Јас сум една од ретките женски шо мразат свадби. Зошто толку работа, пари, трчања по еден куп ствари. И за шо? За 300 души после да имаат шо да озборуваат? Јас сум за потпис у матично со двајца сведоци, после на ручек со нив и ништо повеке од тоа. Ако на нешто дадам пари тоа ке биде на некое патување.
Реално, у денешно време свадбите се луксуз. Со 5000-6000 евра колку шо чини една свадба има цел стан да го средеш тип топ, а не да спиеш на сокршени даски и испаднати федери од некој стар кревет. Свадбата трае неколку саата, а последиците од потрошените пари се осекаат долго време после тоа.