Не е понижувачки, ама кога го плука името Господово со кое право после му се појавува во неговиот Дом?Ама не мешајте вера и традиција. Ако човек не е побожен, не значи дека не треба за бадник/божик да седне со најблиските на посна вечера, за Велигден дане вапца јајца, да не се венча во црква и сл. Традициите се наследство од нашите предци, се дел од нашиот идентитет и треба да се негуваат безразлика дали се христијански, пагански итакодаље. Јас не сум побожен, но уживам кога за Бадник сме сите дома собрани на трпеза и кршиме пита со паричка, во црква бев утрово како и секоја Недела, ми остана навика од времето кога бев побожен православен рисјанин но пак си одам со другарите у црква па на кафе, за Велигден одам в’црква и се кршам со јајца, а во мојот град колку само има и муслимани што одат за Велигден пред црква оти се дружат со македонци, одат сите од друштвото, зошто не и тие? Зет ми окорели атеиста, па со сестра ми се венчаа во црква. Нити он после тоа се порисјанчи, нити црквата се распадна. Традициите треба да се негуваат. Или можеби на некој атеиста му е понижувачки да отиде кај некого на слава, да вапца јајца или да седне на маса со семејството за Божик?
Со кое право после седнува на вечера и го слави неговото раѓање?
А за венчавањето. Па тоа да не коментирам воопшто.
Во денешно време и онака венчавањето во црква не е задолжително. Ако не си верник можеш да го скокнеш тоа.
Ама квази атеистите секогаш ќе најдат објаснување за тоа што прават во животот кога не дебатираат и не го црнат името Господово.