Личен дневник

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Извини..
Затоа што те сакав премногу..
Затоа што уште од сега ми недостасуваш..
Затоа што сакав да те гледам секој ден..
Затоа што мислев на тебе пред да заспијам..
Затоа што сакав да бидам во твоја близина..
Затоа што сакав да те направам среќен, а не успеав..
Затоа што сакав да бидеш дел од мојот живот..
Затоа што се трудев да те насмеам..
Затоа што сонував за тебе секој ден..
Извини затоа што бев лута, тажна, понекогаш љубоморна..
Извини затоа што бев обична играчка..
Извини затоа што мислев дека ме сакаш..
Што те замарав со моите пораки и повици..
Затоа што се грижев за тебе..
Јас само..
Се извинувам за секоја грешка што ја направив..
Збогум.
 

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Дневниче...
Два дена тотално без интернет и те како прави разлика.
Се чуствував како независен при движењето.
Промената во сите работи е слатка.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Дневниче.. Долго време не сум те посетила.
Ај да ти се пофалам, добив понуда за работа во еден мини маркет.. Девојчето си нашло работа по струката па ме предложила мене, ја младо до 29 год државава за мене ќе плаќа осигурање и на имењачката и текнало на мене, колку очајнички седам таму кај што сум в затвор затворена, во карантин.. Не можам на шефовите да се пожалам грев на душа ќе пишам ама самата јас се демотивирам кога знам дека морам да сум и по 3-4 часа отсутна од работа а немам начин да ги надокнадам истите.. Ќе ја честам кафе дневниче нели би било фер и пица ќе направам и ќе ја викнам, бевме доста блиски некад давно. . Газдите добро ги познавам и она сама ми кажа мн фер луѓе се..
А знаеш што е најдобро?! Ќе можам да ја мењам смената со колешката и пак во денот да работам 8h. . Кога ќе ми биде се средено кога ќе имам слободно време ќе можам и да си учам.. + тоа се движи младина, а и нема веќе да сум 24/7 со мама .
Јех бре дневниче бреј.. :igra:igra(muscle)
 

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Ох боже, која случајност...
Баш пред некој ден во друштво се правеше муабет за малите стопала на жената и како тие во Источната култура се рачунале за секси особина на жената-особено во Јапан.
И сеа некој му текна да отвори тема за фут-фетиш.
Која случајност.:D
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Средив сѐ.. Се изборив прво сама со себе потоа со ситуацијата.
Со тешко срце дадов отказ, тешко ми е, тие луѓе направија многу за мене ама немам друго решение. Морам да мислам на иднината, морам да го завршам факултетот на време а другава работа ми нуди таква можност..
Тоа е тоа дневниче, се надевам ќе бидам подобра. Покорисна, помотивирана...
ооох(:|
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Hey diary,I'm fine.
Немам многу за пишување,иако се случи толку многу во последно време.
Од сето тоа најважното е дека заборавив да живеам фокусирајќи се на некои професионални успеси.
Чувствувам како тоа работата ми ја исцица комплетната енергија.
Заборавив да живеам само функционирам.
Толку сум строга со себе,толку сум дисциплинирана како никогаш до сега.
Моите амбиции ги користи мојот шеф да си ги зголемува милионитe.
А јас си го упропастувам животот.
Ете тоа е моментално.
На работа бука,акција, фрка, стрес дома кога ќе падне ноќта прашање до прашање.До кога вака?
Незадоволно се гледам во лицево.Не сум среќна(имам чувство дека само сјајот во очиве и еуфоријата ми кажуваат дали сум среќна или не)
Знам дека самите сме одговорни за сопствената среќа,ама и не е така едноставно се да се фрли во вода.
Има едно дете кое треба финансиски да биде обезбедено,имам еден стан кој го обожавам што треба да се плаќа итн.
Одсекогаш бев некој кој ги следи сопствените соништа и го остварува она што го сака.Но сега..
не знам што сакам.
Прашањево си го поставив едно тримилион пати.
Што сакам?
И немам одговор.
Спонтано ми доаѓа:Да пишувам.
Ама да се разголам пред светот со своите поеми...ми фали храброст за тоa.
И тогаш почнувам да си визуализирам..
Јас потпишувам сопствени книги..yeaaaah.
Озбилна сум.
Не знам каде понатака, без цел се чувствувам изгубена без енергија.
Дали среќата е моја лична цел?
А чија не е..
 
Последна промена:

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Нервозата можам да си ја смирам само со трчање. Истрчај се убаво, дојди си дома, врел туш, касни си, легни си. Милини. Покрај тоа, си запознав и една симпатична цура. Дали флертуваше со мене? Мислам дека да. Дали јас флертував со неа? Не знам, ама со оглед на тоа шо сменивме број и као ќе ме барала за кафе, изгледа и јас се фрлив во игра. Ми беше доста пријатно со неа, кога почнуваш да се гушиш и ти треба простор, запознаваш нова личност која е толку позитивна и има смисла за хумор слична на твојата и не можевме да престаниме а да не се кикотиме :D Луѓето шо поминуваа покрај нас сигурно мислеа дека сме луди. Толку смеење не е на арно. Во тие мигови заборавив на се, на сите проблеми, на се што не сакам да мислам.
Убав ден беше дневниче. Ми требаше ова тоооолку многу. Искрено се надевам дека ќе си го одржи зборот и ќе ми врти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Која е величенственоста во тоа да ти отсечат дел од кожата и да те остават да искрвариш?
Која е романтичноста во тоа да те претворат во мртовец, а да те присилат да живееш?
Дали чувствата болат помалку ако останат неизговорени?
Градите ми се празни, не е воздух ова кое го вдишувам, ами пепел..
Каде одиме после смртта?
Каде одиме после љубовта?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Priroden

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Пак истата тежина, пак онаа истата грутка стара неколку седмици ми застанува во грло.
Повторно истите прашања, повторно истите мисли..
Се повторно се враќа.
Само едно е различно.
Болката.
Уште поголема е.
До кога вака?
 
Последна промена:

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Само неколку навудум обични и безопасни навики можат да те фрлат во бездна и обратно. Мене дневниче деновиве ми се случува обратното, ми се случува најубавото, го доживувам врвот на постоењето, ја чувствувам смислата на тоа да се биде човек и да се биде жив, да се биде...
Шести ден како се тече според природниот циклус. Будењето сега е едно величествено доживување, посебно е, лесно е и чисто, радост е и среќа...
Дете сум! Среќно дете :)