Атеист сум, не се срамам да го кажам тоа.
Верувам во наука, верувам во дарвиновата теорија на еволуцијата, верувам во големата експлозија (Биг бенг) и немам ама баш ниедно неодговорено прашање за потеклото и постоењето на човекот, светот и универзумот, па да барам некои „виши“ објаснувања.
НО!
Не се наметнувам себеси како атеист над другите, ја почитувам нивната религиозна (не)определба, и затоа и не сакам кога некој мене се обидува да ми наметне став на тоа поле, или да ме направи „будала на здрав мозок“...