Готска поезија

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
П О К А Н А

Ве поканив на вечера,
не дојдовте,
проклета сум,
не сум носена во црква.
Сотона ми е кум.
Мојата душа е проколната.
Испеаните песни
не ги слушнавте,
не се за вашите уши,
душава ми е празна.
Сотона ми кажува стихови,
мојата душа е проклета
Јас сум поет!
Дајте ми друго име!

Даница Петровска

Од објавената книга „Готска жена“

2uz9tli.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Utopian and Мортидо

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Казна

И молњи од небото пратени беа
половина земја во прав се претвори,
и секој створ што таму се најде
повеќе ни гледа, повеќе ни говори.
И Мајката Земја утробата ја отвори
грешниците ги казни за времињата минати,
кога го погледнаа своето царство во пепел,
останаа само со устите позинати.
Тоа царство со години, што на туѓа мака го градеа,
од Белата Вода до Шумата Света
вечна агонија сега завладеа.
И битка ќе спрема со Витезот од Север
таа Црна Тиранка параноја што ја обзеде
чесното Кралство сака да го пороби
повторно во бездна народот да го одведе.
Но разбери ти грешнице, ти изроду на кентаурот
за злобата твоја знае Креаторот.
Твоите црни намери вкоренети во умот
ќе изчезнат со тебе засекогаш од Универзумот!!!

tur_sadom_i_gomora.jpg
 

Utopian

Нов член
3 април 2012
27
24
3
30
Чекај ме таму

Тивко пепел на земјата паѓа.
Реалноста во далечина се губи.
Чекај ме таму каде што злото се раѓа,
каде што темнината ужасот го љуби!
Нечија душа маглата ја моли,
да го заброави минатото, што боли!
Чекај каде што смртта в очи ќе те гледа,
кога на темен ѕид ќе пишуваш со црна креда.

Можеби ќе здогледаш сенки
што на крв ќе личат,
и ќе слушнеш гласови од демони што квичат,
Но не се откажувај и чекај ме каде што болката гори,
во часот кога попусто е човек да се бори!
Не плаши се кога ќе сретнеш некоја изгубена душа,
или одраз во огледалото што заборавило да се смее.
Лелек за помош од никаде се слуша,
гледаш привидна слика на дете, солзи лее!

Каде грешници за своите грешки, тивко се каат,
барајќи прошка пред гробишта празни
,дека во погрешен правец тргнале знаат
,следејќи ги во животот знаците лажни.
Лажна сирена ќе засвири понекогаш,
се сеќавам таму сум бил.
Чекај ме попусто засекогаш,
под пеколот, каде што ни ѓаволот не бил.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Danicleo and Scars31

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Мило ми е што оваа тема прерасна во прекрасна готска поезија:)
Мортидо,не ти ја знам оваа песна,и мило ми е што повторно ги читам твоите стихови:)
Секоја чест за членот Utopian..мило ми е што имам пријатели по перо во темната уметност...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Utopian and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Мило ми е што оваа тема прерасна во прекрасна готска поезија:)
Мортидо,не ти ја знам оваа песна,и мило ми е што повторно ги читам твоите стихови:)
Секоја чест за членот Utopian..мило ми е што имам пријатели по перо во темната уметност...
отворена е и соодветна тема во форумот Литература и книжевност
http://forum.crnobelo.com/threads/Готска-Поезија-карактеристики-значајни-автори-и-дела-цитати.1898/
се надевам ќе ја збогатите :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Danicleo

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56

К У К Л Е Н Т Е А Т А Р
Трпеливо чекам
ќе заврши првиот чин,
театар со дрвени кукли
конците ги влече некој друг.
Трпеливо чекам
ќе заврши вториот чин,
театар со многу кукли,
конците ги влечат сите.
Трпеливо чекам
ќе завршат сите чинови,
ќе ги скинам сите конци,
без конците е полесно.
Куклениот театар нема душа,
ќе ги запалам сите конци,кукли,
никој повеќе не може да управува,
никој повеќе нема да биде кукла.


Даница Петровска


Од објавената книга „Готска жена“-2011
1004262d.jpg
 

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
С О Н
Сонив сон,
самовили играа,
за рака ме фатија
глуво оро игравме.
Нозе копита,
од раце им крв тече,
коси им змии
сакаа да ме отрујат.
Ветрот силно задува
самовили ги однесе,
пред мене чистина,светлина во очи,
темнината исчезна.
Од далечина гледам мајка
го дои своето чедо,
од пупки и крв тече
на чело крст врежан.
Тажен поглед зборува се,
изгубена надеж
син и да воскресне
надеж да даде.
Сонив сон,
самовили глуво оро играа
во раце им јаболко
семе на злото го посадија.

Даница Петровска

Од објавената книга „Готска жена“-2011


41276905.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мортидо and Utopian