Атеизам (генерална дискусија)

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Третиот ден после смртта, жените малку подоцна од изгрејсонцето отишле во гробот. Требало да носат некои мириси со кои се премачкувало телото на умрените. Тогаш го нашле каменот отворен. Испаничени влегле внатре и не го нашле телото на Исуси.
Подоцна се појавиле мажи во светла облека и проговореле нешто во стилот: Зошто го барате оној кој е жив меѓу мртвите?

Не прашувам за библијата, туку за фрескоживописот во црквите.
Се претставува преку 2 сцени: Христос се симнува во адот и Мироносици на гробот.
Во Христос оди во адот, Христос е претставен во центарот на сцената, стои врз вратите на адот (тоа значи дека го победил), од десната страна клекнат е Адам кој му подава рака на Христос, а од левата Ева. Од страната на Адам е претставена група на светници кои неправедно завршиле во пеколот, а од страната на Ева е претставена група на грешници кои завршиле во адот пред да постои Исус (на пример, царот Давид, и Соломон, и Александар Македонски). Христос се симнал да ги избави од пеколот.
Во Мироносици на грбот, претставени се 3/4 жени кои носат миро и стојат запрепастени пред празниот гроб на Христос.
Поентата ми е, зошто не го претставуваат Хирстос како воскреснува? Зошто не се случило.
 

ThyInfernium

Полноправен Член
29 август 2012
43
44
18
36
Ако прочепкаш по некои мои други пишувања ќе видиш дека јас Господ го гледам како љубов и чуство на сигурност. Нешто што бодри кога сум слаб со волја.
Исто така ако видиш горе што сум пишал:
Се‘ додека срцево ми е полно со љубов додека мислам на него, не ми треба доказ.
ќе сфатиш дека кога станува збор за Бог не ми треба доказ.

А кога се работи за мојот потпис. Во него го зборувам односот со луѓето, а не со божествата.
Значи слепо веруваш во нешто што ти дава благостојба на умот и телото? Добро, ти си знаеш најдобро, не ти се мешам, сепак твои верувања и тези се тоа.
Кај мене е обратно, не верувам слепо во ништо, мора прво да видам доказ за тоа! Значи збориме конкретно за приказните на црквата, сето тоа ми е научна фантастика, а и сите знаеме дека црквата е еден голем октопод кој ги лапа парите, зејтинот и крпите на народот, за подобро здравје хах... Е тоа не го оправдувам воопшто, затоа што се ти е пласебо ефект, ако сам не си направиш да ти биде добро, верувај ми, никој нема!
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Третиот ден после смртта, жените малку подоцна од изгрејсонцето отишле во гробот. Требало да носат некои мириси со кои се премачкувало телото на умрените. Тогаш го нашле каменот отворен. Испаничени влегле внатре и не го нашле телото на Исуси.
Подоцна се појавиле мажи во светла облека и проговореле нешто во стилот: Зошто го барате оној кој е жив меѓу мртвите?
Веруваш во ова?
Ако да, кажи ми како и јас да почнам да верувам дека приказната е Вистина?
Очекувам одговор од типот ’’така во Билијата пишува, мора да е вистина’’.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Религијата е извор на сето зло кое владее на земјата.
Плус се е имагинариум од човечкиот ум, да се постигне ефект - контрола врз масата луѓе, на кои секако им треба духовна поткрепа, да имаат на некого да се молат, да најдат внатрешен мир. Сето тоа е добро осмислено, добро испланирано, едноставна приказна која носи пари, моќ и владеење со народот! И покрај тоа што науката до ден денес го има докажано и е спротивно од она што религиите го претставуваат, луѓето пак слепо веруваат во религиозната фикција.
ThyInfernium убаво кажа, Религијата е навистина извор на сето зло, таа е ограничувачка и не прави сите нас слепи.
Се надевам дека некогаш ќе ги отворат очите :nerd
Како прво и основно не ми е јасно (мислам на првите две болдирани) како религијата е извор на сето зло, ако според вас ја создал човекот? По некоја логика би требало тогаш да биде дека човекот е извор на сето зло на светот, затоа што секој си ја тумачи религијата, како што него му одговара. Тогаш како може религијата да биде извор на сето зло?
Многу контрадикторно.

Третото болдирано, ние верниците не спаѓаме во некој култ па да мораме да си ги отвараме очите.
Ама па уште поинтересно е дека атеистите се тие што повеќе се замараат со религијата, да докажат зашто не постои Господ, и да наметнат мислење.
Значи секој си има право дали ќе верува или не.
Вие трудете се да рационализирате колку сакате, но тоа не ви дава за право да исмејувате некого само заради тоа што е верник.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Мортидо
ThyInfernium
DarkPassenger
cakar_ulav
Значи ме мрзи да ве цитирам сите, што значи само ве означив да прочитате.
Јас не се колнам во Библијата и не ја ставам главата во огон да тврдам дека е точна, ама и не се осмелувам да кажам дека не е точна и не е вистинита.
Едноставна причина е што досега, се’ кажано против неа се базира на теза и антитеза.
Библијата кажува дека први луѓе се Адам и Ева, Дарвин ни зборува за мајмуните и слично.
Има доказ за тоа? Нема.
Бидејќи нема јас не се пелтечам пред сите да го валкам името Господово и да се самоиздигнувам над верниците како „Јас знам дека не постои вие сте прости неуки будали“ јас само оставам волјата и љубовта кон НЕГО, да ми ја исполнува душата.
За тоа немам потреба да се објаснувам на никого ниту пак да им полагам докази.
Мене вербата во него ми дава мир. Славата која ја славам за светецот на мојот дом ми дава уште поголем поттик, желба за одење кон вистинскиот пат(оној кој јас го сметам за вистински).

За воскреснувањето - не ти го сфатив прашањето иако ти било јасно поставено се извинувам.
Точно, Исус слегол во пеколот и Со Себе ги вивнал во небото оние светци кои заслужувале и кои неправедно биле оставени во пеколот.
Ако меморијата добро ме служи на една од сликите е покажано светло кон небото... Во буквална смисла тоа е издигнувањето.

И последна работа, да ве запрашам сите неверници. Колку пати во животот биле во црква? Дали сте се пијанеле на водици во селата? Дали на велигден кршите и јадете јајца? Дали на божиќ спремате вечера во кругот на семејството? Имате домашна слава?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Lena

Saturnia

Нов член
31 август 2012
27
24
3
Како прво и основно не ми е јасно (мислам на првите две болдирани) како религијата е извор на сето зло, ако според вас ја создал човекот? По некоја логика би требало тогаш да биде дека човекот е извор на сето зло на светот, затоа што секој си ја тумачи религијата, како што него му одговара. Тогаш како може религијата да биде извор на сето зло?
Многу контрадикторно.

Третото болдирано, ние верниците не спаѓаме во некој култ па да мораме да си ги отвараме очите.
Ама па уште поинтересно е дека атеистите се тие што повеќе се замараат со религијата, да докажат зашто не постои Господ, и да наметнат мислење.
Значи секој си има право дали ќе верува или не.
Вие трудете се да рационализирате колку сакате, но тоа не ви дава за право да исмејувате некого само заради тоа што е верник.


Вака: Јас сум избрала да не верувам во религија, се држам до факти и сметам дека религијата е масло на обичен смртник со преголема желба за манипулација и доминација. Додека пак, од другата страна, сите кои што се држат за религијата, одбрале да веруваат во неа и во тој господ и дека тој создал се и такви други работи. Бидејќи религиозните луѓе ги има во мноогу поголем број, автоматски се полесни за манипулација и можеш полесно да ги натераш да прават разни работи. Не зборувам конкретно за никој, туку општо за сите религиски фанатици. Од тука произлегува тоа тврдење дека религијата е најголем извор на сето зло, бидејќи самите верници си го создаваат тоа зло во име на религијата која пак ја создал тој нивен господ. Од една страна, да, се враќаме на тоа дека човекот е извор на сето зло, но тој тоа го прави во име на тој негов општо прифатен господ, а од друга страна пак повторно сфаќаме дека пак човекот и само човекот е виновен за се и за добро и за зло. Нели второто звучи малце пологично?


Потоа, конкретно на форумов ние само дискутираме и взаемно се интересираме за ставовите од двете страни, а ако било кој тоа го сфатил како наметнување на мислење, тоа ја докажува умствената затвореност.
И искрено, не забележав никакво исмејување на верници :D
Сите се слободни да веруваат во што сакаат и како сакаат.
 

Saturnia

Нов член
31 август 2012
27
24
3
И последна работа, да ве запрашам сите неверници. Колку пати во животот биле во црква? Дали сте се пијанеле на водици во селата? Дали на велигден кршите и јадете јајца? Дали на божиќ спремате вечера во кругот на семејството? Имате домашна слава?[/quote]


Колку и да звучи нелогично или невистинито во мојот живот во црква сум била најмногу 5-6 пати.
На водици не сум присуствувала и никогаш не сум ја сфатила смислата на прославувањето на тој празник.
На велигден кршам и јадам јајца само затоа што ја сакам салатата со варени јајца и марула.
На божиќ колку и да звучи иронично ми е роденден и не, не правиме семејна вечера туку излегувам и прославувам како што ќе ми текне.
Домашна слава немаме.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Ама не мешајте вера и традиција. Ако човек не е побожен, не значи дека не треба за бадник/божик да седне со најблиските на посна вечера, за Велигден дане вапца јајца, да не се венча во црква и сл. Традициите се наследство од нашите предци, се дел од нашиот идентитет и треба да се негуваат безразлика дали се христијански, пагански итакодаље. Јас не сум побожен, но уживам кога за Бадник сме сите дома собрани на трпеза и кршиме пита со паричка, во црква бев утрово како и секоја Недела, ми остана навика од времето кога бев побожен православен рисјанин но пак си одам со другарите у црква па на кафе, за Велигден одам в’црква и се кршам со јајца, а во мојот град колку само има и муслимани што одат за Велигден пред црква оти се дружат со македонци, одат сите од друштвото, зошто не и тие? Зет ми окорели атеиста, па со сестра ми се венчаа во црква. Нити он после тоа се порисјанчи, нити црквата се распадна. Традициите треба да се негуваат. Или можеби на некој атеиста му е понижувачки да отиде кај некого на слава, да вапца јајца или да седне на маса со семејството за Божик?
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
И последна работа, да ве запрашам сите неверници. Колку пати во животот биле во црква? Дали сте се пијанеле на водици во селата? Дали на велигден кршите и јадете јајца? Дали на божиќ спремате вечера во кругот на семејството? Имате домашна слава?


Колку и да звучи нелогично или невистинито во мојот живот во црква сум била најмногу 5-6 пати.
На водици не сум присуствувала и никогаш не сум ја сфатила смислата на прославувањето на тој празник.
На велигден кршам и јадам јајца само затоа што ја сакам салатата со варени јајца и марула.
На божиќ колку и да звучи иронично ми е роденден и не, не правиме семејна вечера туку излегувам и прославувам како што ќе ми текне.
Домашна слава немаме.[/quote]

Го стиснав копчето “Ми се допаѓа“ само затоа што ми е мило доколку си вака среќна и исполнета. Можеби сама си силна и не ти треба никое друго чувство на вера, надеж и се што доаѓа со зборот верување.
Исус рекол : Прости им Господе, не знаат
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Дали е потребно после ова повеќе да објаснувам?
Инаку по дефиниција:
Религија претставува збир од верувања и практики кои се наменети за природата на светите нешта.

И бидејќи тука има некоја збуна од традиција и вера. Морам да ја појаснам дефиницијата.
Практиките се оние кои традиционално ни се префрлаат од поколенија на поколенија.
Славата - славиме името на светецот на нашата куќа.
Велигден - го славиме Исусовото Воскреснување.
Божиќ - го славиме неговото раѓање.

Ние бидејќи веруваме во нивното постоење. Го славиме нивното име, раѓање, воскреснување, крстување во светите води, раѓањето на Богородица.
А вие неверувате во ништо од тоа. Сепак дома вапцуваат јајца, неколку пати сте влегле во црква(приморани сте запалиле свеќа) и пак сте неверници.
Ма... во ред, така нека биде :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena