Мене па баш ми е убав овој нов дизајн.
Малку ја скрши монотоноста на форумот, добро би било кога би било достапно и во темна верзија но па и вака не е лошо.
За да се привлечат нови членови и за да се задржат старите потребно е да се направи некоја промена, па и да не е својствена за форумот, а привлечна за луѓето.
Еве размислете малку facebook како социјална мрежа пред да го воведе чатот не беше ништо повеќе од другите социјални мрежи што тогаш се користеа, со воведување на чатот како и понатамошно подобрување на веб страната, се искачи на многу висока позиција.
Да не ме разберете погрешно, не ми е зборот да воведете чат туку да размислите малку што би можело да биде тоа што би било привлечно за луѓето, а да може да се вметне во форумот.
Ако ете не можете да дојдете до некоја идеја, направете една анкета и пуштете ја по социјалните мрежи па самите луѓе ќе кажат што е тоа што би ги привлекло и што е тоа што би ги задржало кај форумите.