Југославија - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
И да, заборавив да напоменам ... ги испомешавме работите. Јас зборам за економијата тогаш и сега, а ти, ТheKitten, за патриотизам. И јас сум патриот, и јас сакам слободна и суверена и демократска и секаква Македонија ... но имаме западњачки стандард на цени, а мизерни плати... нешто мора да се смени овде.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Поентава на твоите постови е дека сега, у мизеријава која се дешава овде е поубаво за живејачка? И што си запнала со тој Ченто... што ако не го убиле?

А мислиш дека тогаш не живееле во мизерија? Живееле во божемна економски стабилна земја. Секако, со позајмици кои мораат да се вратат.
Едни Грци нека ти се пример, 30 години речиси и да нема невработеност, сите среќни, задоволни, коли, одмори, станови... народот мирен, зошто има, а дупката се копа, ли, се копа.
Југославија 10 години беше во криза, мораше еден ден да пукне.
И пукна.
И да, ќе зборам за Ченто, и за сите како него. Зошто многу подобро и пореално ја гледаа ситуацијата, од напатениот народ, кој само бараше излез од вековното ропство. Не му беше више гајле ни за Македонецот од Егејска, ни за печалбарот.
Во тој период, малку имало образовано македонско население. Одело кај што дува ветерот. Оние интелектуалци, кои биле вистински Македонци, биле убиени. А потоа на овој народ, мозокот ставен во центрифуга.

Не може и овците да бидат на број, и волкот сит. Односно, не може сите да имаат се, и државата да просперира. Мора да има сиромашни и богати, проблемот е, што, во не така далечна историја, едни други (а не комунистите) направија таков пустош овде, што ќе треба уште пола век за да се опоравиме. Не е проблем во друго, во нашиот менталитет е. Прво, единствено што го правевме 5 века, е орање ниви, кога дојдоа комунистите не подлажаа со братство и единство, со не многу работа - но добра заработувачка.

Македонците се мрзлив народ, кога тоа ќе се промени, ќе се промени и нашата ситуација.
И не ни е крив Бранко, не ни е крив Никола. Криви сме си самите. Ние сме пасивен народ. Пробај со Германците да правиш што сакаш. Ние сами себе се гледаме како жртви, а не како борци.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
И да, заборавив да напоменам ... ги испомешавме работите. Јас зборам за економијата тогаш и сега, а ти, ТheKitten, за патриотизам. И јас сум патриот, и јас сакам слободна и суверена и демократска и секаква Македонија ... но имаме западњачки стандард на цени, а мизерни плати... нешто мора да се смени овде.....

Менталитетот друже, реков веќе :) Јас немам ништо против економско обединување со земјите од СФРЈ и не само со нив. Но, економскиот систем бил лажно добар. Зошто не рикнат Германците, на пример? Англичаните? Швајцарците? Австријците? Никој од нив не живее некаков извртен социјализам, сите се тие капиталистички земји. А сепак имаат низок процент на невработеност, и генерално стабилни економии.
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Менталитетот друже, реков веќе :) Јас немам ништо против економско обединување со земјите од СФРЈ и не само со нив. Но, економскиот систем бил лажно добар. Зошто не рикнат Германците, на пример? Англичаните? Швајцарците? Австријците? Никој од нив не живее некаков извртен социјализам, сите се тие капиталистички земји. А сепак имаат низок процент на невработеност, и генерално стабилни економии.
Те поддржувам за менталитетот. И за тоа дека ние Македонците сме мрзлив народ... Треба да излечиме тоа комплексите и да се фаќаме за работа, ако сакаме да оставиме некаква иднина на генерациите после нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and TheKitten

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
У Францију социјалист претседател. Јаоо, колко само ќе ми е мило да пукне овај европска унија, пи:cenzura им материна фашистичка...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho and Luckky