Пандемија 2020

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Македонскиот ни народ ни е експерт за се`, па еве сега и за медицина...
Сите се дрзнуваат да коментираат нешто за кое благе везе немаат...
Луѓе што не знаат ни М од медицина се прават најголемите експерти..
Ама луѓе со две раце ќе ви потпишам дека ситуацијата е екстремно загрижувачка...па кој како милува така нека прави...
Сум видела бронхопнеумонии и сама сум прележала неколку ама вакви досега немам видено... На 21 годишно девојче да му се развие таква пнеумонија да белите дробови и ` работат со 70% капацитет и тоа девојче кое нема никаква хронична болест...е па немојте ве молам...
Да, вирусот постои и да вирусот коси...
Да, политичка позадина има...а и секогаш имало кога се работело за болести, катастрофи...секогаш се најдува некој кој ќе ќари од целата таа ситуација...
И не, не ни` е крива владата, ни Филипче, ни докторите, ни сестрите...
Луѓе ова е нов вирус, со нова болест, со нова клиничка манифестација на болеста за која досега никој ништо не знае...
За овој вирус медицинскиот персонал нема учебници ни литература со информации за истиот, нема студии, нема истражувања, нема начин на лекување...значи се` во врска со овој вирус е ново и неистражено...
Не знаат како и со што се соочуваат, не знаат што да очекуваат и со што да третираат и прават она што мислат дека е најдобро во дадениот момент...И не ги осудувајте...на крајот може да завршите во нивни раце и животот да ви зависи од нив...
И носете маски бе...тешко ли е...?
Верувајте ќе дојде и таков период кога лекувањето ќе биде селективно...кој ќе се лечи кој не...е тогаш да ве видам...ко ќе гориш од температура и ко ќе не можиш да дишиш и ко ќе ти речат оди си дома немаме кревет...
Сфатете, дека овој проблем не е само кај нас...глобален е...секаде е исто...секоја држава се справува како знае и умее...полицики час па се прекинува, па мора маски, па не мора маски...па да ќе менуваат одлуки онака како што одговара во постоечката ситуација...

Млади луѓе, исплашени и паничари, па уште и лажат и кажуваат дека политичарите не биле виновни, народот бил. Ма немој.
Коронавируси постојат откако е свет и век, она што го викаме "настинка" е коронавирус. Ништо не е ново, немој да лажеш. Колку што има лек за настинка толку има и за овој вирус.

Јас имам прележано тешка пнеумонија и знам што е тоа од прва рака. Исто менингитис, но тоа е друга тема.
Атер на ситуација за заживување на форумов, инаку ќе те отерав оттука до Стамбол со аргументи и факти.
Него, дали е точно дека 80% од тестираните со позитивен наод не стигаат до ниту еден симптом? Тоа се 4 од 5 заразени. Уау кое болештиниште, да и позавиди Црната Чума, 4 од 5 заразени не ја ни приметуваат :D
Дали е точно дека 95-98% од упокоените кои биле позитивни имале т.н. коморбидитет, т.е. некој со цироза на јетра или канцерогена болест умрел од тоа што го носел со години и улогата на короната е непостоечка?
И најинтересно која е клиничката слика на курвид-19 ?

Млади луѓе а тоа латентни фашисти.
Зиг факин Хајл.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Да сумирам, јас ги разбирам и сум и на двете страни.
Од една страна, не можеме да се пофалиме со не знам колку способни кадри и целата политика по која се води вирусов е шитшоу. Апелирањето да се почитуваат мерките е пресмешно. Му иде исто ко јас кога апелирав да не се пишува пост под пост за секоја една реченица, ама знаеме дека тоа не вродува со плод. Карантини и полициски јадевме на 5 заболени дневно, сега со по 600 е лабавица. Никави тестови не бараат по граници, Сити Мол е Косово Мол преку викенд, па малку да видиме ем странски профит, ем зараза. Весело да е.
Никој не нуди никакви логични решенија, туку они само си апелираат, па после народот крив, народот казнуван.
Е, ама второ е и дека не е баш дека народот не е крив. Делиме воздух со раја со интелигенција на морска ѕвезда, што упорно за валиден аргумент го смета „Еee kakof e toj virus sto se mie so sapun, aide pa da pieme sapun togas?“ и „E sto policiski, posle 9 li samo nastapuva virusot?“, значи основно непознавање на основни работи. Луѓе мразат да мијаат раце. Не знам зошто, но проблем им е. Луѓе не знаат (или се прават глупи, се надевам) дека полицискиот е да нема групирања по паркови, дискотеки и приватни куќи/забави, каде баш одат младите кои може да се носители без да знаат, па да настрада некој постар, не дека вирусот знае за време.
И да, свесни сме колку се работите напумпани, но пак ќе речам, поради хроничните болести на моите најблиски, не би ризикувала ни настинка овој период и тоа е тоа. Не можам да се сносам со помислата да влијаам врз туѓо здравје и живот. „Ama tie pobolnite i od nastinka ce umrat.“ Не ми е гајле, не сакам да е поради мене (па макар и два дена плус живееле) или друго несовесно говедо само пошто тој/таа е здрав/а и „nema sansi da e nositel“.

Кога зборувам за глупавоста на рајата, мислам на овие случаи, кои ама воопшто не се ретки. FB_IMG_1603824927079.jpg
Сакам и мене Сорос да ме плаќа. Имам добиено награди за пишување, сигурна сум дека можам да склопам топ приказни. Ако чита некој, јавете ми се.
- ElectraPostoviEftino
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Млади луѓе, исплашени и паничари, па уште и лажат и кажуваат дека политичарите не биле виновни, народот бил. Ма немој.
Коронавируси постојат откако е свет и век, она што го викаме "настинка" е коронавирус. Ништо не е ново, немој да лажеш. Колку што има лек за настинка толку има и за овој вирус.

Јас имам прележано тешка пнеумонија и знам што е тоа од прва рака. Исто менингитис, но тоа е друга тема.
Атер на ситуација за заживување на форумов, инаку ќе те отерав оттука до Стамбол со аргументи и факти.
Него, дали е точно дека 80% од тестираните со позитивен наод не стигаат до ниту еден симптом? Тоа се 4 од 5 заразени. Уау кое болештиниште, да и позавиди Црната Чума, 4 од 5 заразени не ја ни приметуваат :D
Дали е точно дека 95-98% од упокоените кои биле позитивни имале т.н. коморбидитет, т.е. некој со цироза на јетра или канцерогена болест умрел од тоа што го носел со години и улогата на короната е непостоечка?
И најинтересно која е клиничката слика на курвид-19 ?

Млади луѓе а тоа латентни фашисти.
Зиг факин Хајл.
Точно е дека постојат коронавируси од секогаш...ама знаеш ли колку типови и подтипови на коронавируси има(ова не го зборам напразно, туку сум учела микробиологија, па малку сум упатена)...
Мутираат. Како што менуваат домаќин така мутираат...Како што се менуваат надворешните влијаниа така мутираат..
И не, овој не е оној истиот кој предизвикува настинка...ама добро ако така ти мислиш, ок.
Има позитивни да, не пројавуваат симптоми точно, ама истите тие се инфектни за останатите, оние кои се со кревок имунитет и имаат хронични заболувања...е тие се тие кои се ризични и кај кои болеста не се манифестира како обична настинка...
И јас имам прележано и менингитис и бронхити и пнеумонии, ама фала Богу не ми оставиле трајни последици...што не е случај со ковидов...
Ама добро кој како милува...
Јас лично не би сакала да се заразам, не заради мене, ами заради оние околу мене, заради мајка ми која е на хемотерапија која има толку кревок имунитет што и обична настинка би можела да биде фатална...
И сега јас треба да бидам ербап и да се понашам као `ма која корона бе го лажат народот`, и веќе следниот момент да ја носам на душа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да сумирам, јас ги разбирам и сум и на двете страни.
Од една страна, не можеме да се пофалиме со не знам колку способни кадри и целата политика по која се води вирусов е шитшоу. Апелирањето да се почитуваат мерките е пресмешно. Му иде исто ко јас кога апелирав да не се пишува пост под пост за секоја една реченица, ама знаеме дека тоа не вродува со плод. Карантини и полициски јадевме на 5 заболени дневно, сега со по 600 е лабавица. Никави тестови не бараат по граници, Сити Мол е Косово Мол преку викенд, па малку да видиме ем странски профит, ем зараза. Весело да е.
Никој не нуди никакви логични решенија, туку они само си апелираат, па после народот крив, народот казнуван.
Е, ама второ е и дека не е баш дека народот не е крив. Делиме воздух со раја со интелигенција на морска ѕвезда, што упорно за валиден аргумент го смета „Еee kakof e toj virus sto se mie so sapun, aide pa da pieme sapun togas?“ и „E sto policiski, posle 9 li samo nastapuva virusot?“, значи основно непознавање на основни работи. Луѓе мразат да мијаат раце. Не знам зошто, но проблем им е. Луѓе не знаат (или се прават глупи, се надевам) дека полицискиот е да нема групирања по паркови, дискотеки и приватни куќи/забави, каде баш одат младите кои може да се носители без да знаат, па да настрада некој постар, не дека вирусот знае за време.
И да, свесни сме колку се работите напумпани, но пак ќе речам, поради хроничните болести на моите најблиски, не би ризикувала ни настинка овој период и тоа е тоа. Не можам да се сносам со помислата да влијаам врз туѓо здравје и живот. „Ama tie pobolnite i od nastinka ce umrat.“ Не ми е гајле, не сакам да е поради мене (па макар и два дена плус живееле) или друго несовесно говедо само пошто тој/таа е здрав/а и „nema sansi da e nositel“.

Кога зборувам за глупавоста на рајата, мислам на овие случаи, кои ама воопшто не се ретки. Отвори ја прикачената датотека 34543
Сакам и мене Сорос да ме плаќа. Имам добиено награди за пишување, сигурна сум дека можам да склопам топ приказни. Ако чита некој, јавете ми се.
- ElectraPostoviEftino

Тука се поставува прашање дали секоја година, при сезонска епидемија на грип (есен-зима) си исто загрижена за здравјето на твоите кои имаат хронични болести или тоа е само сега? Пошто секоја година умираат стотици лица во Хунзистан од сезонски грипови и компликации настанати поради истите.
Кај нас секоја сезона некој ќе закачи некаков вирус и така ќе пренесе на сите освен мене, пошто сум freak so chic (им нудам крвна единица со камиказа антитела ама не ме земаат за сериозно), татко ми е хроничар па тоа не значи да преседи човек цела сезона како на робија.
Оваа сезона, за чудо, Телевизискиов вирус ја одмина цела породица, una milagro !

Друго интересно како луѓево нагло започнаа да веруваат на политичарите, мене ми се поголемо дно лица како другаркава и нејзина породица кои по дома седат со маски отколку рандом фолијаш со viruso je ot bilgejc, као интелектуалци, праиш муабет со аргмументи и факти и враќаат со вреѓање као тие биле образовани а јас не, тешки срања.

Точно е дека постојат коронавируси од секогаш...ама знаеш ли колку типови и подтипови на коронавируси има(ова не го зборам напразно, туку сум учела микробиологија, па малку сум упатена)...
Мутираат. Како што менуваат домаќин така мутираат...Како што се менуваат надворешните влијаниа така мутираат..
И не, овој не е оној истиот кој предизвикува настинка...ама добро ако така ти мислиш, ок.
Има позитивни да, не пројавуваат симптоми точно, ама истите тие се инфектни за останатите, оние кои се со кревок имунитет и имаат хронични заболувања...е тие се тие кои се ризични и кај кои болеста не се манифестира како обична настинка...
И јас имам прележано и менингитис и бронхити и пнеумонии, ама фала Богу не ми оставиле трајни последици...што не е случај со ковидов...
Ама добро кој како милува...
Јас лично не би сакала да се заразам, не заради мене, ами заради оние околу мене, заради мајка ми која е на хемотерапија која има толку кревок имунитет што и обична настинка би можела да биде фатална...
И сега јас треба да бидам ербап и да се понашам као `ма која корона бе го лажат народот`, и веќе следниот момент да ја носам на душа?

Ти можеш да носиш на душа некого секоја година бидејќи секоја година мутираат вируси и си имаат чак своја сезона. Тоа што си учела микробиологија е јака ствар уау, јас имам студирано имунологија до детали.
Значи седи си дома, по можност со скафандер и хазмат опрема и немаш мака.
Тие новозаразни од оние кои немаат симптоми и самите ќе немаат симптоми во 4 од 5 случаи. Од тој 1 кој ќе има, во 90% од случаите ќе има лагани симптоми. Мислам, дајте уклучете мозок.

Не одговори на прашањето која е клиничката слика на курвид-19 и дали т.н. коморбидитет е присутен во 95-98% од случаите на смртен исход (исто како и со секој сезонски грип).
Као демек немало лек за вирусот, за ретко кој има антивирална терапија, освен вакцинација и нема некој начин да се победи освен организмот и имуниот систем да го уништат патогенот.
Извадени од контекст, секоја година може да се прогласуваат пандемии бидејќи сезонските мутации косат стотици илјади лица по свет, чак една година имало 1,5 милиони мртви во светот од некој сезонец.

Еве инфектолог кој кажува дека курац-19 не е опасен бидејќи има екстремно ниска стапка на смртност.

Фокси беше во право, фашизмот навистина е 72 часа away.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Вирусов е нов, па оттаму и непознат за 100% од популацијата, па затоа и се шири вака како што се шири. Е сеа за тоа дали постои лек или не.... Не би го сместил во ист ќош како рецимо сидата, но има слични (малку засилени де) индикации како обичниот грип. И како што вика Аутрајдер погоре, со обичниот грип ги повлекува истата ризична група.
За тоа како и колку човек треба да се пази е посебна тема за дискутирање. Политичкиот момент е само драпање празна слама.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Оној хер Флик се појавува секој ден на пресица, мислам на дегенерикот Вилипче, истеран на татка си, иста фекалија, чиниш доаѓа смак света.
И сеа нешто pray for Bergamo абе марш таму, нек умираат нек си ебат матер, западот е сериозно навлезен во декадентна фаза. Во Конго-Киншаса во последниве 23 години во граѓанската војна поради ресурсите кои ни овозможуваат да имаме електроника и мобилни уреди се загинати 6,5 милиони луѓе, Дарфур и Судан над милион, манијакалната агресија на Сауди Арабија врз Јемен со којзнае колку мртви и ранети во јебена 2020 година се дешава никој не трепнува. Ама Бергамо, уоу умирале старци-жабари.

Еве и самата власт односно мин.за здравство во 2013 објавиле стратегија за сезонски грип пошто глобално умирале по половина милион народ од сезонски мутации.

Ето и за минатава година, 2019, има изјава на вирусолог

И сеа замислете лани да извадеа од контекст за Х1Н1 или некој друг вирус УАУ ТХЕ ЕНД ИС НИГХ лелелел полициски час, маски на отворено, лелелел, седете си дома, а-у- готови сме!

Стравично нешто. Луѓе обележани со маски исто како евреите со давидова звезда во едни други времиња. Ако немаш маска (давидова звеза) ќе си умреш од глад пошто никаде не те пуштаат без маска. Нит пак да извадиш пари или да завршиш некоја работа.
Тоа значи дека физичкиот опстанок ти е условен од одлуките на власта.
Млади луѓе, барем надворешно, човек си вика врие крв, има идеализам, нешто се дешава кад оно старци, отепани мртви старци со форма на млади лица насекаде.

Џабе дедовци мои се бореа вс. фашизмот, тивко и незабележително тој се врати на голема врата.
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
@Outrider да не цитирам, да, ги пазам и се пазам и од обична настинка. Се немам разболено 10 години. Забораваш дека сум хипохондрик, а и општо секогаш мијам раце и чистам телефон, многу години пред вирусов, така да ова ми нема сменето многу. :)
Името на вирусот и кој колку го извикува, не верува во него или не знам што, не ми менува баш никаква улога.
Ми пречат само претеризми, мешање Богородици, масони, вонземјанци и тотално негирање дека вирусот постои.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Тука се поставува прашање дали секоја година, при сезонска епидемија на грип (есен-зима) си исто загрижена за здравјето на твоите кои имаат хронични болести или тоа е само сега? Пошто секоја година умираат стотици лица во Хунзистан од сезонски грипови и компликации настанати поради истите.
Кај нас секоја сезона некој ќе закачи некаков вирус и така ќе пренесе на сите освен мене, пошто сум freak so chic (им нудам крвна единица со камиказа антитела ама не ме земаат за сериозно), татко ми е хроничар па тоа не значи да преседи човек цела сезона како на робија.
Оваа сезона, за чудо, Телевизискиов вирус ја одмина цела породица, una milagro !

Друго интересно како луѓево нагло започнаа да веруваат на политичарите, мене ми се поголемо дно лица како другаркава и нејзина породица кои по дома седат со маски отколку рандом фолијаш со viruso je ot bilgejc, као интелектуалци, праиш муабет со аргмументи и факти и враќаат со вреѓање као тие биле образовани а јас не, тешки срања.

Ти можеш да носиш на душа некого секоја година бидејќи секоја година мутираат вируси и си имаат чак своја сезона. Тоа што си учела микробиологија е јака ствар уау, јас имам студирано имунологија до детали.
Значи седи си дома, по можност со скафандер и хазмат опрема и немаш мака.
Тие новозаразни од оние кои немаат симптоми и самите ќе немаат симптоми во 4 од 5 случаи. Од тој 1 кој ќе има, во 90% од случаите ќе има лагани симптоми. Мислам, дајте уклучете мозок.

Не одговори на прашањето која е клиничката слика на курвид-19 и дали т.н. коморбидитет е присутен во 95-98% од случаите на смртен исход (исто како и со секој сезонски грип).
Као демек немало лек за вирусот, за ретко кој има антивирална терапија, освен вакцинација и нема некој начин да се победи освен организмот и имуниот систем да го уништат патогенот.
Извадени од контекст, секоја година може да се прогласуваат пандемии бидејќи сезонските мутации косат стотици илјади лица по свет, чак една година имало 1,5 милиони мртви во светот од некој сезонец.

Еве инфектолог кој кажува дека курац-19 не е опасен бидејќи има екстремно ниска стапка на смртност.

Фокси беше во право, фашизмот навистина е 72 часа away.
Ајде вака...
Објасни ми ти мене зошто секоја година (како што велиш) не е преполна клиниката за инфективни болести, 8-ми септември и сите други инфективни одделенија во сите болници во државава, а сега се преполни со пациенти кои имаат температура 39 со денови, имаат отежнато дишење, бронхопнеумонии со трајни последици на белите дробови итн...Зошто секоја година не се бара кревет плус на инфективно? Зошто секоја година луѓе болни од грип немале потреба од кислород, или механичка вентилација? Зошто? Дали вирусот на обичниот грип прави хемоконцентрација и појава на тромб во крвта? Зошто им се високи Д-димери? Зошто не се високи кај обичниот грип?
Зошто тоа го нема секоја година?!
Значи работам како медицинско лице 16 години и не зборувам напразно, сум видела и сезонски грип, па и свински (сопругот и моето дете го имаа), сум видела и компликации од грип и ред други работи и никој ама баш никој не може да ме убеди дека е ова е исто или слично на сезонски грип...Нема допирна точка..
И еве да ти одговорам... Има вакцина за сезонски грип, која си ја примаат секоја година хроничните болни, лица со намален имун систем, бремени жени и се заштитени, барем од грип....
А и знаеш како...можеш да бидеш скептик колку сакаш, се` дури не ти тропне нештото на врата...
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Светот додека тоне и не може да се справи со пандемијава, ние уште не можеме да се убедиме дека ја има.
Пре би да веруваат во чипирање, гатачки, Иван Исцелител ама, ова никако да го прифат.
Барем мерките да ги почитуваат ако не друго, ама и тоа е тешко.
Мора да се прават журки, мекици, свадби и се по ред, нели, неопходно е.
Го има вирусот, не е сезонски грип, да беше летово ќе си уживавме.
Прави компликации, не само респираторни за жал.
Димерите летаат во вис, доаѓа до создавање на тромбови, црнодромни ензими исто знаат да летнат.
Можност исто постои и за цитокинска бура.
Значи ова не кај сите, но не знаеме никој како ќе ни реагира организмот, и каков ни е имунитетот.
И немој некој да рече абе починатите биле со коморбилитети.
Па нас пола население ни е со хипертензија, шеќер и висок холестерол, башка со астма и хронични бронхитиси.
Да не бил вирусот да направи компликации со терапијата што си ја пијат ќе си тераат уште долги години.
Така да тоа не е за тешење.
Од мерки носам две маски оти таква ми е работата, секој втор кај мене е или позитивен или сомнителен.
Не се групирам, контактите ми се сведени на минимум, и тоа е тоа што јас можам да направам.
Не ми се свиѓа што не се преземат построги мерки од власта, поефикасно би било просторно ограничување, а не временско. Со 20 случати ставаа карантини, сега абер се нема, а сиротиот ни наш здравствен систем ни е пред колабс.
Ќе нема ни место, а ни доктори за да не лечат.
 
Каков аргумент е тој дека имало преполни болници? Самото тоа што лекарите по ново се должни да ги задржуваат пациентите и сестри и медицинско особље со Хазмат одела па макар пациентот имал 37.3 температура, целата фашизоидна психоза и нов начин на пристап доведува до полни болници.
Минатите години ретко кога ги хоспитализираа, мене со животнозагрозувачка пнеумонија не ме хоспитализираа тогаш туку одев секој ден за терапија и инфузии.

Ништо нема да ми тропне на врата, затоа што сум, како што реков, freak so chic. Можеме да се кладиме дека можам комотно да одам во заразно и да не префатам ништо. Или каква сакаш кладба дека никоаш нема да се заразам со курац-19, ако си сигурна ќе прифатиш.

Има куп лекари, вирусолози, инфектолози, епидемиолози кои зборуваат спротивно на ова кое ти го тврдиш. И сеа кому да веруваме?

Не одговори на прашањата за "коморбидитетот" и за клиничката слика на вирусот, како медицинско лице ајде да те читнеме.

Светот додека тоне и не може да се справи со пандемијава, ние уште не можеме да се убедиме дека ја има.
Пре би да веруваат во чипирање, гатачки, Иван Исцелител ама, ова никако да го прифат.
Барем мерките да ги почитуваат ако не друго, ама и тоа е тешко.
Мора да се прават журки, мекици, свадби и се по ред, нели, неопходно е.
Го има вирусот, не е сезонски грип, да беше летово ќе си уживавме.
Прави компликации, не само респираторни за жал.
Димерите летаат во вис, доаѓа до создавање на тромбови, црнодромни ензими исто знаат да летнат.
Можност исто постои и за цитокинска бура.
Значи ова не кај сите, но не знаеме никој како ќе ни реагира организмот, и каков ни е имунитетот.
И немој некој да рече абе починатите биле со коморбилитети.
Па нас пола население ни е со хипертензија, шеќер и висок холестерол, башка со астма и хронични бронхитиси.
Да не бил вирусот да направи компликации со терапијата што си ја пијат ќе си тераат уште долги години.
Така да тоа не е за тешење.
Од мерки носам две маски оти таква ми е работата, секој втор кај мене е или позитивен или сомнителен.
Не се групирам, контактите ми се сведени на минимум, и тоа е тоа што јас можам да направам.
Не ми се свиѓа што не се преземат построги мерки од власта, поефикасно би било просторно ограничување, а не временско. Со 20 случати ставаа карантини, сега абер се нема, а сиротиот ни наш здравствен систем ни е пред колабс.
Ќе нема ни место, а ни доктори за да не лечат.

Шта је бре мишеви, шта сте се усрали?
Каква црна и ебана цитокинска бура, тоа го правел Х1Н1 кога главна ризична група биле млади и здрави мажи 15-40 години при што нивниот имун систем реагирал кобно. Кај овој вирус главна ризична група се луѓе со една и пол нога во гроб, дакле лица со ужасно компромитиран имун систем. Здрав млад човек има статистички околу нула шанси да се упокои од овој ТВ-вирус.

Да, ќе рече дека се упокојуваат со коморбидитети, како што се случува секоја ебана година кога грипот коси лица со сјебан имун систем. Туку ајде ќе ја завиткаме паранојата во медицински термини, демек тромбови се јавуваат само со курац-19

Што тоа значи построги мерки? Отварање логори? Полициски час кој ќе трае година дена? Стрелања на лица кои го прекршуваат?
Многу повеќе лица умираат поради тоа што не им се пружа основна медицинска помош, лица со тешки болести чиј третман е одложен или скроз укинат поради вашава посрана пандемија, ебаве фашистите. Некој ќе умре поради тоа што никој не го тркала во болница, не е приоритетен пошто цела болница е во Хазмат одела и прати рандом пациент со 37.6 температура.

Дали е точно она кое го тврдеше инфектологот др.Марковски дека 50% од ПЦР или како беа тестовите давале погрешни резултати.
Значи тестовите одат вака :
Можеш да си негативен а да имаш вирус.
Може да си позитивен а да немаш вирус.
Може да си негативен а да немаш вирус.
Може да си позитивен и да имаш вирус.

Иван Исцелител ниво на точност.
Што значи дека навелико се лаже за бројот на заболени.