1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Готска поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 4 март 2012.

  1. Baronessa

    Baronessa Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    524
    Допаѓања:
    753
    Преточете ја темната уметност во зборови!
     
    На Nightmare_f, Danicleo, Aristokrat и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    дај нешто пример каква е таа готска поезија.. да видам пример после ке распалам со темна поезија...
     
  3. Baronessa

    Baronessa Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    524
    Допаѓања:
    753
    јас не пишувам готска поезија... но сигурно има некој на форумов кој е мастер за тие дела па ќе сподели некое со нас!
    Благодарам! и следен пат не барај пример од мене... доколку имав ќе го објавев!
     
  4. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Темнината ме опколи

    сите светла се изгаснати

    лежам на креветот и мислам на минатото

    на сите луѓе што ги знаев

    на деттството

    играв цел ден

    знаев толку многу луѓе.

    Тие времиња се минато

    изгубив контакт со нив еден по еден

    сега лежам на креветот опколен во темнина

    сам со своите мисли

    само нив ги имам во ноќва како друштво

    изгубен сум во ноќта.



    Го слушаш ли мојот повик?


    Ноќи поминати

    месеци поминати

    повикувајќи во темнината

    чекајќи за одговор

    но залудно.


    Нема никој наоколу да ги чуе моите повици

    само мојот дух останува

    да повикува во темнината

    проколнат засекогаш сам.
     
    На Redhead, *V******, Bibi@ и уште 3 други им се допаѓа ова.
  5. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Еве нешто постаро од мене

    Desperatus

    Во потрага по себеси најде Ништо
    со очи насолзени пред себе не гледа
    Се губи во хоризонтот,ја крие болката
    Никој да не дознае за мизеријата во Него.

    Нагризан до најдлабоките анали на Битието
    се оддалечува од патеката на животот,
    патеката што за него беше страшно страдање
    посакува да ја избришат трагите на времето.

    Сега легнат на одарот,поглед вперен кон бескрајот
    со мисли заматени го чека моментот
    Маските се паднати,на лице блага насмевка
    да заплаче за него нема никој...

    [​IMG]
     
    На 84 sk_Y ^_-, MoonFairy, Lena и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Tinus Nurus

    Од нејзините усни живи зборови се раѓаат
    секој ден нови, секој ден помоќни
    Таа Црна Дама што лице не и знам
    во душа моја длабоко се вкорени.

    На челичен пастув по друмови јава
    Името нејзино тивко го изговарам
    како Утринската Ѕвезда тоа е сјајно
    Во магична кутија со неа разговарам.

    Ќе те чекам во ноќта, О, Црна Дамо
    мислите твои сакам да ме просветлат,
    твојата фантазија во стварност претворија,
    од Големиот Неимар ти си благословена...
    (dedicated to Dani)

    [​IMG]
     
    На MoonFairy, True_Blood, Lena и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. Astrostoper

    Astrostoper Активен Член

    Зачленет на:
    5 март 2012
    Мислења:
    224
    Допаѓања:
    249
    [​IMG]
    .
    постои мисла
    можеби е само илузија
    а највероватно желба
    која лебди над сите времиња
    а која е доволна
    човек да престане да дише
    мислам има име
    можеби само прекар
    а највероватно е ненаречливо
    .
     
    На Lena и Danicleo им се допаѓа ова.
  8. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Визијата на Алхемичарот

    И пред да очи затворам, пред да душа одморам
    две птици исконски пред мене јас гледам.
    Една жар црвена, друга жолта позлатена
    нивната песна ноќва ми е храна.
    Нивниот крик на прагот пред мугрите,
    ќе ме чува од виор на патот кон Астралот
    Штом утро осамне, штом нов ден погледам
    на нивниот глас јас ќе се потсетам.
    Нивните зборови од крв налеани
    ќе сведочат за ноќва, тие беа тука
    Но се вивнаа кон ѕвездите,
    ја живеат слободата
    пред да се повторно издигнат од пепелта...

    [​IMG]
     
    На Roxelana, Lena и Danicleo им се допаѓа ова.
  9. Danicleo

    Danicleo Полноправен Член

    Зачленет на:
    30 март 2012
    Мислења:
    53
    Допаѓања:
    54
    Прекрасна тема Baronessa:)
     
  10. Danicleo

    Danicleo Полноправен Член

    Зачленет на:
    30 март 2012
    Мислења:
    53
    Допаѓања:
    54
     

Сподели: