Атеизам (генерална дискусија)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ама не мешајте вера и традиција. Ако човек не е побожен, не значи дека не треба за бадник/божик да седне со најблиските на посна вечера, за Велигден дане вапца јајца, да не се венча во црква и сл. Традициите се наследство од нашите предци, се дел од нашиот идентитет и треба да се негуваат безразлика дали се христијански, пагански итакодаље. Јас не сум побожен, но уживам кога за Бадник сме сите дома собрани на трпеза и кршиме пита со паричка, во црква бев утрово како и секоја Недела, ми остана навика од времето кога бев побожен православен рисјанин но пак си одам со другарите у црква па на кафе, за Велигден одам в’црква и се кршам со јајца, а во мојот град колку само има и муслимани што одат за Велигден пред црква оти се дружат со македонци, одат сите од друштвото, зошто не и тие? Зет ми окорели атеиста, па со сестра ми се венчаа во црква. Нити он после тоа се порисјанчи, нити црквата се распадна. Традициите треба да се негуваат. Или можеби на некој атеиста му е понижувачки да отиде кај некого на слава, да вапца јајца или да седне на маса со семејството за Божик?
Не е понижувачки, ама кога го плука името Господово со кое право после му се појавува во неговиот Дом?
Со кое право после седнува на вечера и го слави неговото раѓање?
А за венчавањето. Па тоа да не коментирам воопшто.
Во денешно време и онака венчавањето во црква не е задолжително. Ако не си верник можеш да го скокнеш тоа.
Ама квази атеистите секогаш ќе најдат објаснување за тоа што прават во животот кога не дебатираат и не го црнат името Господово.
 

ThyInfernium

Полноправен Член
29 август 2012
43
44
18
36
Хахаха! Ејјј мајко моја! Па добро бе, вие ако си прославувате не мора да значи дека сите ги прославуваат тие празници! Да, за велигден јадам јајца, пошто обожавам варени јајца! На водици никогаш не сум бил во село, пошто сите од селото се раселени, домашна слава не сме имале и за божиќ моите дома си прават вечера во чест на исус, но одкога им кажав дека не ме привлекуваат религиите и дека не верувам во нив, беа изненадени, но, после одреден период ме прифатија како таков и не ме тераат ништо со сила!

А тоа дека
религиите се извор на сето зло на светов
, се, затоа што СЕ измислени и инфилтрирани од страна на човекот, а и дека тие произлегуваат од човекот, точна е таа констатација, но, религиите се развиваат исто како што се развиваат и луѓето, фактички се оди на полошо и полошо, така да незнам што ќе се случи на крајот!
И за едно си во право, доста беше заморување за религиите, јас не верувам во нив, кој сака нека си верува, ако тоа го исполнува, мене тоа воопшто не ме исполнува. Секогаш постои верба, но ако не верувам во господ и исус, не мора да значи дека сум бесчуствителен и дека незнам да сакам, да знам што е тоа благосостојба! Секој на свој начин си го достигнува тоа, без разлика кој е и што е! Кај мене тоа го прави музиката, скоро 10 години сум по бендови, и неможам да се замислам без тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saturnia and Morticia.

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Дали е потребно после ова повеќе да објаснувам?
Инаку по дефиниција:
Религија претставува збир од верувања и практики кои се наменети за природата на светите нешта.

И бидејќи тука има некоја збуна од традиција и вера. Морам да ја појаснам дефиницијата.
Практиките се оние кои традиционално ни се префрлаат од поколенија на поколенија.
Славата - славиме името на светецот на нашата куќа.
Велигден - го славиме Исусовото Воскреснување.
Божиќ - го славиме неговото раѓање.

Ние бидејќи веруваме во нивното постоење. Го славиме нивното име, раѓање, воскреснување, крстување во светите води, раѓањето на Богородица.
А вие неверувате во ништо од тоа. Сепак дома вапцуваат јајца, неколку пати сте влегле во црква(приморани сте запалиле свеќа) и пак сте неверници.
Ма... во ред, така нека биде :)

Ти верник си? т.е дали се сметаш за верник?
само тоа ми кажи. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ThyInfernium

ThyInfernium

Полноправен Член
29 август 2012
43
44
18
36
А вие неверувате во ништо од тоа. Сепак дома вапцуваат јајца, неколку пати сте влегле во црква(приморани сте запалиле свеќа) и пак сте неверници.
Ма... во ред, така нека биде :)
Пријателе, кога некој е приморан, не го направил тоа со своја воља и тоа не го прави верник, да се разбереме! Ние кога се раѓаме немаме можност да избереме во што ќе и во што нема да веруваме, туку одма ги крштеваат новородените, а тоа е наметнато, значи не е како што пишува во библијата - секој по своја воља треба да верува во што он самиот ќе избере да верува!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saturnia

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Пријателе, кога некој е приморан, не го направил тоа со своја воља и тоа не го прави верник, да се разбереме! Ние кога се раѓаме немаме можност да избереме во што ќе и во што нема да веруваме, туку одма ги крштеваат новородените, а тоа е наметнато, значи не е како што пишува во библијата - секој по своја воља треба да верува во што он самиот ќе избере да верува!

Ако праеме муабет за верници, 90% од населението всушност и НЕ се верници. Зашто као прво ги прекршиле моралните вредности, да не зборам за 10те Божји правила and shit and stuff.
И тоа е, согласувам се со наметнувањето. Ја би повеќе верба у самиот себе, отколку во некој измислен. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ThyInfernium

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
375842_202850476512484_337095127_n.jpg
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Вака: Јас сум избрала да не верувам во религија, се држам до факти и сметам дека религијата е масло на обичен смртник со преголема желба за манипулација и доминација. Додека пак, од другата страна, сите кои што се држат за религијата, одбрале да веруваат во неа и во тој господ и дека тој создал се и такви други работи. Бидејќи религиозните луѓе ги има во мноогу поголем број, автоматски се полесни за манипулација и можеш полесно да ги натераш да прават разни работи. Не зборувам конкретно за никој, туку општо за сите религиски фанатици. Од тука произлегува тоа тврдење дека религијата е најголем извор на сето зло, бидејќи самите верници си го создаваат тоа зло во име на религијата која пак ја создал тој нивен господ. Од една страна, да, се враќаме на тоа дека човекот е извор на сето зло, но тој тоа го прави во име на тој негов општо прифатен господ, а од друга страна пак повторно сфаќаме дека пак човекот и само човекот е виновен за се и за добро и за зло. Нели второто звучи малце пологично?


Потоа, конкретно на форумов ние само дискутираме и взаемно се интересираме за ставовите од двете страни, а ако било кој тоа го сфатил како наметнување на мислење, тоа ја докажува умствената затвореност.
И искрено, не забележав никакво исмејување на верници :D
Сите се слободни да веруваат во што сакаат и како сакаат.
Да ја прочиташе темата убаво, ќе видеше што мислам за исмејувањето.
Хм, умствена затвореност, исмејување можеби или според тебе само ја збориш вистината претпоставувам?
Да да нели (bravo)
Ако човекот ја создал религијата според вас, и создава зло во име на својата религија, тогаш пак ќе прашам како може религијата да е извор на сето зло?
Сите верници не се фанатици, напротив има многу мирољубиви луѓе кои што не направиле на никого ништо.
Како што ти си одбрала да не веруваш, јас сум одбрала да верувам.
Има голема разлика од верник до фанатик.
Само затоа што постојат такви луѓе не значи дека цела религија е извор на сето зло.
И верувањето е многу повеќе од само одење во црква или празнување на празници.
Секој со свој избор.
Али со овој муабет можеме до недоглед, од мене толку.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Дали јас себе се сметам за верник? Тоа гледам дека некој ме прашал.
Поттчинет сум на некоја виша сила која ми дава волја за живот, и волја за да се ОБИДУВАМ колку што можам да ги следам основните негови заповеди.
ЧОВЕК сум, грешам, се покајувам, молам за прошка, се молам.
Не велам дека не сум скршнал од „божјиот пат“ не еднаш туку многупати, ама и сум се покајал... :)

Нема да ја продолжувам расправијава само ќе кажам...
Јас верувам во НЕГО, затоа што МИ ЈА исполнува душата.
ВИЕ имате право да ВЕРУВАТЕ или НЕВЕРУВАТЕ, ако тоа ви ја исполнува душата :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and redhead