Каков аргумент е тој дека имало преполни болници? Самото тоа што лекарите по ново се должни да ги задржуваат пациентите и сестри и медицинско особље со Хазмат одела па макар пациентот имал 37.3 температура, целата фашизоидна психоза и нов начин на пристап доведува до полни болници.
Минатите години ретко кога ги хоспитализираа, мене со животнозагрозувачка пнеумонија не ме хоспитализираа тогаш туку одев секој ден за терапија и инфузии.
Ништо нема да ми тропне на врата, затоа што сум, како што реков, freak so chic. Можеме да се кладиме дека можам комотно да одам во заразно и да не префатам ништо. Или каква сакаш кладба дека никоаш нема да се заразам со курац-19, ако си сигурна ќе прифатиш.
Има куп лекари, вирусолози, инфектолози, епидемиолози кои зборуваат спротивно на ова кое ти го тврдиш. И сеа кому да веруваме?
Не одговори на прашањата за "коморбидитетот" и за клиничката слика на вирусот, како медицинско лице ајде да те читнеме.
Види...овие пациенти лежат затоа што состојбата може нагло да им се влоши...па оние кои спаѓаат во ризична група ги хоспитализираат за да може навремено да се реагира ако е потребно...
Башка...да те прашам, будали ли се и докторите и сестрите и целиот персонал да го полнат онака како што велиш ти рандом одделението или пре би одбрале да дремат до 5-6 пациенти во тоа одделение?
Дека се хоспитализираат луѓе за да се створи паника?
Сериозно ова го мислиш?
Благо теби што си имаш таков имунитет...Сите не се среќници како тебе...
Да, има куп лекари, специјалисти, епидемиолози, вирусолози, микробиолози...и да, сите имаат различен став и мислење затоа што пак ќе напоменам овој вирус е нешто ново, неистражено, непроучено комплетно...и допрва се учи и проучува истиот...така да нормално е да има поделени мислења и ставови и тоа не е ништо спорно...
А во делот со коморбидитети и делот со клиничката слика...не знам што конкретно те интересира ...
Прашај ќе ти одговорам....
Еве ти конкретен пример...
Пред еден ден ни` почина пациентка од ковид ама истата беше обезна имаше дијабет, хипертензија, кардиомиопатија...
Жената ги имаше сите овие болести некои 10-15 години, со редовно земање на хронична терапија, редовни контроли си живееше ок...значи све под контрола...
Нејзините ќерки пројавија симптоми (не температура од 37,5 туку 39-40, сатурација со кислород 70-80%, отежнато дишење,константна кашлица) едната е хоспитализирана, другата се лечи дома, внуката (21 годишна) со многу тешка клиничка слика е хоспитализирана на клиника, а женава од првиот симптом е хоспитализирана и почина за една недела во болнички услови...
Направено е се` што треба, третирана симптоматски, дадден кислород, дадени антибиотици зашто разви тешка бронхопнеумонија, дадена антикоагулантна терапија...
И` откажаа бубрезите, лабараториските наоди беа катастрофа (укажуваа дека полека откажува и срцето) катетрот беше празен и покрај сите инфузии, и` откажуваше белодробието полека и на крајот си егзитираше...
А истата таа, никогаш не се вакцинираше за сезонски грип, одвреме навреме развиваше по некој бронхит, ама види чудо, не умре бе од тие бронхити и сезонски грипови, туку умре од корона....Ако не се заразеше јас тврдам дека жената ќе си живееше...
И сега ај ти мене кажи ми дали женава ако не се заразеше со корона ќе умреше сега или ќе живееше можда уште 5-10 години со редовната терапија за хроничните болести кои ги имаше?
Друг пример...
Пациентка која изгуби само сетило за мирис...толку... Две недели не пројави друг симптом, ни температура, ни кашлица, ништо....
Оти нејзе не ја хоспитализираа (како што велиш ти дека така безврска лежат пациентите и дека безврска се полнат одделенијата)?