Личен дневник

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Колку чуден народ сме дневниче.
Вчера враќајќи се брат ми од работа му пукнало капилар во носот и така целиот во крв поминувајќи од кај кејот на вардар каде што секогаш има народ никој воопшто не ни отишол до него да го праша дали му треба помош или барем палома со исклучок на еден бездомник кој дури и се понудил да му купи паломи. Додека денес дневниче враќајќи се од средно водно пешки, сама во буквална смисла сама односно немаше никој друг освен мене по студов да се симнува пешки, еден дечко застана со колата ме почека да стигнам до него и ме праша односно се понуди да ме префрли до долу. Интересно нели? Од помош до помош има разлика. :)
Иако не верувам дека имал некои задни намери, а можеби и имал не знам, не беше ни скопјанец бар по регистрацијата би сакала од срце да му се заблагодарам за понудената помош. Бидејќи баш ме изненади стварно ме изненади. Искрено не очекував дека било кој би застанал и би се понудил да префрли сосема непозната личност. Но и покрај тоа и покрај студот и покрај тоа што не си земав јакна и смрзнав не можев да му ја прифатам помошта сепак беше странец за мене. :)
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Дневнику еве ме мене навака пак ама овојпат за промена среќна ти идам. Знам, чудно ти е нели, и мене ми е оти јас не верував дека некогаш толку среќна можам да бидам, уствари не верував воопшто во среќата. А сега ми се случува често солзи радосници да ми течат, неверојатно е, убаво е, поубаво не паметам да било, само нека потрае.И се поради една светлина дневнику, таа една успеа да промени се.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Сеа би требало да ти пишам неш за последен пат овде а?
Охх ќе треба до сабајле да пишувам ако почнам ама нема многу..
Ете дневниче јас ќе те напуштам.. Нема веќе да полнам страници да пишам реферати.. Ќе свртам нов лист дневниче и ќе пишувам пак.. сма ќе пишувам со пенкало, на лист од хартија.. нема веќе тастатура..
дневниче... фала ти за сите глупости кои ги претрпи од мене..
не ти се жалам веќе... мрш
: D <3
 

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Дневник, сегашност, реалност...печат на времето,
А, некои од нас не беа спремни за ваквите времиња.
Ке бидеме запомнети во историјата како осакатената генерација...без разлика на местото, од оваа или другата страна на барата, секогаш ке ни фали нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Дајари(а),
Те запоставувам, ама реалноста е многу поубава. Ваму не е црно-бело.
Хавуз, еј!
Последниве 2-3 години, животот толку ми беше во застој, што не знам дали сум спремна за промениве. А, позитивни се гледаат, мајке ми.
Всушност, и не знам колку се нови пошто во нив се враќаат стари ликови. Прастари. Збориме за оние што ги знам уште од времето кога сме лазеле заедно. Сега пак лазиме... по ѕидове, подове, умивалнике... :zelen
Малку е чудно пошто се однесуваат сериозно и веќе не им е смешно она на кое сме паѓале ко помали, ама затоа со А. надокнадуваме за нив.
Секшуал ињуендос се секогаш смешни. Фикс идеи се смешни. Фарт џоукс се некогаш смешни. Сарказам не е само за кога си навреден.
Не мислам дека некогаш ќе пораснам. Не ни сакам.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Не потера ни месец ете ме мене пак.. Пак ти дојдов..
Од една страна на животот послатка, поснажна, подобра..
А од друга погорка, поранлива..
Се мразам и себе и него и неа и..
Нема да почнувам пак.. само..
Благодарам Боже што утрово се разбудив ЗДРАВА И ЖИВА и што ми даде уште еден ден полн со искушенија.. И на крај колку и да сум најдлабоко болна..
Фала ти што ми даваш снага да заспијам и пречекам уште еден ден...
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Скитам наоколу со излитени мисли и зачадени сеќавања.
Во илјадниците изгубени души не се препознавам себе си..
Како да сум туѓинец во сопственото тело.
Ме знаете ли? - врискам без глас.
И сите тие непрепознатливи лица ми изгледаат поблиски отколку самата јас..
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Јас не знам како е да се чувствуваш поинаку освен да си напнат.
Јас не знам како да го доживувам искуството без да чувствувам и да размислувам премногу.
Јас не знам како е да седиш, да ги пуштиш мислите и да го живееш мигот.
Јас секогаш барам, секогаш се прашувам, се борам да ја најдам смислата на нештата.
Јас сум длабоко опседната..И ако не сум сфатена, конечно се помирувам со тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, malo and Priroden

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
бато сакам кај тебе.. ми фалиш.. бато и после сето што се случи нема напредок..
само тага, болка, неправда..
мразам што морам да живеам во немир..
или земи ме или дај ми сила да се изборам со се и со секој.. ме тешеше на земја, сега давај сила од на небо! :place
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
На крајот од денот остануваме сами, всушност цел живот сами се бориме.
Секој може без секого.
Никогаш не победуваат паметните.
Победуваат оние кои не се каат, одма забораваат и никогаш ништо не ги боли.