Ако заминеш...
Вечер, квечерина красна,
поглед ми пие пурпурен залез;
сончевиот живот бесшумно згасна,
а со него умре и душава за навек.
Го гледав додека полека се спушташе,
зад планините далечни, фини...
му го пратив својот најскап дар,
му ги пратив очиве сини...
За со нив жолтилото на Сончевото утро
да може да го гледа кога не можам јас,
да го крие од туѓите очи зли,
се секоја мугра модра да му каже колку ми значи...
Со нив да може да го гушне силно,
кога најосамен над спомени очајно ќе бдее;
а ако спомен не му точи солза од око зелено,
- тогаш и јас за навек слепа нека бидам...
Па зошто ќе ми биде сино око,
око сино - море бескрајно,
ако него го љуби око друго,
ако негово око на друга е ветено?
Зошто ми се да ги гледам сите залези пурпурни,
пурпурни како модринава на срцево смело,
зошто ми се да ги гледам сите сончеви утра жолти,
ако место сонцето мое друга му топли тело?
Зошто ми се очи сини, сини очи - солзи рој,
ако немам што со нив да гледам - да пишам,
кога без него нема што да се пише за животот мој?
И што ќе ми се квечерини пурпурни,
и утра жолти и мугри модри?
Ако заминеш, мое око зелено - реко бескуќницо,
не ќе има кој за смело да живеам да ме бодри!
Па ако заминеш, мое око зелено - зелена туѓинко,
остави и мое око сино заедно со залез злат да згасне...
зошто со секое ново раснење на сонцето жолто,
и болкава што ме мачи бескрајно ќе расне!