Бидејќи никој не напиша што е тоа ,готска поезија, а јас по читањево погоре сфатив, дека, е депресивна и по малку суецидна поезија, си дозволувам да поставам нешто мое. Не за друго, имав суецидни мисли кога го пишував, башка бев во длабока депресија.
И да, ако не го бива, бришете, без оглед дали не спаѓа во готскава поезија, или едноставно не ви се свиѓа
Ноќ долга, Месечко свети,
поглед лек спушти на мое рамо.
Бие срцево лудо, копнее по спомени среќни…
Но знам јас – бие тоа само…
Пречекори го прагот на душава клета,
заборавив јас гордост што е;
во понизност паднав пред насмевката таа
се што имав ти го подарив – да биде твое…
Јас сум твој понизен слуга,
ден по ден заледувајќи ја крвта врела.
Па зар за тебе не е достојна некоја друга?
Мисла ме пронижува ко предавничка стрела.
Спиеш крај мене, во прегратка ме чуваш,
а знам дека не си мој – долго веќе,
но сеуште не можам ,,збогум“ да ти кажам,
грмат во ушиве зборовите што ми ги рече:
,,Можам и сакам, јас пак да те љубам,
остани крај мене и заедно ќе сме,
во се лошо што судбава ни носи,
во борба со насмевка ќе одиме против сите.
Никогаш не те заборавив,
на срцево сеуште рана пече,
но прости ми ти, и јас ќе ти простам,
дека не ме љубиш што тогаш ми рече!“
Остани со мене и биди ми верна!
- ми шепнаа тогаш твоите очи.
Зар требаше ти тоа да ми го кажеш?
Никогаш не дозна колку ноќи
будна над твојот лик бдеев:
- немој пак, немој пак да ме лажеш!
Љуби ме тивко, и не кажувај ,,те сакам“
таа лага дамна ми дојде в душа на гости,
ниту јас би ти рекла така,
ако тоа те боли, те молам прости!
Но минаа нашите ноќи и дни,
со тажен поглед ти ми кажа ,,крај“.
Сврти се и оди си!
На Земјата нема дозволен рај.
Страдна сум јас, кутра и клета,
но ти за мене жал да немаш!
Мора да платам најскапа казна,
за направената грешка тогаш…
Јас сум поет, мило мое,
за мене во овој живот среќа нема!
Кога си тука, стихови умираат,
а ме прати заклетвата дадена еднаш!
И во оваа долга ноќ, додека Месечко тајни ткае,
спиј ти мирно, јас сонот ти го чувам,
уште некоја минута и срцево ќе трае…
Оди си, несреќо моја, дури ноќта е темна, ладна и глува…