Поентава на твоите постови е дека сега, у мизеријава која се дешава овде е поубаво за живејачка? И што си запнала со тој Ченто... што ако не го убиле?
А мислиш дека тогаш не живееле во мизерија? Живееле во божемна економски стабилна земја. Секако, со позајмици кои мораат да се вратат.
Едни Грци нека ти се пример, 30 години речиси и да нема невработеност, сите среќни, задоволни, коли, одмори, станови... народот мирен, зошто има, а дупката се копа, ли, се копа.
Југославија 10 години беше во криза, мораше еден ден да пукне.
И пукна.
И да, ќе зборам за Ченто, и за сите како него. Зошто многу подобро и пореално ја гледаа ситуацијата, од напатениот народ, кој само бараше излез од вековното ропство. Не му беше више гајле ни за Македонецот од Егејска, ни за печалбарот.
Во тој период, малку имало образовано македонско население. Одело кај што дува ветерот. Оние интелектуалци, кои биле вистински Македонци, биле убиени. А потоа на овој народ, мозокот ставен во центрифуга.
Не може и овците да бидат на број, и волкот сит. Односно, не може сите да имаат се, и државата да просперира. Мора да има сиромашни и богати, проблемот е, што, во не така далечна историја, едни други (а не комунистите) направија таков пустош овде, што ќе треба уште пола век за да се опоравиме. Не е проблем во друго, во нашиот менталитет е. Прво, единствено што го правевме 5 века, е орање ниви, кога дојдоа комунистите не подлажаа со братство и единство, со не многу работа - но добра заработувачка.
Македонците се мрзлив народ, кога тоа ќе се промени, ќе се промени и нашата ситуација.
И не ни е крив Бранко, не ни е крив Никола. Криви сме си самите. Ние сме пасивен народ. Пробај со Германците да правиш што сакаш. Ние сами себе се гледаме како жртви, а не како борци.