Па нема некоја девојка што не си размислувала за својата свадба..
Јас сакам свадба некаде на отворено, претходно без традициите и адетите. Си се венчаваме јас и тој во црква и матично, сами, нема потреба таму од многу гости. Доволни се членовите само на најтесното семејство. Нема потреба и од доаѓање по невестата, па таму играње, кршење, па цело маало искочило по пластични влечки и отпарани елечиња, па гледаат.. Ехеее
Потоа си идеме со такси на местото, не ми требаат лимузини, кочии и пајтони..
Местото може да биде пример на базен, на ливада, во двор или ете некаде покрај плажа. Првенствено сакам да биде журка, со добра музика по мој вкус, пошто нели е мој ден..
Никако не ги сакам песните од типот черешна се од корен корнеше, па тука да паѓаме во депресија и да плачеме..
Сигурно ќе има некои ретро хитови за денсање, и баладички за танго.
За облека... Сакам едно ултра кратко бело фустанче : ))
Ова ми е желба, па тешко мене ако ми се погоди некој традиционален зет : ))