Како би сакале да изгледа Вашата свадба?

Maks

Староседелец
се знај како зурли тапани.. трубачи..и све остало од инструменти.. па кршење тука по улица, па чочеци мислам ,све свашта ке има... да се знај јас ко ке се женам....:rofl .
Традиционална исто како Jackal :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Кога ќе има кандидатка ќе му ја мислам подетално ама знам дека нејќам традиционална, убаво кажа True_Blood такви глупости со цигани пред зграда оро, запотени сватови и некои 15ти братучеди, бабишта, тетки што појма неам кои се што ти доаѓаат со муабет: еее од мало те знам кога се роди, дојде сеа време да те жениме и тука во глава ти се врти WTF? кој си ти? Па некои тетки расплакани како да не праќаат на робија со невестата а не да почнуваме заеднички живот, од такви ситуации ме фаќа да не кажам каква столица, знам дека звучи грубо ова ама ич не ми е гајле. Па кафани, ресторани со 200 луѓе? Нема теоретска шанса, не ја разбирам поентата на збирање на толку луѓе, терање на такви клише глупости, кога пола од нив ништо не ми значат и не ми се ни блиски, нареден пат ќе ги видам на некоја друга свадба... Сепак тоа го сметам како поинтимен момент, кај што ќе бидат стварно најблиските, во полабава атмосфера без некои самопрогласени певаљки и чкарт музика со моментот “сваќе-аќе-аќе“ тоа не ме весели, тоа не е начинот на кој се осеќам како да го прославувам еден од најважните моменти во мојот живот. Мала прослава, лабава музика, невестата под рака, пасошот во џеб и си тераме некое романтично крстарење или патување ( а има добри пониди вон сезона), сепак е тоа наш момент и наше славење за понатамошниот наш заеднички живот и сметам дека така најдобро ќе си го прославиме и ќе си почастиме душа во име на тоа :D
 

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Што знам мене не би ми пречела ни "традиционална" македонска веселба, ниту нешто понеконвенционално за нашите простори. Али како и да e, кога и ако дојде време за таков чекор, битно чоекот да ти се погоди, друго се ќе помине.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
На плажа, не многу луѓе. До 60-70 максимум. Досадно е се во ресторани и хотели.

А може да изгледа и вака:
Ова стварно вреди да се погледне цело.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Охоооо ако јас почнам да фантазирам ,можда нема никад да се оствари ,вака боље да си ќутам ,па што ми даде Господ таква нека биде или можда и без свадба ,важно мужот да ми е добар :playfull
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Се ежам од самата помисла на зборот свадба.Нека дојде моментот за 5-6-7 години па ќе ви кажам како било, зашо сигурно дека неам моментално никаква идеја, нити пак воопшто сум размислувал за тоа :D
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
ако сите викаат јас брат сакам свадаба лабава, ваква или онаква.. пак на крај сите ке завршите со 300 -400 гости, со поднапиени сватови шо си пеат..." чедо мое ,чедо твое се заскале.".. то е реалноста...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin, Bum-Bum and marjan

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Скромна прослава... само најблиските роднини, оние со кои контактирам постојано а не 5ти братучеди шо никад у живот ги неам видено и блиски пријатели. Не би носела ни венчаница туку некое поскромно фустанче. Со тие пари шо би ги дала за церемонија за 400 души би си уредила едно станче со средна големина или би прошетала некаде