Третиот ден после смртта, жените малку подоцна од изгрејсонцето отишле во гробот. Требало да носат некои мириси со кои се премачкувало телото на умрените. Тогаш го нашле каменот отворен. Испаничени влегле внатре и не го нашле телото на Исуси.
Подоцна се појавиле мажи во светла облека и проговореле нешто во стилот: Зошто го барате оној кој е жив меѓу мртвите?
Не прашувам за библијата, туку за фрескоживописот во црквите.
Се претставува преку 2 сцени: Христос се симнува во адот и Мироносици на гробот.
Во Христос оди во адот, Христос е претставен во центарот на сцената, стои врз вратите на адот (тоа значи дека го победил), од десната страна клекнат е Адам кој му подава рака на Христос, а од левата Ева. Од страната на Адам е претставена група на светници кои неправедно завршиле во пеколот, а од страната на Ева е претставена група на грешници кои завршиле во адот пред да постои Исус (на пример, царот Давид, и Соломон, и Александар Македонски). Христос се симнал да ги избави од пеколот.
Во Мироносици на грбот, претставени се 3/4 жени кои носат миро и стојат запрепастени пред празниот гроб на Христос.
Поентата ми е, зошто не го претставуваат Хирстос како воскреснува? Зошто не се случило.