Личен дневник

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Многу сакам да имам потполна среќа.. Да не тагувам, да сме сите да број, да се радувам..
Дневниче.. Тагувам! Јас... Полека тивко си умирам.
Колку многу треба да се направи за да се добие грам среќа?
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Драго дневниче овие моиве ќе ме натераат да се доведам до состојба да завршам во болница, е тоа ќе ме натераат да го направам, па можеби ќе сфатат дека и јас сум човек.
Во продолжение нема да ти се обраќам тебе, а на неа, колку и да чувам во себе не можам веќе.

Не пружи така комшиите ќе не озборуваат, не дипли така алиштата се гужваат комшиите ќе не озборуваат, не ги загорувај манџите комшиите ќе не озборуваат, чисти дома за комшиите да не не озборуваат... до кога мамо до кога ќе живееме за мислењата на комшиите?
Знам дека ти е тешко што не можеш се да си водиш под конец, знам и дека ти е тешко што си болна но те молам немој да ми создаваш ваков притисок. Мислиш по цел ден јас ништо не работам, ништо не правам, а само си седам на интернет и ич гајле немам. А дали си се запрашала кој готви секој ден, кој ти служи храна секој ден, кој се справува со сите твои каприци секој ден затоа што ти не си свесна колку си неодлучна и колку само работи бараш а пола од нив можеш и си способна сама да си ги правиш.
Кога стануваш навечер што мислиш кој се буди секогаш и внимава на тебе да не паднеш? Ако не си знаела мамо јас се уште не можам да поверувам дека можеш нормално да одиш и без прстите, се плашам страв ми е да не се повредиш а ти што правиш, ме обвинуваш зашто бавно работам. Епа се изморив мамо премногу се изморив од твојот притисок. Мислиш јас не сакам да работам побрзо, не сакам да ми биде секогаш чисто? Сакам мамо но не е возможно тоа кога паралелно се грижам за тебе и морам да одам на факултет. Не си ми воопшто товар иако секогаш ми го нагласуваш тоа сакам само да ме разбереш ништо друго, а јас малку по малку се ќе си доведам во ред. Но не зашто да ме разбереш кога полесно ти е да ме обвиниш, да ми ставиш страв до коска, да ме натераш да се каам за секој збор што го кажувам. Воопшто не размислуваш мамо воопшто, камо мене да ми се случеше сето тоа место тебе.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Уморна сум.Навистина уморна.
Уморна од се’...Уморна од сите...
Ми треба мир.
Ми треба мое време..барем малку..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and ●Untouchable°

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Здраво дневнику
Ке ти раскажам на кратко
- пред неколку месеци посакав да си го променам животот, односно, да се променам себе си и успевам во тоа
- немам повеке несоници
- не сум била депресивна од последниот пат кога бев тука
- позитивните мисли навистина ми ја променија реалноста во позитивна насока
- неколку долго посакувани желби почнаа да се остваруваат
- среќна сум
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina, Lena and escape

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ubavo rekle-da mi e ovoj um a tie godini...Ne mozam da veruvam kolku lugjeto go primetuvaat mojot razlicen fizikus i transformacija. Se cudam kako reagiraat . Ubavo mi e. Posle dolgi umstveni gimnastiki na red se i naporni fizicki vezbi. Se poveke se nasmevnuvam bez konkretna pricina. Sakam da go cuvstvuvam sonceviot zrak na liceto i vetarot vo kosite. Sakam gorko crno kafe ispieno vo tishina i samotija.
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Дневниче,еве ме пак стасав при тебе.
Колку солзи на родители се изнгледав неделава,колку срца и куќи останаа празни.Празни како иднината во државава.Дедо ми и баба ми куче посвоија макар колку и да не сакаа животни по дома,ама,со кого да ја потполнат самотијата што им ја остави сопствената земја?Кому да се исплачат,кому да кажат колку боли вака?
Одејќи назад кон дома врвам пред школово мое основно,за време на големиот одмор...не знам,само сакам да прашам кај се децата?Кај се дупките во земја за џамлии?Кај е спортот?Кај е чаршијата?Кај е галамата?Кај е гужвата?Кај е половина моја (и на многу други) фамилија?
Се сетив,во неповрат.А уште полошо кога ќе се сетам дека и јас чекорам натаму.Морам да признаам дека се грозам и дека ова е само кошмар.Дека за 7-8 години и мајка ми и татко ми со побелени коси ќе си посвојат кученце или маче и ќе седат на скалине шо водат до празниот спрат горе,кај шо требало некогаш да има фамилија,да трчаат деца...
Денов ваков облачен,тмурен,злобен,досаден,кобен...ме натера да си ќутам во собава и цела таа стихија од гнев и скршени срца докршени со прашањето ЗОШТО,решив да ги свиткам во неколку реда и да прашам и јас.Зошто?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Lady* and Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Passed down to you...
Much has happened овие 2 месеци од новава година...
Од моето целосно оттуѓување од друштвата, до проблемите што ми се накалемија пост-испитум-фестум. Сам сум си виновен. Буквално за се`. Иам една порака онака на минатиот „јас“ да си испратам, а тоа е - „не го прави оноа што не си кадар да го соџвакаш“. Повторно за погрешни клучни избори. Па макар и милион шанси да ми се дадат да го исправам нештото, сепак напорот е неиздржлив.
Искрено им симнувам капа на луѓе кои ја имаат моќта да изучуваат предмети кои изискуваат голем фонд на филозофирање. Мојот ум е многу поедноставен - straight to the point. Навистина многу лош почеток на годината. По неколкукратниот помор на одредени светски легенди, како и блиски личности, некако многу песимистички го перцепирам светов. Од игнорантноста на масите иако одамна веќе не сум изненаден, сега по малку ме фаќа страв колку многу лесно можат да бидат изманипулирани со само една иницијална каписла. Несигурноста како и по малку и враќањето на природната состојба на човештвото (според Хобс), ми долева еден вид на мизантропија против која секогаш сум бил поборник, но сега некако ми е многу блиска. Лимбо ситуација, прочитани книги без некое посебно уживање, испиено вино без вкус, слики без тон. Trapped inside this octavarium!
So says Saladin...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Electra and Lady*

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Се плашиме од сопствените гласови, премолчуваме толку многу работи.
Додека си ги прободуваме душите со нив ние крвариме вистини и сеуште толку сигурно кажуваме дека сме добро.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Дневниче..
Ти се мислам да ги истурам врз тебе сите убави и грди работи кои ми се случуваат.
Одамна не сум ти се искажала нели?
Се менуваат многу работи дневниче.. Тргнувам по патека која ме носи во подобра иднина.
Учам, се усовршувам.. Истражувам работи од кои можеби се плашам.. Историјата која требаше на 12 год наставникот да ни ја кажува наместо да чепка по телефоните на машките, јас сега ја учам. Се интересирам..
Браќата ги водам кон добар пат, тоа што сум го доживеала се трудам да не го доживеат ..
Сум ослабела 3 кила пак..
хах.. пак проблеми а?
секој ден проблеми..
не ја сакам мајка ми а 24/7 сум со неа.. Татко ми ја покажува страната која со години ја криел.. ме разочара
Дечко ми.. Му се радувам на најмалата ситница, на најкратката прегратка..
Останало само тоа. Велат, слушај паталец не гаталец.. Паталец мене ми го смени погледот кон животот.. Ме натера да размислам колку му штетам само на еден човек за сите што ми штетат мене.. Сфаќам колку сум неправедна, сурова.. Го губам него, заради тагата...
Тагата која ме обвива секој ден се повеќе..
Ете кој знае колку време не сум пишала на форумов.. нема ни да пишам, го баталив.. ама тебе нема да те заборавам.
Пак.. Пак ќе тропнам на твојата врата еден ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija