Проколнатите
Воздивни, тивко да не те слушнат,
крвта сокриј ја да не ја видат.
болката со оган излечија
каде што сонце нема,
да несвети.
Разбуди се, и погледни празен пекол,
од демоните, само траги останале,
исчисти ги, пак ќе се вратат,
во тебе ги имаш, вечни се.
Воздивни, ама да не слушнеш
да не те видат како умираш,
внимавај плачот нивни ќе те заведе,
припаѓаш со нив со проколнатите.
Разбуди се, и од себеси побегни,
да ти избледе сенката, помогни и...
Зар постоиш за да отруеш,
да отруеш чедо, што негреши.
Невредат, невредат обидите твои,
со клетва боговите те створиле,
само крикот на гавранот ќе го слушнеш,
кога со клетва како магла ќе испариш.
Беспомошн диши, мизерни се,
прогонет си , до последен здив,
среќата ја гонат во неврат жив,
Припаѓаш на нив,
ти... од проколнатите,
што чекориш по патот крив.