Како би сакале да изгледа Вашата свадба?

невестето

Полноправен Член
14 февруари 2012
39
59
18
домче
или како изгледала?
дали сакате тоа да биде огромна забава со милион гости или едноставна и интимна церемонија?
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Ако почнам да пишувам каква сакам да е мојта свадба, цел ден треба да сум пред пц :) накратко кажано, ја сакам со многу гости, и сојот ми е многу голем така да... сакам да е на отворено, да има романтика итн итн... :D и да едвај чекам да се мажам :rofl
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Сакам да биде интимна со одредени луѓе и не сакам ни најмалку да личи на традиционална македонска свадба. Не сакам свирачи, зурли и тапани, народно и играње оро. Сакам да ми свири cover бенд со смирени и убави песни кои мене и на мојот сопруг му се свиѓаат. Сакам разновидна здрава и лесна храна да се сервира, а не скара, кебапчиња, стекови, помфрит, шопска и сл. Сакам да има весела и светла атмосфера, кога би бирала како од сон, би избрала на плажа покрај океан.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Па сигурно дека не со традиционалните:

- Кршење витка и намастена снага во маало, со груда у преден план највише ради новиот цветен ф`стан и беж сандалки...Чочекот пред џамот на комшијата и нишкање на глава со звукот на кларинетот на Рамче..

- Испотени сватови со намокрени мишки и фамозното „СКОПСКО“ у рака,
- Баби, солзви, јатрви, тетки, стрини.... со сарми фризури и величење на спомени из детинства, кршење крилца на коковче, буткање врата и држ-недај стање на прашањето ќе ја дадат невестата али нема да ја дадат.

- У никој случај просјачкото баци рака!!!...и така натаму..

Нека сум фашиста, нека сум грешник ама не ги почитувам нашите бабски обичаи и ако даде Господ некој да ме истрпи и да ме прибере у куќа, нашата церемонија на која ќе го потврдиме тоа, ќе биде креирана од нашите и само нашите вкусови и желби.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Jericho

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Како од бајките :)
Јас во огромна венчаница како на пепелашка во овој стил 1.jpg
Со букет рози во светло лилјакова и бела боја , со деверуши во светло лилјакови фустани,а сопругот да носи црно оделно,бела кошула и свело лилјакова кравата :D
Сите детали всушност сакам да бидат во таа боја,а ресторанот во кој што ќе биде забавата да биде со тараса со базен, бендот да свири до вечерата а после тоа да има DJ којшто ќе ја загрее атмосферата со rnb , hip hop хитчиња и после after party се прави во некоја од скопските дискотеки :D
А да,за во дискотека ќе го соблечам долниот дел од фустанот,ќе облечам кратко сукњиче :)
 

Elena

Истакнат Член
14 февруари 2012
155
169
343
Home.
Интересна тема :)
Од една страна сакам да не бидит многу голема и раскошна , со малку луѓе (оние што се најблиски) и некаде на отворено , на зајдисонце , покрај море , или океан..со свеќички на песокот, :rolleyes, а од друга страна пак сакам огрооомна свадба со премногу луѓе , и торта на 12 ката а за венчаницата и накит .. не знам :D
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
се знај како зурли тапани.. трубачи..и све остало од инструменти.. па кршење тука по улица, па чочеци мислам ,све свашта ке има... да се знај јас ко ке се женам....:rofl .
 

Libra

Староседелец
15 февруари 2012
208
327
673
Желба ми е да направам свадба на остров далеку од сите само со најблиските пријатели. А ако не ми се оствари сигурно не би правела голема традиционална свадба со многу гости.