Се сложувам за делот дека нема логика да не подишам малку кајшто е отворено и нема или има многу малку народ, кој е подалеку од мене. Малку ми е смешно кога ќе видам премлади цајканчиња како ги ставиле на прометните улици пред кафичи и демек нешто стопираат, предупредуваат, казнуваат, чисто демек еве работат нешто. Ама што е до мене, ако. Рајава не знае за личен простор, секогаш одат ко слепи и ти се лупаат во фаца, така да преферирам на прометно место да си ја носам, макар и на улица + колку-толку ти го заштитува и сетилото за мирис од оние korona so sapun znaci se mie eheheh, што изгледа за сапун и паста за заби слушаат само од реклами.Јас сум против.
Ако веќе треба да се носи маска треба да биде таква која уствари ќе штити а не парче од стари гашти да очекуваш да те спаси од досега најсмртоносниот вирус!
Како што реков погоре, на отворено гашти на уста НЕ носам!Размислувам асална маска да си набавам ама тоа ради загадениот воздух, сите тие срања шо ги дишиме од блиските фабриканти на властите.!.
✌
Поради тие и n95 би купила. Но сепак, јас сум гадежлива отсекогаш.
Но, во врска со сликата, маската не функционира магично, туку служи како бариера. Посебно во затворен простор (посебно ако нема можности за проветрување) каде честиците циркулираат.
Еве интересен пример околу разликата за носење вс. неносење маска и колкаво значење има држењето дистанца.
Е сега, овде сигурно не е користена партал маска ко што се продаваат по рандом трафики за 30 денари, но сепак сметам дека дури и тој мал партал, ако се носи правилно и личноста е подалеку од мене, шансите се намалуваат драстично.
Уште поедноставен пример:
Нашиот проблем е што, пак ќе кажам, не знаеме за личен простор и сезнајното его не ни дава да прифатиме дека би можеле да сме макар асимптоматски носители, а не пак заразени со симптоми. Ние? Никако. Ни системот, ни вирусот може да не поебе. Раце миење? Само ако се мрак црни, да се одмие прашината.
Им викаш дека респираторни капки се клучни, тие ја тргаат маската баш кога кашлаат и киваат, оти не дај Боже да му е мокро нему во маската и да си го мириса здивот или кивајцата.
Мислам дека тој опасен микс од ланска туршија, заглавена кожичка од пилешко крилце меѓу 4ка и 5ка некаде од 2ри август и одорот на скапана 6ка побрзо би го убиле човека од било што.
Also, премногу свадби, крштевки, родендени, еве бакнување мртви попови... богато е.