Па сигурно дека не со традиционалните:
- Кршење витка и намастена снага во маало, со груда у преден план највише ради новиот цветен ф`стан и беж сандалки...Чочекот пред џамот на комшијата и нишкање на глава со звукот на кларинетот на Рамче..
- Испотени сватови со намокрени мишки и фамозното „СКОПСКО“ у рака,
- Баби, солзви, јатрви, тетки, стрини.... со сарми фризури и величење на спомени из детинства, кршење крилца на коковче, буткање врата и држ-недај стање на прашањето ќе ја дадат невестата али нема да ја дадат.
- У никој случај просјачкото баци рака!!!...и така натаму..
Нека сум фашиста, нека сум грешник ама не ги почитувам нашите бабски обичаи и ако даде Господ некој да ме истрпи и да ме прибере у куќа, нашата церемонија на која ќе го потврдиме тоа, ќе биде креирана од нашите и само нашите вкусови и желби.