Оти секогаш се заљубвам во некој зафатани чупиња не мие јасно..ќе ми се укажи прилика ќе засакам некоја и ете или таја има дечко или сака да биде слободна (т.е. нејќи врска) сварно не сваќам :S
немам никогаш среќа во љубовта
е ваков лузерски став околу тоа колку се нема среќа у љубов не ми е ич јасен. Како тоа, секогаш тебе ти се дешава вакво нешто? Си се запрашал ли поради која причина се фаќаш во таква ситуација? Дали икад се дешава ова одма коа ќе запознаеш цура или треба време да помине, она да си фати дечко па ти да кукаш зашо фатила?
Зошто не реагираш малку повеќе? Цура сака дечко кој реагира, ма колку и да бараат фини момци. Финост е една ствар, но ако не и` покажеш и докажеш дека имаш емоции, ако ќутиш и глеаш на страна, нормално некој ќе ти ја земе.
За оние кои нејќат врска, тоа е само привид. Не постои цура која нејќе врска, они сакаат некој да биде до нив, да им докажува дека се убави, паметни. Внимание си бараат. Но не и претеризам. Врската е одлично склониште и топ место за женски егобуст.