Hey diary,I'm fine.
Немам многу за пишување,иако се случи толку многу во последно време.
Од сето тоа најважното е дека заборавив да живеам фокусирајќи се на некои професионални успеси.
Чувствувам како тоа работата ми ја исцица комплетната енергија.
Заборавив да живеам само функционирам.
Толку сум строга со себе,толку сум дисциплинирана како никогаш до сега.
Моите амбиции ги користи мојот шеф да си ги зголемува милионитe.
А јас си го упропастувам животот.
Ете тоа е моментално.
На работа бука,акција, фрка, стрес дома кога ќе падне ноќта прашање до прашање.До кога вака?
Незадоволно се гледам во лицево.Не сум среќна(имам чувство дека само сјајот во очиве и еуфоријата ми кажуваат дали сум среќна или не)
Знам дека самите сме одговорни за сопствената среќа,ама и не е така едноставно се да се фрли во вода.
Има едно дете кое треба финансиски да биде обезбедено,имам еден стан кој го обожавам што треба да се плаќа итн.
Одсекогаш бев некој кој ги следи сопствените соништа и го остварува она што го сака.Но сега..
не знам што сакам.
Прашањево си го поставив едно тримилион пати.
Што сакам?
И немам одговор.
Спонтано ми доаѓа:Да пишувам.
Ама да се разголам пред светот со своите поеми...ми фали храброст за тоa.
И тогаш почнувам да си визуализирам..
Јас потпишувам сопствени книги..yeaaaah.
Озбилна сум.
Не знам каде понатака, без цел се чувствувам изгубена без енергија.
Дали среќата е моја лична цел?
А чија не е..