Личен дневник

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
Туку, втор ден денес ОСЕЌАМ дека у вторник ќе се случи нешто невероватно.
Јас да си пишам, да не испадне дека не сум документирал никаде дека сум имал претчуство. Ми мириса на нешто големо.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Astro01

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Дневниче..

Не знам дали да плачам и да тажам сеуште или да му се заблагодарам што почна да ми доаѓа на сон.. како што се ближи година во 5 дена 2 пати ми дојде на сон, двапати го видов . Не го повикав ниту еднаш, сам дојде ми се појави, за рака силно ме стегна в очи ме погледна.. 3 пати умре и преживеа и последниот пат само мене и женска му не сакаше со него да сме.. Никој да не знае дека е жив..
Охх да беше јаве. . Колку пати ќе си помислев дека фаќам конци ќе го молев Бога од негде да се појави ко во шпанските серии..
Така на сон ми беше. И нема да го викам веќе, а немам веќе и солзи за ронење дневниче..
Душава ми е откорната, остарена, осамена. Дел од мене со него замина.
Дневниче, многу ми фали. Многу, ама морам да одам понатака без братучедот што од врата невеста требеше да ме вади, мора да се живее. Морам да оставам по мене, морам..
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Сеуште ме прогонуваш, а те немам.
Кога мораш да се тргнеш од патот за некој да замине, секогаш мал дел од тебе шепотејќи ќе те праша:
Што беше тоа што го сакаше и зошто не се бориш за него?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Дневниче.. Утре..
Утре ќе ја испратам најхрабрата душа со солзи од овој дом. Утре ќе замине душата таму кај што и е местото. Ќе мора без него да продолжиме..
Камо да можев да ја пратам болкава со него ама не може, болката и спомените се негов печат кој ни ги бележа срца засекогаш..
Батуле... Збогум, почивај во мир..
Патувај.. И понекогаш наврати на сон пак.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Моментот кога треба да пуштиш, а не сакаш.
Кога знаеш дека мораш ама не можеш.
Го грабаш нештото со двете раце и го држиш,припивајќи го до себе уште поблиску.До сопственото битие.
Сакаш да се слееш со него.
Да бидеш едно.
Од страв.Да не го снема од тебе. Од твојот живот.
Така јас сега.
Така со него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Lady*

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Сакав да те видам повторно.
Барем за кратко, за да кажам збогум на мој начин.
Подоцна, сфатив дека ако беше на мој начин, никогаш немаше да кажам збогум.
Сеуште ме прогонуваш, а те немам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden and malo

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ima denovi koi sakam da pominat sto pobrzo, da gi otspijam so otvoreni oci.
Ima lugje koi gi gledam a pogledot mi odi pozadi niv zasto i pogledot im e mnogu od mene. Ima sonista od koi posakuvam da ne se razbudam. Ima oci koi moite oci gi nasolzuvaat i nasmevnuvaat vo eden mig.Ima zborovi koi se na vecnosta i na rajot pridruznici. Ima srce za koe ziveam i od moeto srce se otkina. Ima sonce sekogash posle dozdot i den po nokta.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Lady* and Pica pica

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Знам.
Ти и јас одамна не сме ние.
На чекор од тебе, а подалеку никогаш.
Дали памтиш во што се колневме?
И никогаш не вели никогаш.
Дај ми една добра причина да те дадам на некој.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Дојди ми вечерва, кога мракот ќе пробие над нас
и звездена прашина лицата ќе ни ги осветли.
Биди тука, кога си му највеќе потребен на срцево.
Нијансирај ми ги мисливе, со бојата на твојот глас.
Прегрни ме цврсто, и пополни ја секоја празнина во мене.
Допри ме со рацете и немирните прсти, да ја почувствувам растреперената страст.
Допри ме со усните со мека грубост, да ги почувствувам премолчените зборови.
Доближи го твоето срце до моето, да го пронајдат заедничкиот ритам на чукање.
Биди ми љубов, биди ми најмил.
Вдоми се во мојата душа, и секој допир ќе биде
само уште еден допир до вечноста..
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Prashina

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Животот повторно удира шлаканици, каде и да се свртиш те дочекува удар кој те онеспособува. Таман ке помислиш дека си пркнал малку и дека ке можеш некако да ги истуркаш соништата да станат реалност, те дочекува удар кој што те враќа двеста светлосни години наназад.
Прв пат во животот имам храброст и сила да признам дека ми е потребна помош. Не е прв пат да сум толку очајна за да ми треба помош.
...Немам од кого да ја побарам.
Боли кога и најблиските ке се оттуѓат од тебе.