Готска поезија

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Дали според оваа дефиниција, песничкава погоре ми спаѓа во готска поезија?
Секоја моја песна е:
1. Депресивна
2. Љубовна
3. Песимистичка
Па ти си родена готичарка. Само напреТ ! :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Немој така, луѓево ќе помислат оти вистина сум депресивна ОСОБА. :)
Не мора да значи дека треба да си депресивна за да пишуваш готика. Јас сите мои дела ги имам напишано баш во супер расположение, само две - три во состојба на психофизички замор. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and TheKitten

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Ако заминеш...
Вечер, квечерина красна,
поглед ми пие пурпурен залез;
сончевиот живот бесшумно згасна,
а со него умре и душава за навек.

Го гледав додека полека се спушташе,
зад планините далечни, фини...
му го пратив својот најскап дар,
му ги пратив очиве сини...

За со нив жолтилото на Сончевото утро
да може да го гледа кога не можам јас,
да го крие од туѓите очи зли,
се секоја мугра модра да му каже колку ми значи...

Со нив да може да го гушне силно,
кога најосамен над спомени очајно ќе бдее;
а ако спомен не му точи солза од око зелено,
- тогаш и јас за навек слепа нека бидам...

Па зошто ќе ми биде сино око,
око сино - море бескрајно,
ако него го љуби око друго,
ако негово око на друга е ветено?

Зошто ми се да ги гледам сите залези пурпурни,
пурпурни како модринава на срцево смело,
зошто ми се да ги гледам сите сончеви утра жолти,
ако место сонцето мое друга му топли тело?

Зошто ми се очи сини, сини очи - солзи рој,
ако немам што со нив да гледам - да пишам,
кога без него нема што да се пише за животот мој?

И што ќе ми се квечерини пурпурни,
и утра жолти и мугри модри?
Ако заминеш, мое око зелено - реко бескуќницо,
не ќе има кој за смело да живеам да ме бодри!

Па ако заминеш, мое око зелено - зелена туѓинко,
остави и мое око сино заедно со залез злат да згасне...
зошто со секое ново раснење на сонцето жолто,
и болкава што ме мачи бескрајно ќе расне!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Danicleo

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Би сакала да Ве замолам, за дискусија околу готската поезија и нејзините карактеристики, како и посочување на значајни автори и дела, да започнете тема во форумот Литература и книжевност.
Зашто во оваа тема, како дел од Креативното катче, би требало да пишувате само ваши дела. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and Danicleo

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Утробите им беа извадени,
Црн гавран очите им ги пиеше.
Таа бизарна слика сеуште ме прогонува.
Ни на сон мир немам.
Долго ќе ме прогонуваат
Засекогаш проколнатите...

23++Sangat+Konseptual%2526+Seni+Gelap+Hebat+Foto.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and Danicleo

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
„како и посочување на значајни автори и дела„Зарем Bayron и Poe не се значајни автори...во ред,целосно се сложувам дека би требало да се пишуваат само наши дела:)
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
„како и посочување на значајни автори и дела„Зарем Bayron и Poe не се значајни автори...во ред,целосно се сложувам дека би требало да се пишуваат само наши дела:)
Не сме се разбрале.
Секако дека се значајни.
Токму затоа би требало да се започне дискусија во соодветна тема, отворена во соодветниот форум.
Креативното катче е наменето за објавување на лично ваши дела :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and Danicleo

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
М А С К А

Во просторот и времето
лета сина пеперутка,
фантазија во илузија
илузија во фантазија.
Проклети маски,
недопирливи,безбојни,
црни дупки,празна насмевка
бели погледи, скриена тага.
Сон сонува,
душа сина пеперутка,
крик во времето и просторот
о,па тоа сум само јас маската.





Од објавената книга„Готска жена„

Даница Петровска


21ljztu.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Не сме се разбрале.
Секако дека се значајни.
Токму затоа би требало да се започне дискусија во соодветна тема, отворена во соодветниот форум.
Креативното катче е наменето за објавување на лично ваши дела :)

Во ред,се извинувам за не намерно прекршување на куќниот ред.Истите нека стојат како пример за оние кои сакаат да пишуваат темна уметност оти имаше прашање што е готска поезија и кој е нејзиниот фолклор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten