквата го негира тоа ??
и зошто верниците веруваат дека сме настанати како што вика науката а веруваат во црквите кои му перат мозок дека тоа не е точно ??
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
се сложуам со горните 2 мислења
да во христијанството има пагански обичаи
а исто така и биологијата ја има во нашиот организам
пред се она докажува дека сме настанати од чокеколики мајмун нели ??
а прашањето ми е
зошто црквата го негира тоа ??
и зошто верниците веруваат дека сме настанати како што вика науката а веруваат во црквите кои му перат мозок дека тоа не е точно ??

Па према мене, исто е како да прашаш од што е настаната оваа чаша (на сликата погоре) па тука веќе следува едно јако филозофско прашање, треба да ја знаеш смесата што е замешана , изработката на стакло и ред други работи:)

Да бидасм прецизен не мислам оти сме настанати од мајмун, тоа е исто како да кажиш оти коњот настанал од магаре. Секој си има свој сличен вид, подвид и така натака, ни коњ настанал од мајмун , ни лавот настанал од мачка, и обратно туку спаѓаат во иста фамилија:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and cakar_ulav