Казна
И молњи од небото пратени беа
половина земја во прав се претвори,
и секој створ што таму се најде
повеќе ни гледа, повеќе ни говори.
И Мајката Земја утробата ја отвори
грешниците ги казни за времињата минати,
кога го погледнаа своето царство во пепел,
останаа само со устите позинати.
Тоа царство со години, што на туѓа мака го градеа,
од Белата Вода до Шумата Света
вечна агонија сега завладеа.
И битка ќе спрема со Витезот од Север
таа Црна Тиранка параноја што ја обзеде
чесното Кралство сака да го пороби
повторно во бездна народот да го одведе.
Но разбери ти грешнице, ти изроду на кентаурот
за злобата твоја знае Креаторот.
Твоите црни намери вкоренети во умот
ќе изчезнат со тебе засекогаш од Универзумот!!!