Иако ми е многу рано за свадба, сепак имам некои замисли. Или ќе биде нормална свадба со 100-150 гости, зашто и мајка ми и татко ми се од големи семејства, па најверојатно така и ќе биде, ако дојде некогаш тој ден. Или пак мала со најблиските роднини и пријатели, односно максимум 50 гости. Не сакам баби, тетки, стрини од 10то колено кои прв пат во животот ги гледам. Сакам да биде на отворено. Не сакам народна музика, ќе донесам DJ. За венчаницата пишав во темата "Венчаници", односно издвоив фаворити, бидејќи имам многу. Со неа нема многу да се замарам, зашто сите знаат која ќе биде невестата. Но, има време до тогаш. Само човекот дс ми ср погоди.