За мене најважен е пристапот на заболекарот. Ако тој има одличен пристап, знае да воспостави добар однос со тебе тогаш и болката нема да ти биде толкав проблем и со тек на време, стравот ќе се намали, а можеби и ќе исчезне целосно. Ако е некој намуртен, па дури и да му смета што си потресен/преплашен, тогаш и болката како да е поголема. Многу ме нервираат заболекари што осудуваат и се као: "Ајдееее, што си правел/а", "Лелееее, ова вака, ова онака". Значи, добро, прерипни го тој дел и види што можеш да направиш. Тоа е што е, нема потреба од осуда. Или пак се намрштуваат ако подвикнеш, превртуваат очи, те гледаат ко да си луд. Реално, повеќето луѓе кога ќе седнат на стоматолошко "столче" се претвораат во мали деца, што би се рекло. Мора да се има малку понежен пристап, мора. Не велам дека треба да се третираат возрасни луѓе како деца, но сепак, да се има малку повеќе разбирање и трпение.